За Кајмакот

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Ова е листа на најпопуларните страници по месеци од април 2007 до април 2010.

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни сајтови. Интересните сајтови испливуваат на површина со гласање на уредниците - уредници сте единствено ВИЕ посетителите.

Со едноставна и брза регистрација секој посетител може да поставува статии кои нему/нејзе им се интересни и да гласа за веќе пријавените. Оние статии со доволен број на гласови од сите регистрирани корисници автоматски стануваат популарни и се појавуваат на насловната страница.

Кајмакот е оригинална апликација но работи на принцип на глобално и регионално популарните digg.com, reddit.com, dvanula.com и krtica.ba, акцентот е за статии на македонски јазик и од македонски автори.


Контакт

Доколку имате било каков коментар, забелешка за Кајмакот, Ве охрабруваме да ни пратите е-пошта на kajmakot@gmail.com.

Новости за Кајмакот може да прочитате на блогот за новости.


Додаток за Фајрфокс за лесно пријавување статии | Помош

Доколку користите Фајрфокс како Ваш интернет прелистувач можете да го инсталирате овој додаток кој Ви овозможува лесно пријавување на статијата која во тој момент ја гледате директно на Кајмакот.

Кога ќе го инсталирате додатокот ќе биде овозможена кратенка на тастатурата ALT+K, ставка во Алатки(Tools) менито, Ставка во менито на десен клик и во Алатникот(Toolbar) за да можете лесно да пријавувате статии директно кога сте на страницата која сакате да ја пријавите.

Преземете и инсталирајте го додатокот за Фајрфокс(понов од 1.5) prijavinakajmakot.xpi

Ако Ви се појави пораката која вели дека Фајрфокс го спречил kajmakot.softver.org.mk да инсталира додаток (анг. To protect your computer, Firefox has prevented...), кликнете на „Edit Options“, „Allow“, „Close“ и потоа повторно кликнете на врската за да го инсталирате додатокот.


Букмарклет за лесно пријавување статии | Помош

Ако не користите Фајрфокс, за да можете да пријавувате статии на Кајмакот веднаш кога сте на статијата која сакате да ја пријавите можете да го користите овој JavaScript букмарклет кој работи на сите прелистувачи со овозможен JavaScript.

Повлечете го букмарклетот [Кајмакот] до лентата со алатки, за да креирате икона. Овој чекор се прави само првиот пат. Потоа секој пат кога ќе сакате да пријавите страница кликнете го букмарклетот и следете ги упатствата.

Повеќе за букмарклетот може да прочитате кај авторот.


Копче на Вашиот сајт | Помош

Ако сте автор на вебсајт или блогер можете да ставите копче на Вашите страници со кое ќе им овозможите на Вашите посетители да гласаат или да ги пријавуваат содржините од Вашиот сајт на Кајмакот.

Копчето прикажува колку гласови има статијата и врска до статијата на Кајмакот. Ако сакате само да поставите врска до Кајмакот за пријавување на вашата статија видете подолу.

Копчето работи и во случај статијата да е веќе пријавена и ако сеуште да не е пријавена. Ако Вашата статија е веќе пријавена на Кајмакот копчето автоматски го прикажува бројот на гласови кои таа ги има. Ако вашата статија сеуште не е пријавена со кликнување на копчето можете едноставно Вие или некој од вашите посетители да ја пријави на Кајмакот.

За да ставите копче на некоја ваша страница треба само да ја вметнете следната линија со ХТМЛ код на местото каде што сакате копчето да се појави.

<script src="http://kajmakot.softver.org.mk/media/js/kopche.js" type="text/javascript"></script>

Доколку сакате да ставите копче за статија со различна адреса од самата страница можете да го сторите тоа со следните линии.

<script type="text/javascript">
adresa='ADRESA_NA_STATIJATA';
</script>
<script src="http://kajmakot.softver.org.mk/media/js/kopche.js" type="text/javascript"></script>

Каде ADRESA_NA_STATIJATA е адресата на статијата за која сакате да ставите копче на Вашата страница. На пример:

adresa='http://www.vasiotsajt.com/vrska_do_statija.html';

Директна врска за пријавување нова статија | Помош

Можете да поставите директна врска (линк) за пријавување на нова статија на Кајмакот. Врската треба да биде на пример:

http://kajmakot.softver.org.mk/prijavi/?url=http://www.vasiotsajt.com/vrska_do_statija.html

ХТМЛ кодот кој може да го вметнете на вашата страница може да изгледа на пример:

<a href="http://kajmakot.softver.org.mk/prijavi/?url=http://www.vasiotsajt.com/vrska_do_statija.html">Пријавете ја статијава на Кајмакот</a>

За софтверот

Кајмакот е изработен во Django web framework на серверска страна. Користи Prototype javascript framework и Script.Aculo.Us за интерфејсот.

Оваа програма е слободен софтвер; Вие можете да ја разделувате и/или да ја менувате под условите на ГНУ-овата Општа јавна лиценца објавена од Фондацијата за слободен софтвер; било како Верзија 2 од ова Лиценца, или (по Ваш избор) некоја покасна верзија.

Ова програма се разделува во надеж дека ќе биде корисна, но БЕЗ БИЛО КАКВА ГАРАНЦИЈА; подеднакво ни без толкувана гаранција на КОМЕРЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ И ПРИКЛАДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА УПОТРЕБА. Видете ја ГНУ-овата Општа јавна лиценца за повеќе детали http://isengard.unet.com.mk/~georgi/ueb/datoteki/gnu_gpl_mk.html.

Може да го преземете изворниот код на апликацијата од тука.

© 2007, 2008 Васко Авукатов <vaskoav@gmail.com> и Георги Станојевски <glisha@gmail.com>