Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

За сите со Facebook профил

пријавена од zlochko пред 1 година, 2 месеци. (apps.new.facebook.com)

Помогнете ми мене и на мојата сопруга да одбереме име на нашето бебе! Ви благодарам на сите што ќе гласате. :)))

станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Забава

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Ех не е интересно вака, направи ја анкетата обврзувачка.

    Антонио во секој случај пошто Константин ќе го грешат нон-стоп дали е Костантин или Константин.

  • +2 гласови

    Не те разбирам... во кој смисол обврзувачка? :)

  • +1 глас

    Па да се вика така како што ќе каже анкетата. :)

  • +2 гласови

    :) Не би сакал да си дозволам кумот да ми се налути. А ти не знаеш колку е лош, прашај го Вордан он ќе ти каже! :)))

    Туку, за сите оние кои не сакаат да ја инсталираат апликација за гласање (фејсбук ја бара), тогаш посетете го следниот линк: http://www.new.facebook.com/profile.php?... тука директно ќе можете да гласате. Анкетата се наоѓа под мојот профил, со заболдани букви. :)

  • +1 глас

    :))
    „Кум није дугме...“, велат Србите. Мора да се слуша.
    Дај и овде стајте ги имињата, да не отворам сега акаунт на Фејсбук. Според Уставот, сите граѓани имаат право да гласаат, а ние, не-фејскбукџиите, се чувствуваме запоставено.

  • +1 глас

    Две имиња се околу кои јас и мојата сопруга не можеме да одлучиме:
    Антонио Парго и Константин Парго.

    Кое поубаво ви звучи?

  • +1 глас

    Александар Филип Хунза Парго!
    :) Се шегувам.
    .
    Што знам, Константин е поубаво, а Антонио, некако, „попрактично“.
    Кумот да каже! И после да части! :)

  • +2 гласови

    Ќе го викаат другарчињата - Тони/Кочо... Помага ова? :-)

  • +1 глас

    Не.. во тоа е и баш нашиот проблем. Сопругата се замара со тоа како ќе го викале скратено... а јас сметам дека сигурно некој прекар ќе му дадат... па и не мора да има врска со вистинското име.

  • +1 глас

    Другарите ќе го викаат Парго. Сите што ги познавам што имаат презиме различно од *ски, *ов ги викаат по презиме, како прекар му иди то

  • +1 глас

    Konstantin mu doagja popatriotsko;)

  • -1 глас

    И пишување на кирилица е патриотски, па...
    :)

  • -1 глас

    pa pisuvaj

  • +1 глас

    Антонио Парго. Звучи ко фудбалер од светска класа :) +1

  • +1 глас

    Константин
    Мој конечен одговор

  • -1 глас

    Ти благодарам... добредојде на кајмакот од име на Глиша! :))

  • +1 глас

    Брееј, штом се спомна бебе, се појавија нови членки!
    Плус ние, стандардните стрини :)

  • +1 глас

    ц ц ц Константин..од дедовско чиче нефункционално име кон антонио (итало верзијата)

    антонио , не знам кој нормален би дал име на дете , не друго секој пат кога ќе го погледнеш ќе ти текне на Антонио димитриевски па и ИВАНМИРЧЕВСКИ !?!

  • -1 глас

    Па еве.. јас сум ненормалниот со оглед дека сериозно размислувам за двете имиња.

  • +1 глас

    немој така злочко, па има мноооогу други имиња , па боље именувај го по себеси па нека биде “злочко“ јуниор ;))

  • -1 глас

    НЕ ми се верува дека женскиот пол сеуште ја прифаќа таа сулудна, мрдната, навредувачка (божем) традиција, како што е Кум и демек Кумот одбира име ????

    еве би замолила некого ако може да ме утеши со зборовите дека ова не се практикува во македонија и дека кум не бира име (од глава) или од листа која му ја давааат родителите. фала:)

  • -1 глас

    Рокси, едвај чекам да се омажиш! :)

  • +1 глас

    DSW