Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Идиотите од Точка уште еднаш ја докажаа својата неписменост и неинформираност. По Џанија Версачеа, Стивен Хокинг стана Стивен Хафкинг :)
станала популарна пред 1 година, 7 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Забава
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
ОМГ :)))
Не разбирам зошто воопшто постојат македонскиве „портали“, секој може да си отвори „портал“ и да поставува вести преземени од Digg и Reddit и преведени на македонски, и да се нарекуваат популарни. Секоја чест за исклучоците, ама 100% од „странските“ вести што ги даваат на он.нет, кајгана, точка итн. се само преведени стории од англиски. Другото е нешто слично на македонски 4chan, балкански натписи, македонски глупаштини, (јес, он.нет во тебе целам), порно клипчиња, јаки цури, фудбалски вести итн... Само ја докажуваат нивната проѕирност и неписменост (како во овој случај). Минусирајте ме ама знам дека ќе знаете дека сум во право. [/end-of-rant]
море ќе те пљусам! :D
Џанија Версачеа е очигледно припреведено од српски, босански или хрватски - името е оставено во падеж. Сличен пример - зошто не купував македонски „Марти Мистерии“
http://razvigormk.blogspot.com/2006/04/1...
Па сегде се преведени, никој не ги измислува вестите :)
Aма некој не знае ни да преведе како во случајов :)
Што да им правиш кога се образуваат само од точки, а не од зборови...