Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Менувам Томос за ваучер

пријавена од ta4ka пред 1 година, 3 месеци. (www.reklama.com.mk)

Уште еден бисер по огласите.

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Забава

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • -1 глас

    Хм... ова е повеќе реакција на оние неколку претходни статии на темава... значи вака:
    Кога државата го краде народот - е тогаш државата не чини!
    Кога државата дозволува народот по малце да ја краде - тогаш државата пак не чини.

    Де нека се најде некој да ми објасни кај е проблемот со продавање на ваучери за 13.000 или менување за друг тип на роба.
    Што се однесува до мене тој ваучер вака или онака ќе биде искористен и некој што има потреба од PC - ќе добие PC.

  • -1 глас

    се слагам. замисли. се слагам.

  • +1 глас

    Проблемот е што не дава владата 13000 денари, туку дава ваучери за да се купат компјутери. Е сега постојат фактори како што ако веќе има компјутер некој тазе купен или не му треба тогаш најверојатно сум за размени.

  • -1 глас

    Ако јас веќе купувам или разменувам владин ваучер за компјутер тогаш два заклучоци се очигледни:
    1. Тој што ми го продава ваучерот, веќе има компјутер или смета дека воопшто не му е потребен.
    2. Јас очигледно имам потреба од компјутер штом купувам ваучер ЗА КОМПЈУТЕР и немам за што друго да го искористам сем за да купам компјутер.

    Каде е тука проблемот навистина не ми е јасно...?

  • -1 глас

    Е околу она пари или ваучер. Владата ти дава 15000 (толку мислам вредеше ваучер). Ваучер и пари се едно те исто. Земала парче хартија... испечатила нешто на него и му ставила вредност од 15.000 денари. Ваучерот е обврзница, IOU или ФИАТ валута... гледај на тоа како сакаш... ама Анхоч, АМЦ, СЕТ или кој и да е - на крај ќе добие 15.000 на нивната жиро сметка.

  • +1 глас

    не е исто. владата не ги дава своите пари од џеб него моите и твоите пари.

    е сега, ние како општество може да сме се согласиле дека студентите треба да добијат компјутери па ај да им се помогне, ама тоа не значи дека некој гејмер што сака да си купи нова графичка од 200евра треба да добие ваучер.

  • +1 глас

    Еј... се согласувам. Ама замисли што ќе се случи ако случајно направат таков список со кој ќе биде опфатен само дел од апсолвентите. Па ко ќе рипне СДСМ по медиуми... па ко ќе рипнат Вордан и ЈПетров тука на кајмакот... па па па! :)))

  • +1 глас

    нека направат список на бруцоши кои имаат социјален статус кој не им дозволува компјутер, јас прв ќе донирам во фондот.

  • +3 гласови

    Или, економски гледано, Владата прави ИНФЛАЦИЈА.
    Печати финансиски банкноти без да ја праша Народна банка...

  • +1 глас

    их ова јако беше!

  • +3 гласови

    Апсолутно неточно. Тие 15.000 што ги доделува на ваучерите не се измислени пари кои владата ги креира, туку пари предвидени и за тоа издвоени од буџетот. Значи можеш да кажеш дека владата троши народни пари, но не е точно дека прави инфлација.

  • +1 глас

    Ваучерите се де факто банкноти - замена за пари. Два милиони евра вредна замена. Значи, можеш да купиш со нив нешто (томосче, на пример), без да покажеш званични пари.
    *Никој* не смее да печати банкноти без НБРМ, бидејќи таа ја контролира количината на пари во државата.

  • +3 гласови

    Кој дел од мојата порака не го разбра? Да, ваучерите се замена за валута и тоа и јас веќе еднаш го кажав. Ама тие пари не се креираат со самото креирање на ваучерите, туку веќе постојат и се предвидени во буџетот за намената за која се трошат. А тоа не е креирање на инфлација. Едноставно, тие пари веќе *постоеле*.

    Инаку по твојата логика секоја фактура што твојата компанија ја издава на било кој субјект е печатење на валута и креирање на инфлација. Ваучер, фактура, IOU.. едно те исто. Сите имаат некаква доделена монетарна вредност што треба да се покрие електронски или во кеш.
    Забуната што мислам дека ти ја правиш е што сметаш дека креираат пари, но напротив, вистината е дека тие само вадат, те. претураат од постоечкиот монетарен базен.

    Во нашата држава, постои само еден субјект кој *КРЕИРА* те. создава/измислува пари. И тоа не НБРМ, туку приватните банки.

  • +1 глас

    Ха! Парите постоеле во буџетот!
    Не биди наивен, Злочко!

    Прашај ги македонските производители кои веќе три месеци чекаат да им биде даден поврат на ДДВ-то. Знаеш зошто не добиваат? НЕМА пари во буџетот.

    Владата свесно избрала да направи популистички потег без притоа да има пари на сметка! Бидејќи ги нема, печати лажни пари. А тоа, во мојата книга, е инфлација.

  • +1 глас

    Значи уште еднаш: владата како орган не може да печати/креира пари! Таа нема апаратура за тоа.

    Дури и да си во право дека буџетот е празен, те. дека парите ги нема, тоа не значи дека ги измислисле туку да го задолжиле буџетот. А тоа значи дека или ќе треба да се чека да дојде прилив во буџетот за да се покрие долгот, или ќе треба да скратат на некои други предвидени трошоци. Ама за последен пат - тоа нема врска со инфлација. Точка.

    И уште една работа. Имаш многу извитоперена да не речам наивна слика за буџетот. Тоа не е нешто што се полни на 1ви Јануари и потоа константно се празни до 31ви Декември. Буџетот е како секоја банкарска сметка, во него те има прилив, те има одлив.

  • +1 глас

    Само што кај нас одливот е мнооогу поголем од приливот, и допрва ќе биде така.

    БТЊ, десетина години наназад (со две години прекин), учествував како експерт во годишната анализа на буџетот на Транспарентност Интернешнл. Оваа година не, додуша.

  • +1 глас

    ... иако по професија сум програмер, по образование сум економист.

  • +1 глас

    Епа седи, кец!
    :))

  • +2 гласови

    „Менувам Томос за ваучер“ - Вранишковски.

  • +1 глас

    Не знам како злочко не може да разбере. Еве едноставно - владата печати ваучери, со ваучерите на „легален“ или „нелегален“ начин се земаат компјутери. Потоа тие купони заедно со фактури пристигнуваат од ИТ фирмите во владата, и таа ги исплаќа со кеш - трансакција преку сметка. Чиј, погоди...

  • -1 глас

    Да не зборуваме дека има многу попаметни места за трошење на овие пари: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?...

  • +2 гласови

    Чиј кеш? Мој и твој и на Вордан и Гемиџи се разбира. Само тој кеш е предвиден со буџетот и изгласан во парламентот. И сиот до денар иде само за компјутери и за ништо друго... значи за тоа за што бил предвиден да оди.
    И каде е сега проблемот...?
    Сакаш да кажеш дека не се согласуваш со тоа што предвиделе пари за да помогнат на тие што сакаат да имаат во лична сопственост компјутер? Тоа ли е гревот?

  • -2 гласови

    не гледаш ти грев 200 евра наместо за социјални случаи да оди за веќе богати деца кои бараат начин богати како да купат графичка картичка од 150 еур???

  • +2 гласови

    Јас можев да си дозволам и си купив нов (поклон за сопругата) точно пред да почне акцијава... не откупив ваучер од некој апсолвент за 12000.
    Ама изгледа сум испаднал глупав во случајов? Сум требал да ја искористам ситуацијата и да откупам ваучер и моето немање на совест и осет за праведност да го префрлам врз грбот на државата! (тоа е она.. ем заговараме дека живееме во тоталитаризам, ем самите со своите изјави си го бараме)

    Каква врска има проектов со немањето на базична совест кај одредени луѓе кои тоа сакаат да го злоупотребат?? Што треба власта да направи... да даде ваучери само на одреден список на луѓе?? Можам да замислам дури тогаш што се ќе излезеше од твоето мозоче. :)))

  • +1 глас

    Значи сега во име на нерешените социјални случаи да ги откаже државата сите проекти. Навистина не ми е јасно... зошто прават улици? Коридор 8... боже пази! Плати за буџетарите... никако! Оди и плукај ги за лоша социјална политика, немам ништо против... ама не и за овој проект. Оти од теоријата - „злоупотреба на ваучери“ во немање аргумени почнуваш да ми мешаш социјални случаи.

  • +1 глас

    whatever најискрено. ако ти изгледа нормално држава да купува хардвер на граѓани наместо да гради услуги (па и е-услуги), тогаш супер - живееш во вистинската.

    Едноставно се работи за нефер прераспределба на добрата, се земаат од даночните обврзници и непотребно се трошат на работи кои не се критични, особено во моменти на криза и невработенот. Дури и да се даваа на студенти - тие многу повеќе би им користеле на оние од прва година отколку на оние кои и онака наскоро ќе работат.

  • +1 глас

    Се работи за тоа кон што попрво треба да пристапиш, кон јајцето (студентите) или кон кокошката (социјалата)... јас немам коментар по тоа прашање, оти навистина не знам кој пристап е правилниот. Веројатно вистината е некаде на пола пат.

    Сепак, моето лично мислење е дека на подолг период, барем што се однесува до темата за која муабетиме (како и за сите проекти врзани со компјутери), вкупниот резултат кога ќе се стави на кантар ќе биде многу по позитивен отколку негативен.

    Едноставно, по ова прашање не можам да бидам дефетист налик на тебе.

  • +2 гласови

    него, ја гласам државата да им даде пари на банките да си го направат тој малкуто online софтвер да работи под Linux, а не само со Active X.

  • +1 глас

    Hear hear! :)