Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи во категорија

Гласајте за штотуку објавените страници од оваа категорија и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.



Топ 10 седмицава

    сите топ листи...

    Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

    Ова е листа на статиите кои штотуку станале популарни благодарение на вашите гласови. Можете да гласате за статиите кои Ви се интересни. Се разбира гласајте и за свежите статии и помогнете да станат популарни.

    Љубчо Георгиевски за градоначалник на Скопје

    пријавена од woona популарна пред 1 година, 2 месеци. (www.forum.com.mk)

    Љубчо Георгиевски ќе се кандидира за градоначалник на град Скопје на претстојните локални избори на 22 март како кандидат на ВМРО – Народна партија. Поранешниот премиер и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, претседател во сенка на ВМРО – Народна партија се враќа на политичката сцена по пет годишнина пауза.

    23 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Виетнам: цела јавна администрација на слободен софтвер

    пријавена од razvigor популарна пред 1 година, 2 месеци. (www.metamorphosis.org.mk)

    Целата јавна администрација во Виетнам ќе изврши миграција на ИТ системите кон софтвер со отворен код. Министерството бара од дистрибутерите да продаваат компјутери со слободен софтвер и да престанат да продаваат компјутери со пиратски софтвер.

    5 коментари | проблем? | категорија: Вести

    YouTube Say Macedonia

    пријавена од Eddierebel популарна пред 1 година, 2 месеци. (i-macedonian.blogspot.com)

    YouTube Кажи Македонија е кампања на македонските YouTube членови, направена со цел промена на официјалната политиката на YouTube да не именува со Macedonia - The Former Yugoslav Republic of. YouTube Кажи Македонија

    21 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Јавни лицитации во македонските цркви

    пријавена од mitko популарна пред 1 година, 2 месеци. (www.a1.com.mk)

    Бог да чува!

    12 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Maturant kandidat za gradonacalnik

    пријавена од Tomy популарна пред 1 година, 2 месеци. (www.a1.com.mk)

    Daro Balalovski maturant od Skopje e nezvisen kandiat na lokalnite ibori 03-2009

    9 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Секој ден, во секој поглед, напредуваме сè повеќе

    пријавена од razvigor популарна пред 1 година, 2 месеци. (razvigormk.blogspot.com)

    Полека, но сигурно, на видело ќе излезат сите светски шампионски квалитети на секое од населените места во Македонија. На крај и Гинис ќе отвори подружница кај нас или своето издание ќе го преименува како „Гинисова книга на македонски рекорди“.

    5 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Порнографијата и Романија - сагата продолжува

    пријавена од razvigor популарна пред 1 година, 2 месеци. (razvigor.blog.com.mk)

    Кога политика базирана на морализирање ќе замеша прсти во интернет, последиците се чуствуваат со години понатака.

    4 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Француската влада забрани рекламирање мобилни телефони на деца

    пријавена од razvigor популарна пред 1 година, 2 месеци. (www.metamorphosis.org.mk)

    Поради зголемени стравувања дека мобилните телефони може да предизвикаат рак и други заболувања, во Франција ќе се воведат нови закони против употребата на мобилни телефони од страна на децата.

    2 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Микро-контролери на сподели знаење , сабота 17.01.2009

    пријавена од gdamjan популарна пред 1 година, 2 месеци. (spodeliznaenje.blogspot.com)

    Практично конструирање на роботски армии или можност за подобро вработување - одлучете сами. Јас сум за world domination.

    1 коментар | проблем? | категорија: Вести

    После ние сме криви што сме мочале во езерото?

    пријавена од zlochko популарна пред 1 година, 2 месеци. (www.alsat-m.tv)

    тц-тц-тц...

    4 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Владата го крши законот со преносите и репризите

    пријавена од ribaro популарна пред 1 година, 3 месеци. (www.utrinski.com.mk)

    „Ова е веќе трет случај на класична злоупотреба на собранискиот канал. Ние и претходно предупредувавме, но и власта и МРТ се оглушуваат на нашите укажувања...“ - претседател на Советот за радиодифузија, Зоран Стефановски.

    3 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Прашај го интернет уредникот на Утрински Весник

    пријавена од глиша популарна пред 1 година, 3 месеци. (www.utrinski.com.mk)

    Шанса да се праша уредникот на интернет изданието на Утрински Весник во врска со интернет изданието.

    2 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Фајнаншл Тајмс за креа(турата) на Милчо

    пријавена од jpetrov популарна пред 1 година, 3 месеци. (www.ft.com)

    ...discourage that rather bad national brand advertising that pollutes TV screens around the world. As a result, I hope ... Macedonia will go away and rethink how it really wants to sell itself to the world rather than running 30-second spots that send children running to their mothers.

    12 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Чешит манџии

    пријавена од kzograf популарна пред 1 година, 3 месеци. (utrinski.com.mk)

    „Манџии колку што сакаш, ама едвај чекам манџиите да седнат и да сработат нешто добро“.

    11 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Интернетот пред весниците

    пријавена од dasaf популарна пред 1 година, 3 месеци. (www.broker.com.mk)

    Резултати од ново истражување кои потврдуваат дека интернетот ги победува весниците

    1 коментар | проблем? | категорија: Вести

    Кампањата за кирилица како заговор на телекомуникациските компании

    пријавена од darko156 популарна пред 1 година, 3 месеци. (sead93.crnaovca.mk)

    Трите мобилни оператори во своите понуди гордо истакнуват дека преку мобилните телефони може да се пишува и на македонски јазик со кирилско писмо. A, премолчија дека СМС-пораката напишана со 160 македонски печатни букви се наплаќа како за две, а понекогаш и како за три пораки напишани на латиницa.

    4 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Црна Гора ги забрани Фејсбук и Јутјуб во државните институции

    пријавена од razvigor популарна пред 1 година, 3 месеци. (www.metamorphosis.org.mk)

    Владата на Црна Гора го ограничува пристапот до Фејсбук и Јутјуб за државните службеници во работно време.

    7 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Отворена акција за хуманост (среда, петок, сабота)

    пријавена од Acid популарна пред 1 година, 3 месеци. (forum.kajgana.com)

    Прочитајте, разгласете и партиципирајте. Донираните средства подразбираат (здрава и испрана) облека, играчки и трајна храна (со подолг рок на траење). Средствата потоа ќе бидат пренесени во Црвен Крст во Кисела Вода, од каде што ќе ги распределат по социјалните семејства.

    1 коментар | проблем? | категорија: Вести

    Скокнал во амбис поради сметка од струја!

    пријавена од zlochko популарна пред 1 година, 3 месеци. (netpress.com.mk)

    “Седевме сите на масата и вечеравме. Тато во еден момент стана, му пријде на секој од нас и го бакна. Потоа уште е еднаш не погледна и тргна накај вратата со зборовите дека ќе се убие“, рекол неговиот син Саша. А прашањето до вас е: Како ви годи капитализмот?

    39 коментари | проблем? | категорија: Вести

    Фантомска организација шири грчка пропаганда

    пријавена од Lavot популарна пред 1 година, 3 месеци. (novamakedonija.com.mk)

    Фантом шири грчко-српска пропаганда низ Скопје. Пропагандни летоци и плакати во кои се обвинува државниот врв за кражба на грчката историја и братимење со „полумилениумскиот отомански крвник Турција“ осамнаа деновиве на семафори, бандери и на ѕидови низ главниот град.

    31 коментари | проблем? | категорија: Вести