Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Ова вреди да се разгласи. Конечно ќе има вакви, откако уште пред хм... 2 години рекоа дека треба да има бидејќи трошокот за хартиените е бајаги поголем од оној за железните.
станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
@Новица, Си ја внел статијава една минута пред мене. :))
Нејсе... моето мислење е дека оваа одлука е типичен доказ за тоа колку многу денарот ја има изгубено својата вредност. Или пак ... најава за губењето на вредноста која допрво ќе следува.
Е сега... со оглед на тоа дека сме врзани вредносно со еврото, гледам две можни варијанти:
1. Вредноста на еврото паднала исто толку многу колку и на денарот
2. Се имаат договорено (конечно?) денарот да го „одлепат“ од еврото.
Како воведувањето на железни пари е девалуација?!?
Во моментов, ова е само добар начин да се заштеди на печатење на хартија, а сумите се милионски.
Не викам дека девалвација нема да има или не треба да има. Само оваа вест не е никаков доказ кон тоа.
Инфлација бе друже... кога цените ќе пораснат толку многу, а вредноста на денарот ќе опадне толку многу - што кусурот ќе ти го враќаат во метални 10тки и 50ски. :)
Врска нема ова што го збориш злочко.
Знам... затоа се смеам Новица. :)
Како и редица други работи.
ха ха ха
Се сложувам со новица.
Ова според мене значи дека еврото нема да го воведеме наредните 10-15 години (што се поврзува и со проценка за влезот на МК во ЕУ), и значи дека децата на излегување ќе ги праќаме со по 2 железни пари :)
И во секој случај ќе биде целосно непрактично плаќањето, судејќи според нашите навики.
факинг ќе треба сега да си купам новчаник инаку ќе ми се скинат џебовите од толку пари :-)
Знам дека за ова се зборуваше уште од минатата година, така што тешко дека се работи за реакција на некаква моментална девалвација.
Понатаму, мислам дека секое одовојување на денарот од сидрото (еврото), погубно ќе влијае на состојбите во нашата економија. Пред се`, се работи за *перцепција* на криза - нашите граѓани сеуште нервозно реагираат на вакви работи, бидејќи добро ги паметат хиперинфлаторните денови од минатото.
Значи, сметам дека слободната флотација на денарот - сама по себе - ќе доведе до девалвација.
Не дека економијата ни блеска и дека денарот е јак, додуша ...
ако добро памтам од предавања, пред од фиксен курс да се префрли на слободен, секогаш намерно се намалува вредност, за подобрените економски перформанси да не доведат потоа до поголема апрецијација...
ова барем во тероија.
Еве една крупна книжна пара:
http://svastara.com/razno/novcanice/srj/...
Аааа... тоа беа времиња. Црна Гора, 1993, какви ручеци се јадеа за 10 марки... Четворица да најадат :)
Убаво имаше во сите медиуми, во последните два месеца инфлацијата се намалува, а причина за инфлација беа главно надворешни фактори (најмногу поскапувањето на нафтата), меѓутоа некои луѓе едноставно сакаат во се да гледаат црно.
Колку инфлација ќе има во еврозоната, каде имаат монети од 1 EUR (61 MKD), 2 EUR (122 MKD) и 5 EUR (307 MKD)?
„Убаво имаше во сите медиуми“ со нагласок на СИТЕ и МЕДИУМИ. :)))))
Во случајот само касичката ќе ми биде најсреќна... помини - замини, оп 50 ден.. колку да не ми тропаат... :))
Во фирма имаме една конзерва од Нескафе (од поголемите, многу пиеме кафе) на чиј поклопец направивем прорез доволен за да поминат монети или свиткани банкноти.
Сега, кога некој ќе помине, а во џебот му звецкаат парички или некои десетки, ги става внатре. Кога ќе се соберат доволно пари, се частиме со пица или нешто благичко...
Штедливи луѓе, тоа програмерите.
Пицичка, пилешко прсте, нешто мрсничко, ох ох :)))
Мислам имаше и 50 дени пара, ама ја снема. така?
Што животно ќе има на задна страна на 10-ките и 50-ките?
Или можда лик на некој наш истакнат политичар...:)
:) животно, фамилија potlitucus.
Тоа се штетни животни, слободни за отстрел.
Дај бе 2 милијарди. Господ здравје да ти даде.
еве ги паричките:
http://makfax.com.mk/cgi-bin/get_img?NrI...
Све економисти овде собрани, а испадна програмерот највеќе да знае, и Новица по дифолт :)
Како може замена на пара да биде инфлација, не се доштампуваат пари, се заменува „медиумот“ од хартија во метал.
Дека денарот е малкуцка преценет, нема соменние одамна, но дека ова е доказ на инфлација е смешна приказна.