Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Владата регрутира извршители за наплаќање долгови

пријавена од zlochko пред 1 година, 3 месеци. (a1.com.mk)

„Владата нема да отстапи од намерата да ги спроведе измените на законот за извршување, со кои наместо по судски одлуки, извршителите ќе ги наплаќаат долговите по налог на нотар, порача министерот за правда Михајло Маневски.“ Нотарот ќе одлучува??!?!

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    A1, како и обично, ги вади работите од контекст. Јес` дека не го поднесувам оној белгискион педофил од министер, но ова е пракса во секоја нормална земја.

    Се работи за т.н. „платен налог со извршно решение“, каде што постоењето на долгот не е спорно и е врз основа на докажана обврска - на пример, сметка за струја, вода, па дури и испорачана фактура со потпишана приемница...

    Нашите судови се затрупани со вакви, „наплатливи“ тужби.

    Од друга страна, Маневски, како докажан психопат, сака да манипулира со судовите на многу посуптилен начин - да врши притисоци врз судиите за донесување пресуди, за апсење, доделување притвор, итн. - се` она што вашиот нормален, пријателски настроен национал-социјалист од соседството, го прави за да остане на власт.

  • +1 глас

    па... не се баш тужби. дека има разлика меѓу „тужба со платен налог“ и само „платен налог“ кој иде директно на „извршување“. во принцип не знам колку е добра идеја да се исфрли тоа од суд, бидејќи вториот модел и така не одзема многу време... но, чув дека и на нотарите им се надградува функцијата нешто како „полномошници на судот“, па можеби така некако го решаваат.

  • +1 глас

    Ок, јас како не-правник можеби ја поматив терминологијата, но суштината е таа - да се забрза наплатата на неспорните долгови.

  • +1 глас

    Со нејаднотии околу заштита на потрошувачите ова може да стане многу многу лошо. ОК е како идеја, но реализација... НЕ знам...

  • +1 глас

    Да, типично за нашиве политичари е што ништо не е е јасно.
    Ќе има интересни ситуации, да не кажам и трагични...

  • +1 глас

    Пракса во повеќе земји, и јас така знам. А за моќта на нотарот, тој веројатно нема да *одлучува*, туку само ќе *спроведува* судски извршни решенија, нели?

    Во секој случај, ова е пипава работа и треба добро да се покрие со закони, на пример околу методологијата за проценка на вредноста, кога спорниот објект (или пари) не се достапни за наплаќање. Инаку ќе се доведеме во ситуација да имаме тужби од граѓани на кои им се зема автомобил за неколку неплатени сметки или 3 рати од кредит.

    Инаку во Македонија неколку години работи една фирма која некои фирми ја користат како посредник во наплата, со таа разлика што „извршителиве“ не се користат со ништо друго освен со убедување. Се викаше Матрикс или така нешто. Сега веројатно ќе си го прошират бизнисот. ;-)

  • +1 глас

    Еве една интересна анализа... нешто како реално worst case сценарио:
    ttp://tinyurl.com/43m4q4