Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Васил Глигоров AKA „Спартак“ конечно сместен во Бардовци

пријавена од zlochko пред 1 година, 1 месец. (www.a1.com.mk)

Да не знае човек дали да плаче или да се смее. За жал за овој лик со кој имав разменето неколку приватни пораки и од кој што дочекав закана по животот немам ни трунка сочуство. Битно пријателите од Грција му дојдоа во посета.

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Хмммм...ноу комент сеа за сеа по однос на бардовци, васко енд сетера ама од каде информација дека Васил е Спартак. Или докажи или бриши. Го утепавте детено/ чичето низ блогерај па ме интересира дали имате некакви докази. Онака чисто од етички причини.

  • +1 глас

    Пред добри 2 до 3 години видов порака од него на еден од македонските форуми во која што самиот го врза алијасот со името. За жал, толку беше одамна што не можам да понудам референца до изворот. Инаку, не е ниту дете ниту чиче 1977 е роден.

    http://forum.srpskinacionalisti.com/view...

  • +2 гласови

    Злочко, ако и тој бил Спартак, тогаш е сосема друг. Јас по форуми многу не сум се мотал а и не сум баш човек кој што се заканува. Али за извинувањето ќе попиеш еден глас. :)

  • +2 гласови

    Да не си барал ти „нуклеарен атак на БЈРМ“ во последно време?
    :))

  • +3 гласови

    Затоа е у Бардовци.
    Нуклеарен напад а он исто тука. :))))))))))))

  • +1 глас

    Тебе Фемка, чички на газот да ти се испозалепат. :))))

  • +2 гласови

    Истиот што е регистриран тука и оставил коментари пред 18ч. Имаат вајрлес во Бардовци?

  • +1 глас

    Хм, да... од кога се избрзав со насловот направив и јас едно мало истражување. Можно е да се работи за две личности кои го користат или во минатото го користеле истиот алиас. Доколку е ова точно, тогаш се извинувам до едниот за ненамерно направената грешка. :( Немав намера да го дискредитирам.

  • +1 глас

    А од кога некој завршува во психијатрија затоа што верува и според него македонците не постојат нешто многу слично на нашиот поранешен татко Љубчо, Венко марковски итн?? значи можеме да заклучиме дека оној Едни македонци, Перса и Гравот имаат упат за болница бардовци?

  • -1 глас

    нзс на овој тип на луѓе е паранојата.

  • +2 гласови

    Хех, типот е навистина неарен:

    „...Изврших две испитувања, во две клиники, чрез месец дена од невропсихијатријски карактер (скапи, ебига, приватни клиники) каде е
    константирано "отсаство на ментална ретардираност, психоза или
    пореметувања во афективната динамика"...“

    А малку подолу, докажува колку е отстатна психозата кај него:
    „Денес, аз, Васил Глигоров,около 11.20-40 ч потрсих од Президент на
    една држава да изврши ... *нуклеарен атак срешту БЈРМ*.“

  • +5 гласови

    Е сега, вистинското прашање е со кој памет се потегна цел автобус Грци да дојде и да го спасува збунетиов г-дин Глигоров?
    Ај, типот си има проблеми, ќе го лечат - топло/ладно, електро, џез, фанки и други методи ...

    Ама овие Грциве? Ќе го спасувале од тортурата на македонските власти. Да не се и тие од некоја грчка клиника на еднодневен излет? Да не го виде некој Џек Николсон во автобусот?
    Вистински „Лет над кукавичјото гнездо“ - the sequel.

  • +1 глас

    lol... еднодневн излет, ааа... не си нормален :)

  • -1 глас

    баш интересен човек :)

  • +1 глас

    Не ми текнува кој е овој... да не е оној моронот што беше ѓоамити новинар и беше нешто не некоја дешавка на ДУИ за УЧК?

  • +1 глас

    To ќе да ти е Кољо Дијамантот!
    Остај го тој. Иако е физички многу поголем, наспрам овој е како безопасна. :)

  • +6 гласови

    Не го пипајте Кољо Дијамантот.
    Типот им отиде на прослава на терористите и воопшто не забележаа дека не припаѓа таму! Такви дудуци се што Кољо потполно им заличи на еден од нивните „храбри воини“, па уште и му обесија околу вратот ИД картичка!
    Сега може и тој да си побара боречка пензија. :)