Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

ВНИМАНИЕ ВНИМАНИЕ - СОРОСОИДНО СТРАДАНИЕ

пријавена од MartinStefanov пред 1 година, 1 месец. (trn.blog.com.mk)

Се известуваат граѓаните на Република Македонија дека во нашата држава се појавил нов вид на вирус кој добива заканувачки размери на епидемија!

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Под итно да се направи листа на блокирани корисници на Кајмак.от и MartinStefanov да биде на чело. Тоа да важи и за секоја негова новооткриена инкарнација.

  • +3 гласови

    зашто бе, баш се интересни. види и големи и црвени букви знаеле да употребуваат и шлемови има со перја... баш е воинствено и реторички и визуелно. како на филм :)

  • +7 гласови

    И Википедија е на сите, па постои листа на банирани корисници.

    http://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:L...
    http://en.wikipedia.org/wiki/Wikipedia:B...

  • +7 гласови

    Lavot, зашто подпаѓаш под влијание на 13 годишњаци? :)

    Кажи ми дали некој те банирал поради твоите ставови од 11 април 2007?

    Правило на куќниот ред е да нема фантомски кориснички сметки. Ако му се остави на некој да регистрира публикус1 до публикус13 кориснички имиња која е поентата на вас останатите да доаѓате и да гласате кога секој пат тој ќе ве надгласува или закопува.

    Како што некој во моментов регистрира кориснички имиња и пробува со сила да наметне својот став против сорозоитите, некој спамер од другата страна може да регистрира бранко1 до бранко13 јузери и него ќе го следи иста судбина.

  • +4 гласови

    Види Глиша, мене баш тоа ми се случува(ше).
    Во една преписка еден корисник побара линк од извор, јас го услужувам и мојот одговор доби 7-8 минуси иако немаше ништо освен линкот.
    Зошто и кој, веројатно само УДБА знае.

    Овде се создаде една таква атмосфера, во која само и само опозициските ставови можат да бидат форсирани (што не е проблематично, доколку не е само и само), а покрај тоа се форсира и предавничкото (така сами си се нарекуваат) крило кое ургира за наша капитулација во спорот со името.

    Сега дојдоа други посетители, кои не сакаат толку едноставно некој да им ги гази националните вредности, и веднаш се јавуваат типови кои бараат забрани небаре сме 1948 година, а тие се во врвот на ОЗНА.

  • +3 гласови

    Ок во право си за коментарите, ќе се потрудам денеска/утре да направам „кој гласал“ и за коментарите како што има за статиите па сами да си преценувате дали се фантомски јузери или не.

  • +1 глас

    Глиша, ако ги направиш +- гласовите видливи ќе добиеш глупа ситуација, тие што се знаат меѓу себе од култура ќе си гласаат +. Не знам искрено што е решението... Јас лично сум за слобода на говор.. Може да додадеш и автоматска карма - како на пример оној кој ќе добие пр. 20 скриени коментари во рок од пр. 3 дена оди во ќорка 7 дена. Ако му се повтори тоа пр. 4 пати ќорка 3 месеци. Ама ни тоа нема да го реши проблемот, ќе си дојде со нов мејл.

  • +1 глас

    или другачије.. +/- да не влијае на конкретниот коментар него да влегува во кармата.. па после. dunno..

    тие што имаат лоша карма, мора да се појават да ги ругаме јавно :) .. а ако не се појават *БАН* :)

    not that it would change something

  • -2 гласови

    Па таман ќе си останете неколку души да си дискутирате меѓу себе и нема никој да ве замара. Ах, тој тоталитарен дух!!!!

  • +7 гласови

    Иако плус/минус опциите за оценка на коментари можат да се злоупотребуваат, мислам дека треба да се прави разлика со анти-трол/спам мерките кои се појавија.

    Троловите/спамерите прават толкав содржински шум, што ограничувањата изгледа сами по себе се наметнаа.

    Јас на пр. минусирам коментари каде има ad hominem напади.

    Оние кои минусираат спротивни ставови треба сериозно да се запрашаат за сопствениот слободарски капацитет.

  • +1 глас

    Нема потреба од никакви ограничувања и забрани, бидејќи тоа се воглавно тоталитарни мерки. Едноставно, кажав и претходно, националните восклици се во најмала мерка исто толку легитимни колку и новиот производ на Нокиа. Секој со своите интереси во животот. А нетрпеливоста, кон оние што имаат различни погледи од своите, е знак само за немоќ и недораснатост.

  • -4 гласови

    Господа тоа нешто како за мене да разговарате или грешам?

  • +4 гласови

    Ова кајмаков баш е добра школа за демократијата според денешниот референтен систем и сите нејзини симптоми.

  • +3 гласови

    Цензура за цензурирањето. Мерките кои се превземаат околу една ајпи еден акаунт и -/+ коментари се доволни, сè друго веќе завлегува во цензура. Троловите и спамерите идат и си одат. Кајмакот останува. Да игнорираме, тоа им е лекот. Проверено!

  • +1 глас

    Се согласуваме Рибар. Мене ми е симптоматично, како оние кои денес се најгласни за наводна тоталитаризација на општеството, кога ќе се најдат во небрано, веднаш се повикуваат на тоталитарни мерки.
    Впрочем духот од Другарот Тито тука е меѓу нас, нели?