Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Трифун си го покажа...

пријавена од strumjan пред 1 година, 5 месеци. (todosiev.blog.com.mk)

и средниот прст и „почитувањето“ на законите.

станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Се „увредил“ писателот. Многу.
    И очигледно се подготвува за следната кампања на лепење плакати.

    ... што не го оправдува Трифун Костовски. Мислев дека - во целата своја префриганост и преварантство - има нерви да задржи мирна фаца ...

  • +2 гласови

    И мене ми засмета таквото однесување. Јас и онака не си го сакам баш Трифун, али за ова треба посебно внимание да се обрне. Тоа со прстот мислам дека не беше свесно... али да се свика прес каде ќе се зборува за предлог за промена на територијалната организација, у кафана и со пура и виски уз муабет - е тотално безвезе.

  • +4 гласови

    За мене е симптоматично таквото вадење на политичкиот процес од институција во кафана. Логично е обратното... револуциите почнуваат надвор од институциите... на неформални места и воспоставуваат нов политички процес во нови институции. Кај нас... политичарите од некакви... какви такви институции... го вадат политичкиот процес. Идејата за преместување на политика во кафана не е нешто случајно и зборува за состојбата на политичка култура во земјава.

  • +3 гласови

    На ти на поклон... 100 аутобуси. „Нејќу!“. Добро... еве ти 300! „Нејќу! Видете... тоа е исто како како кога одите на свадба. Си нарачувате што ви треба... а ако не кажете што ви треба, тогаш ви носат пари во плико. Владата нека не ми дава автобуси, туку пари.“

    „Во суштина, јас не велам ништо против автобусите, ниту дека се неекономични, ниту дека трошат многу гориво, ниту дека се тешки за одржување... јас само се нервирам затоа што овие од владава ми ја земаа шансата да си лапнам убава провизија од автобусите што јас сакав да ги набавам за град Скопје“.
    „ња - ња - ња!“
    :))) ...се расплакаа децата. Од кога е градоначалник само плаче и кука како мало дете. Гревчето он... ај во скут да го земеме. Патетика! :(

  • +1 глас

    zlochko, а ќе има провизија?
    кој ќе ја земе?
    Иако мислам дека од овие 300 ќе се сведе на мах. 30 автобуса.

  • +1 глас

    Не знам друже... обрати се со прашањата до Боцевски... тој како што гледам е фронтменот во расправијата со Трифун.

  • +1 глас

    Спартак ја погоди работата...

    И во двата случаи, автобусите ќе ги платеше владата, така што не станува збор за „поклон“ или не-поклон. Впрочем, тоа се наши - даночни - пари, нема што да ни поклонуваат, *обврзани* се да ги трошат на нас, граѓаните.

    Само што, ако ги набави Владата, провизиичките ќе одат во нечиј друг џеп и ќе се купи од некое друго „наше дете, што не кажеш...“

  • +1 глас

    Шо мислиш за автобусиве?
    Ај да опнеме една кладилница за бројот на купени автобуси? :))

  • +1 глас

    Страв ми е дека ќе изгубам. Досегашното искуство со процентот со кој се исполнуваат ветувањата оди во корист на твојата претпоставка.

  • +1 глас

    Ако ова со борбава со корупција беше добронамерно, Трифун требаше прв да го јаде...

  • +1 глас

    слики или не се случи!

  • +1 глас

    Видео... ама треба да ги изгледаш сите вести:
    http://www.telma.com.mk/video_vesti.aspx...

  • -1 глас

    Заднината на оваа „автобуска борба“ е друга - вмро-овците сакаат да елиминираат што повеќе можни против-кандидати за претстојните локални избори.
    Така се правело и '32-'39 во Германија...
    Наоми Волф е во право.

  • +2 гласови

    Жити све?! :))))))))))))))
    Леле Вордан немој бе вака, смешен испаѓаш! Запнале во ВМРО да го елиминираат Трифун? :))))))

    Па Трифун сам почна да си копа дупка веќе 6 месеци по стапувањето на функцијата. А вчера со пура и со виски во рацете сам се закопа во неа.
    :))

  • +2 гласови

    Очигледно не ја познаваш „динамиката“ на локалните и нивната разлика од парламентарните избори. Воопшто не е исто, изборните единици се многу потесни и можат да се случат изненадувања.
    Се сложувам дека Костовски е „пропала ствар“, но тоа е мое и твое мислење. Неговите пари и моќ за медиумска промоција не се за потценување, а вмро-нпк не сака да остави ништо на случај.