Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Толеранција нула за пушачите, ако, скапете.

пријавена од Арангел пред 2 години, 3 месеци. (dnevnik.com.mk)

Пушењето треба целосно да се забрани на сите јавни места по примерот на земјите-членки на ЕУ, предлага Министерството за здравство. Негова работна група ваквиот предлог ќе го достави до Владата до крајот на неделава.

станала популарна пред 2 години, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Фашизам.

    Инаку не сум пушач.

  • +1 глас

    Ха! Колку пати си бил во друштво кога имало само еден пушач, и не му сметало да пуши и да ги труе сите останати?

  • +5 гласови

    Ај не вози кола да не ме труеш! Или ај не троши струја пошто тоа гори јаглен а со тоа ја загадува околината? Или не јади кравјо месо зошто тоа ги зголемувало многу емисиите на јаглероден диоксид.

    Мене ми смета хипокризијата, не цигарите.

  • +3 гласови

    Ова шо го викаш се глупости. Знаеш зошто? Заради тоа што малите чекори носат промена. Мора од некаде да се почне, не можи да се забранат автомобилите пошто никој не умрел од загадувањето на автомобилите :/

  • +2 гласови

    Не. Големите чекори носат промени. Со малите ништо не правиш.

  • +2 гласови

    Никој не умрел од загадувањето од автомобилите ... освен планетата што ни е на смртна постела ... се слагам со minimog ...хипокризија!

  • +1 глас

    Ама умираат од сообраќајки. И тоа во голем број.

  • +1 глас

    minimoog, јас сум од тие луѓе кои рециклираат, кои не фрлаат ѓубре на секаде, кои се environmentally aware. Така да, критиката не ти е на место. А тоа дека ми смета МНОГУ кога некој пуши во моја близина, е вистина.

  • +1 глас

    Не се работи за екологија. Има многуууу работи кои се поштетни од цигарите (и за пушачот и за секундарниот пушач) но не се забрануваат толку строго. Јас сум против пушењето но строга забрана не е решение. Ако сакаат луѓето да пушат, ќе пушат, сеедно закони, сеедно санкции, сеедно инспекции.

  • +1 глас

    Ова кај нас со цигарите е претерано, сите пушат секаде без никаков обзир. Имам здравствени проблеми можеби и многу ми смета димот од ѕигари, и што правиме сега, кога сите пушачи ги боли за тоа што јас после ќе се гушам вечерта дома?

    Предлог законот си е на место, конечно нешто паметно се прави во државава.

  • -1 глас

    Е па и јас кога ќе дојдам во Скопје ме болат белите дробови. И сега Скопје да го забраниме?

  • +2 гласови

    Од кај знаеш, како тргнало, може ќе им забранат на оние со здравствени проблеми да излегуваат од дома за да го намалат ризикот од ширење на болести :) па макар и непреносливи :D

  • +1 глас

    s/ѕигари/цигари

  • +1 глас

    Мене ми е многу смешно кога се донесуваат закони кои не можат да се спроведуваат. Тоа е лошо за имиџот на оние кои ги донесуваат и за оние кои треба да ги спроведуваат.
    Во земјава постои огромен процент на пушачи и најчесто се тие поголемиот број на луѓе кои се наоѓаат во една кафана или ресторан или кафиќ. Се докажа тоа еднаш, откако ги поделија просторите на пушачки и непушачки обично овие вторите се празни.
    Јас сум била и пушач и непушач. И пушач кој мрчел на пушачи кој претходно бил непушач кој откажал пушење. Сега сум непушач и повремен пушач, така да ги разбирам двете страни.
    И мислам дека ова не е начин да се промени нешто. Туку типична дискриминација и смешно морализирање. Многу е фејк.

  • +5 гласови

    а најинтересно е што линкот горе не води на право место:

    МВР ги крие полицајците-тепачи

    Полицаецот е избркан од работното место во обезбедувањето на премиерот Никола Груевски, тврди портпаролот на Владата.

    нешто е сјебано со Дневник.

  • +1 глас

    Кај дневник е проблемот што сајто им работи на идиотскиот webbuilder, а у Nextsense уште немаат појма што значи зборот пермалинк, а верувам уште помалку зборот URI.

    Тоа е кога аматери работат насекаде, после ќе се чешаме каде е архивата на Дневник.

    А побарајте, Time, Newsweek или New York Times ги имаат во електронска верзија изданијата од 1800 и некоја, овие не можат од 2007 да ги зачуваат.

  • -1 глас

    Добро бре, до толку неможете вие пушачите да се контролирате и да не пушите во забранети зони и на јавни места? факт е дека пушењето, чадот и сличните емисии де штетни и има луѓе на кои им пречи. Ако не сте спремни да се контролирате седете дома!
    И на крај и да не е штетно, тука во голема мера се гледа културата на луѓето.

  • +2 гласови

    Во голема мера културата на луѓето се гледа и со односот спрема другите, спрема начинот на обраќање на пример ;)

  • +1 глас

    :D во ред, тогаш во голема мера се извинувам.