Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Страшно...

пријавена од sinbos пред 1 година, 9 месеци. (a1.com.mk)

Нема коментар....

станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +3 гласови

    Криминалот со топилницата и останатата индустрија во Велес може да се спореди само со безобѕирните сталинистички потези во Сибир, Украина и останатите советски републики.
    Бидејќи нема јунак да ги уапси и осуди одговорните, можеме само да се надеваме дека судбината ќе им биде иста како и на нивните жртви - да се мачат и да умрат со страшна смрт.

  • +3 гласови

    Јас сум дете на топилницата, роден пар години по нејзиниот старт. Немам зборови за игноратнскиот однос на властите за овој проблем и толкувањата на министерстото за „животна средина“ кои убедуваат дека „сега ќе било во ред“. Велес е продаден за пар милиони евра, колку што чини резиденција на Водно.

  • +3 гласови

    Навистина страшно. Динамит за Топилница.

  • +2 гласови

    A што беше ова пред некое време што сакаа да ја продаваат и да ја рестартираат? Дај да се собереме на клоци тоа обезбедувањето и нека гори, па да ги видам нова да градат после.

  • +3 гласови

    Ја продадоа за 2.5 милиони евра. Сега пред 2 недели. Велешани се крајно револтирани. Следен чекор е референдум од институционалниот пат, и народна буна од оној поефикасниот. По Вевчани и Струга ќе има нова причина за инсталирање на специјалци.

  • +3 гласови

    Филмот online.
    Веднага!!

  • +3 гласови

    На времето во основно кога учевме за индустријата на Македонија и сл., професорот ни раскажуваше како порано имало некој спор помеѓу Кочани и Велес, за тоа КАДЕ да била топилницата.
    Мислам дека сум многу lucky што Кочани изгубило.
    Искрено, жал ми е за Велешани. :(

  • +2 гласови

    За поголемиот дел од ваквите дебилни индустриски капацитети имало спорови во минатото. Колку јас знам Федералните власти во Југославија сметале дека железарата во Скопје е неисплатливо да се прави, но нашите локални експерти сметале дека е неопходно да републиката да добие своја сопствена фабрика за железо. Каква е таа република без своја железара, нели? Слично и со рафинеријата...

    И всушност, некаде во 2000 г. кога уште бев на факултет, на Економски имаше професори кои ги бранеа ваквите одлуки и тоа со истата таа аргументација: дека секоја држава треба да си има свои индустриски капацитети од типот на железара, рафинерија и сл. макар тие биле нерентабилни, бидејќи, не дај боже нешто ако се случело, ќе сме имале свои работи, а не да зависиме од странство.

  • +2 гласови

    Ова веројатно до некаде важи и за РЕК Битола, со оглед на јагленот со низок квалитет кој го има таму, и веројатно уште пар други - сега не ми текнуваат имињата.

    (Ограничувањето за знаци во коментар е 900. :-))

  • +1 глас

    Новица, сепак, сепак, и покрај сите катастрофи од типот на Велешка топилница, се покажа како добро тоа што имаме своја рафинерија (и покрај моронски криминалниот договор со грчиштата), РЕК Битола ни е единствен енергетски извор со посериозен капацитет, а Железарницата, каква-таква, ни носи огромен процент од извозните пари (јагнињата, патлиџаните и лубениците се само ситниш, колку за салата).
    Инаку, навистина ќе зависевме од странство, а какви ни се комшииве, живи ќе не изедеа досега. Нерентабилни ни се капацитетите, но замисли кои се` уцени ќе ги имавме од сите страни, како просјаци ќе питавме за киловат струја наоколу (ако не почнеме и тоа наскоро).

  • +3 гласови

    И, оф топик, али ајде пишувајте барем по нешто за врската што ја пријавувате. Мислам „Страшно“ и „Немам коментар“ не ми кажува да кликнам на веста, нити да гласам...