Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Состојбата со заушките панична, се бара помош од СЗО

пријавена од новица пред 1 година, 2 месеци. (www.a1.com.mk)

Се бара причината за епидемијата, бидејќи заушките се шират и кај тие што се вакцинирани. Помош побара од Светската здравствена организација. ...ми се виде важно ова...

станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Исто така, на А1 ставаат фотки од википедија: http://en.wikipedia.org/wiki/Mumps

  • +6 гласови

    Се прашувам, дали оваа вест ќе добие зголемено внимание на кајмаков, ако се додаде информацијата дека во годините кога на власт била влада на ВМРО-ДПМНЕ имало повеќе случаи на заушки отколку во годините кога владата била на СДСМ?

    http://www.who.int/immunization_monitori...

    ;-)

  • +1 глас

    :))) Види стварно!
    Овој вирусов е сигурно некој откопан, антички, имун на денешниве лекови.

    Се бара еќим да најде иљач!

  • +1 глас

    Хехе!
    .
    Шега на страна, веќе помислувам да не го пуштам син ми на школо.

  • +2 гласови

    Што ќе рече - имам огромна доверба во нашите здравствени установи! :)

  • +2 гласови

    Колку се разбирам јас во заушки, подобро да ги прележи мало дете него голем човек

  • +2 гласови

    Јас имам прележано. Не би препорачал на никој. Постои можност за компликации, поврзани со срцето, менингитис, стерилитет кај машките.

    Едни од кривите се и самите родители. На разни блогови и низ муабети се шири заговорот на фармацевтските компании - дека наводно МПР вакцината создавала зголемен број на аутисти и зголемен број на ментална ретардација. Одговорно тврдам дека многу родители имаат фаќано врски за нивните деца да бидат прескокнати.

    Плус оваа вакцина е многу јака, и вообичаено предизвикува температура 1-2 дена во тие 3 пати на ревакцинација додека се мали. Тоа додатно ги плаши родителите.

    Значи точно е дека превентивното здравство потфрлило, но со голема помош од родителите.

  • +1 глас

    Кога ќе чујам за префрлање на вакцина се ежам, можда заради глупоста да се верува во урбани легенди или што ти ја знам.

    Стерилитет ретко се јавува, но има поголема веројатност да се јави кај постарите лица (нетинејџери).

  • +1 глас

    Мислам дека ќе има принуден распуст ако продолжи вака.

  • +1 глас

    јас имам прележано и мислам дека тоа беше прекрасно искуство кое би му го препорачал на секого да го осети во своите незрели години.