Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Службеник на УБК уапсен во Ниш

пријавена од analiticar пред 1 година, 1 месец. (www.a1.com.mk)

Мартин Дракулевски еден од четворицата уапсени заради злоупотреба на кредитни картички е службеник на македонската УБК.

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Срамота за македонското МВР и УБК.Во минатото криминалци не можеа да се вработуваат во МВР.Што се случува сега?

  • +1 глас

    Партиските пиони очигледно стасаа и до Кајмакот.

    Знаете дека ваквото делување (како поракава погоре) кое може да се сретне на сите news портали кај нас каде што е дозволено коментирање од посетителите заслужува засебна анализа и е цела една тема сама за себе. :)

  • +2 гласови

    Секоја чест на полицајците кои работат одговорно и според закон. За жал, низ нив се провлекуваат и такви кои не плаќаат патарини и градски превоз, кинат казни за паркирање на пријатели, замижуваат пред проституција, бело робје, шверц и дрога, па дури и самите учествуваат во криминални потфати. Да се надеваме дека првите ги има повеќе и дека ќе успеат самите да се исчистат од вторите, бидејќи нема кој друг.

  • +1 глас

    „нема кој друг“ е прилично погрешен концепт ... но не дај боже некој да спомне „граѓанска контрола на работата на институциите“ .. одма е соросоид

  • +1 глас

    Воопшто немав намера да ја исклучам можноста за дополнителни механизми за контрола на полицијата. Она што сакав да го кажам е дека на крајот од денот полицајците ќе треба да се тие кои ќе постапат според основано сомневање, ќе спроведат истрага во која ќе обезбедат докази, и ќе го спроведат случајот до судската власт. Односно, *оперативно* пак тоа ќе биде полиција која се чисти од сопствениот коров.

  • +4 гласови

    Има ли полицаец во државава што не скинал казна на роднина/пријател?
    Не верувам...

  • +1 глас

    исто како што нема наставник што качил оценка, цариник што пуштил пријател, вработен во патарина што не дигнал рампа без да наплати, братучед што вработил член на семејство... хмм.. дали може да се бориме против корупцијата, ако сите ние сме корупцијата?