Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
„Децата не покажаа добри резултати на матурата. Не може во текот на учебната година да имаат висок просек и да добиваат петки, а сега со матурата нивниот успех да се сведе на двојки, тројки и четворки.“
станала популарна пред 4 месеци, 3 седмици | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Децата се стварно разлигавени. Откако во школите паднаа директорите од „стар ков“ и дојдоја современиве дваесетгодишњаци со партиски обележја, образованието несопирливо тоне.
Петките се добиваат со одење на приватни часови кај твојот „професор“.
Замислете врски се фаќаат и за која да му биде учителка на првооделенчето!?
И кога ќе се појави предизвик пред тие матуранти кои завршиле средно од кафич, им паѓа тешко. Па штрајкови, па ѓаволи-бесови!!!
Вистинска штета, а имавме еден од најдобрите образовни системи.
Тоа со приватните школи е точно, имам една таква под мојот стан. Машина за перење.
Инаку во целата ситуација единствена нефер работа е што треба да платиш за увид во тетратката. Тоа мора да се корегира, а може ова да стигне и до суд.
Но генерално мојата оценка е дека школството е во тиња, а оваа евалуација е само резултат на реалната состојба.
Одвај чекав да има матура само за да се покаже дека средното образование не чини: и учениците/родители кои „ургираат“, и професорите кои не се мотивирани и ги заболе „таквото“ само плата да си земат (чест на исклучоци).
Сега на ред е бирото/државата (се надевам нема да има партизам), добро се знае кој што предавал, и добро се знае кој што оценки пишувал, треба да се казнат тие професори кои пишувале високи оценки. Тоа е првиот чекор. Или барем јавно да се објават. Нешто така слично.
јас завршив средно во струмица. школото го биеше глас на едно до најдобрите 5 во македонија. така беше до трета година, кога го сменија стариот директор. тогаш почна да тоне.
кога бевме матуранти, школските штрајкуваа за да се укинат приемните на факултетите. јас останав вон штрајкот, и им велев на школските: ако има приемни ние нема да влеземе затоа што иако сме спремни, има школи кои имаат 80% скроз одлични, и тие ќе влезат пред нас..
приемните тогаш не ги укинаа. ама тоа што го зборев почна да се случува годините подоцна.
сега матурава има можност да исправи некои работи, само ако се сфати сериозно.
Дасаф, веројатно многу школи ги бие глас дека се меѓу најдобрите 5 во Македонија. Веројатно твоето и било, ама исто веројатно е дека како што многу наши сограѓани мислат дека сме кујзнае колку паметни и важни, така и интерно разни институции си се рангираат - а во отсуство на објективна шема на оценување на било кое ниво.
Со твоето прво тврдење се согласувам во с, освен со тоа дека сме имале „еден од најдобрите образовни системи“. Ако бил таков, зошто само од прилика 10% од работната сила е со факултет, а скоро 50% нема ни средно образование... Да не споменувам недостаток од други резултати, како иновации, способност за критичко размислување, продукција на знаење - што би имало ефект на реалниот живот и имиџот на Македонија во странство.
Вака, само ми текнува на цитатот од Братислав Димитров „тој е светски познат во своето село“.
Прв чекор од „преродбата“ секогаш бил и ќе остане согледување на тоа каде сме сега. потоа иде стратегија (каде сакаме да одиме) па реализација. Ние потфрламе на сите три дела, а оние кои искрено ќе кажат кај сме обично ги закопуваме оти суетата ни е основана на лажни претпоставки, легенди и омраза.
Го повикувам премиерот да излезе на ТВ како што сака и еднаш, за прв пат, да каже една лоша вест. „Луѓе, глупи сме. И тупи. Ај да направиме нешто со ова“.
Но генерациски состојбата е страшна, што ќе се случува со државата кога оваа генерација ќе треба да ја „води“?
Минус ради Братислав.
Не, не, „Корчагин“ е најдобрата. :)
И јас завршив таму :)
И уште нешто... имајте на ум дека за некои предмети критериумите за поминување и добивање оценки биле претходно снижени. Светски стандард е 90-100% поени = 5, 80-90% - 4, 70-80% - 3, 60-70% - 2 или (A, B, C, D) праг за положување 60% или кец (F). При ова полагањево за некои предмети имало праг и од 22% колку што чув на ТВ.
Се согласувам со Јован во врска со плаќањето за увид. А има и „шлаг“ на тоа - ако се покаже дека си во право со приговорот, наводно ти ги враќале парите.
ова е само статистичка верификација на она што со години се насетува во мкд.
Своевремено напишав два муабети по даденава тема...
Кој има време и волја, бујрум:
http://www.taratur.com/node/922
http://www.taratur.com/node/1891
Кога се доволно возрасни да демонстрираат барајќи си ги „правата“, ќе бидат доволно возрасни и да бидат „асистент багерист“ (копач).
Секогаш било така, и пред многу години, кога јас матурирав: имаше мал процент на квалитетни, а останатото полуписмени. Сега се тие продавачи на весници, лепачи на плакати и мијачи на коли.
Секоја постара генерација за младата го вели истото - во мое време беше построго, подобро, повеќе учевме...
На крај, се` се сведува на домашно воспитување и работни навики кои ги учиш, пред се`, од родителите. Така било и така ќе биде...
Квалитетот на образованието дефинитивно опаѓа, а со овие податоци се гледа и колку. Не само што нема знаење, не само што ја нема втората важна компонента, воспитување, туку еве и оценките биле надувани, изнудени или потплатени.
Како родител со едното дете веќе влезено во јавниот образовен систем кој секоја година се реформира, забележувам толку многу проблеми што не знам од каде би започнал да ги решавам (динамит?), а единствено ми е вистински мака што нема приватно основно училиште во Охрид, па таму да си ги префрлам децата. Можеби ќе речете и тоа би било за никаде, ама таму барем ќе можам да одам и да се пожалам, овде нема ни кој да ме сослуша.
Според закон не може да има приватни основни училишта.
додека некој не „подмачка“ некаде, и насети добар „кајмак“
Јован, во Скопје има барем три приватни основни училишта
1. Нова http://nova.edu.mk/pr_mission.htm
2. карши амбасадата на САД
3. во Карпош IV веднаш до МЦМС
не сум знаел. Со оглед на тоа дека основно и средно е законска обврска, претпоставувам дека е решено тоа и дека може детето да си го пратиш во некоја од овие институции наместо во државно.