Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Новата македонска Влада ќе биде проширена за уште едно министерство, откако денеска во Собранието по забрзана процедура се изгласа воведување на ресор за информатичко општество.
станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Ајде, вработувања на кило.
Ха, би сакал да го видам тој што ќе најде информатичари за вработување. Ги нема ни на грам, ни на кило, ни на литро.
Сегашното незванично министерство навистина има премалку вработени, така што и основните функции тешко ги извршува. Иако - генерално - сум против зголемување на државната администрација, сепак мислам дека таму каде што треба и е во интерес на граѓаните, треба да се вработува.
Ај може ќе вработат некој за после 2 години да го тргне meta-description дека Владо Бучковски е премиер на http://vlada.mk.
Глиша, одличен кеч! Уште и во 1251 енкодинг (бљак!)
Не ми е јасно како можеш да фаќаш вакви работи :))) Шо те натерало META таговите да им ги читаш?
http://kajmakot.softver.org.mk/politika/...
Пријавена пред 1 година и 2 месеца. :)
Изгледа не знаеш како ќе се вработат луѓе таму. Ако мислиш дека е ок да се вработуваат луѓе како во 1945 (партиска книшка, партиски ангажман) тогаш подобро е да не плаќаш данок.
Институционализацијата на државните напори за развој на информатичкото општество е позитивна работа, таа беше зацртана уште пред 3 години во националната стратегија - тогаш како агенција, а сега како министерство. Има доста проекти кои мора да се реализираат, особено пристап кон ИТ и бродбенд во руралните подрачја. Позитивен чекор кој треба да се потврди со реализација на сите проекти кои се имаат во агенда (а има прилично).
Јас досега не видов овие 3 години ама ништо позитивно. Моја претпоставка, се надевам дека грешам, дека нема да видиме или ќе видиме малку позитивна работа од тоа министерство.
Ок, кажи ги негативните работи. Ете - читај од мене подолу ...
Реков дека нема позитивни работи, а не дека имало негативни. Значи има нешто, малку чаламење, некој тендер, некој проект, некое законче, ама во суштина не се сменило ништо. Се е исто како лани, така и ќе биде со ова министерство.
За мене е позитивно што наместо Windows сите училишта ќе користат Edubuntu, а оној шупакот Јани ништо не праеше освен чорба шо јадеше секој ден, морлог.
Ова министерство - де факто - постои уште од кога (минатиот пат) ВМРО дојде на власт.
Неговото воспоставување може само да се поздрави и да се очекува да работи со полна пареа.
Претходно, највисоката ИТ функција во државата ја држеше Јани Макрадули, кој се покажа како апсолутна катастрофа по ова прашање (да не почнувам: Мајкрософт ...).
Иво Ивановски, од своја страна, направи вистински движења напред. Богами, си имаше и тој свои катастрофи (фамозните 100.000 компјутери за децата, на пример), но се` на се`, многу повеќе од сите претходни заедно.
Мислев, *направи* многу повеќе од сите останати заедно.
Пишувам пред ручек, па голтам зборови :)
Кои вистински движења?
Закон за електронска трговија
Национална ИТ стратегија (сеуште се подготвува, но...)
Закон за електронски комуникации (исто во подготовка, во соработка за Министерство за транспорт и врски) ... има и други.
Во некои од нив и лично учествував (и учествувам).
Но, најзначајно е што во подготовките - за првпат - беа вклучени и стопанството и другите заинтересирани страни. За разлика од елитизмот на Макрадули, каде што единствени „советници“ му беа пајташите од партијата - дичните компјутерџии (ги знаеме кои се).
... Е сега, откако ги испофалив, да кажам дека и најголемата (во пари) превара во ИТ индустријата во Македонија било кога се случи токму за време на претходнава (иста со сегашнава, нели) влада: Тендерот за набавка на 100.000 компјутери.
Стотици домашни фирми се оштетени со тој криминално организиран потег. Рака на срце, мислам дека не беше во режија на Ивановски, туку на старите преваранти од Министерството за образование (хакстери со повеќедецениско искуство).
Кој не го мрзи, нека чита овде: http://instantekspert.blogspot.com/2007/...
Да не го спомнувам Макрадули, ужас. Иваноски е подобар од него (ако правиме некаква споредба), но не е доволно добар. Носење на куп закони не е некоја особена предност (особено ако не функционираат во пракса), сеедно имало јавна расправа (како и да се вика тоа). Може тоа и без министерство. Вака се создаваа дополнителна администрација...
Јас мислам дека ова е паметен потег. Се разбира дека сите ќе се вработени „професионалци“ со членска книшка (исто како што би било и со сините) али јеби га, министерот засега е ок.
Министерот е притеснет во врска со човечките ресурси - државната плата е неатрактивна во ИТ секторот. Воопшто не е проблем во приказнава кој во која партија бил.
Јас мислам дека е претерано ова шо го фура владава. Универзитет за информатика?! Па отидете на ПМФ, од 400 студенти секоја година шо се запишуваат, ќе успеете да најдете 10тина квалитетни... другите се кадар за теткици во администрација...
перо, очигледно дека не ги знаеш проблемите на Институтот за информатика на ПМФ. Тие одамна сакаат да се одделат на посебен факултет, како што впрочем и заслужуваат.
Универзитетот ќе створи проблеми - разводнување на ионака тенкиот *квалитетен* кадар во земјава. Нешто се колнеа од владата дека ќе донеселе професори од странство, ама ај да видиме па да веруваме.
Јас не зборам за професорите и асистентите кои во најдобар дел се во ред. Зборувам за студентите. Ако не ми верувате, одете и дадете им задача да направат прост калкулатор, па да ги видете резултатите. Состојбите на ИИ и на ПМФ? Добро ги познавам :)
Новиот универзитет ќе биде изрод на промотерската политика на Владата и профитерскиот менталитет на некои професори. Милам дека никој не се замарал да испита колку е ова навистина потребно.
Дека е потребна реорганизација на високото образование, особено на полето на информатиката - нема дилема.
Ова досега не личи на ништо. Буквално најважната струка за (технолошката) иднина на Македонија е сведена на „професорски менталитети“ - ривалства, профитерство, суети, егоизам и чист аматеризам.
Е, сега, дали новиот Универзитет за информатика е вистинското решение - останува да се види. Затоа што сме веќе далеку од фазата на дебатирање дали треба да постои - тој е веќе формиран и ми се чини следната година ќе проработи.
Ние нешто зборевме за негативните последици, ама, како и обично, во ветар. Популизмот си е популизам, национализмот си е национализам, национал-социјализмот си е национал-социјализам.
Ама пак ќе кажам - овие барем нешто мрдаат од место, оние „сините“ како да не ни постоеја.
Формирање на факултет за дефицитарна професија може да биде се' освен негативно. Не сум штедел критики за владата ни тука, но кога се работи за ИТ мора да истераме тоа да биде национален интерес, да се создаде консензус и во позиција и опозиција и во индустријата и кај граѓаните. Ова е наш сериозен национален интерес - исто толку битен како ЕУ, НАТО и основа за економски раст и намалување на невработеноста.
Би ги повикал Иво и Јани да седнат на маса и да си подадат рака, ако играат како тим можат да добијат само повеќе поддршка и гласови.
И јас сум за да штанцаме програмери, ама кога ги нема?! Капацитетот на Македонија е 20-30 годишно (20-30 од овие на ПМФ шо идат, можеби и од ЕТФ уште 10тина).
Треба поинаку да се концепира целата проблематика. Можеби треба да се зголемува свеста за информатиката во основно и средно. Да се воведат специјализирани средни училишта по информатички науки...
Дефинитивно позитивно и потребно. Ако ја оставиме политиката на страна (тешко малце во нашава максимално исполитизирана заедница), надежно е тоа што последнава година владата покажува интерес за развој на ИТ општеството во земјава. Останува да видиме дали станува збор за сериозен пристап или уште една “парада на влада“.