Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

СТРАШНО!

пријавена од woona пред 1 година, 8 месеци. (a1.com.mk)

Парични казни за рекламите на латиница: Стопанствениците што својот рекламен материјал ќе го напишат на латинично писмо ќе платат високи парични казни.

станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    latinicata stana rizichna :) vo taa chest, eve eden komentar na latinica :)

  • -1 глас

    btw, види коментар 12. :)))

  • -2 гласови

    француски: ordinateur;
    чешки: počítač;
    естонски: arvuti;
    фински: tietokone;
    унгарски: számítógép;
    исландски: tölva;
    романски: calculatore;
    словенечки: računalnik;
    хрватски; računalo;
    шпански: ordenador;
    шведски: dator;
    турски: bilgisayar;
    МАКЕДОНСКИ: сметач;

    Сите овие преводи означуваат сметање, затоа што и од англиски зборот to compute значи пресметка, пресметување.
    Но, ние сме глупи дека се трудиме да го воведеме терминот сметач, затоа што ќе ни биде тешко да се разбереме со Америте, а на сиве овие Европејци не им е проблем. Абе, глупаци се тоа Европејците!

  • +2 гласови

    Редно беше! Иако, чисто се сомневам дека и овој пат ќе го спроведат законот. :/

  • +3 гласови

    што точно е проблемот со тоа фирмите да бидат на кирилица? не викам дека треба да бидат, не сум запознаен со законот, ама еве прашувам?

    или опозицијата од парламент на кајмакот ја префрливме, па онака општо мрчиме?

  • +4 гласови

    Точно тоа... опозицијата од парламент ја префрливме на кајмакот, па мрчиме за апсолутно се што е креирано од овие што сега се на власт. Тоа ми стана јасно дури од кога приметив дека оваа индивидуава jpetrov гласал за да се зголеми популарноста и на оној текстот од завчера кој пропагираше „ќе станеме наркомани, оти не ни дозволувате да станеме пијаници“.
    Минусирајте ме сега колку сакате, ама реалноста е таа... кајмакот е преполн со партиски работници или wannabe партиски работници кои нешто изгубиле со промената на власта па сега плукаат по се.

  • +1 глас

    А каде ти тоа прочита дека твојот прекар го споменав во конотацијата „изгубил нешто со промената на власта“. Да не си ја ишкаш сега мувата од капата ? :) Стварно не мислев на тебе...

  • -2 гласови

    > Оди Новица обвини го дека клика на сите вести ако е така.

    Хахахаха.. фала што ме насмеа Јован. :)

  • +2 гласови

    а кај е слобода на изразување? а што е со преводот на македонски? онака, латиница, забрането писмо.. мислам втф, а што праиме со албанските фирми?

  • -1 глас

    Во местата кај шо доминира малцинството подруго е дефиниран законот како шо знам. Во спротивен случај никогаш нема да профункционира кирилицата ни во Тетово ни од Битпазар натака...така што нема поента anyways. (btw. ако е Whiskey shop сега треба да е „Продавница за уиски“ според сите правила на македонскиот јазик)

  • +1 глас

    Слобода на изразување е многу растеглива гума и секогаш кога сакаш некого да го прикажеш како апсолутиста - се користи тој аргумент.
    Но реков... и пак ќе речам... тоа е мн. релативна категорија. Оти да не беше... ќе отидев кај тебе пред врата да се олеснам и ќе ти заѕвонев да ти кажам дека сум ја искористил мојата слобода на изразување, те. сум сакал нешто со пораката „моите гомна на твојот праг“ нешто да ти објаснам за да разбереш.
    Граници на однесување имало, ќе има и мора да има.

  • -2 гласови

    многу добро прашање е тоа, ова на мала врата е ревидирање на правото албанските фирми и реклами да бидат напишани со латиница.

    знам една држава кај што се забранети латинични реклами. и не е русија. Казахстан. На Борат.

  • +3 гласови

    а антена пауер плеј, а1 еџџџлузиф, драјв тајм итн...
    тие се пострашни отколку името на фирмата, иако треба да си има некои правила и за нив. еднаш некаде пишав за Germanos, истата фирма во грција си ја пишува со грчко писмо и изгледа од прилика исто како и кириличното, а кај нас ја пишуваат на латиница?!

  • +2 гласови

    ΓΕΡΜΑΝΟΣ

  • -1 глас

    Што е тука страшно?!?! Добар потег на владата! Вуна, не те спречуваат да се изразуваш слободно, се спречува да не излезе кампања овдека, каква што гледав и се смеев во Белград: Остани Србин - пиши чирилицу.
    Го гледав тој типот од Тајна (Secret), кој патем, повеќе ме потсетува на секрет отколку тајна; демек, на латиница му било посимпатично. Е да, со таквата младина ќе изградиме држава...

  • +2 гласови

    перо за лектор!!

  • +4 гласови

    Гемиџи, куцаш бугарски ало, виски не уиски. Ако има превод се преведува, ако нема се прави транслитерација/транслитерирање вотевр.

    exclusive = ексклузив

    Не знам што ви е проблемот, ко да се мучите да прикажете дека нема решенија што звучат исто а се напишани на кирилица.

    Си ја сакам кирилицата многу пред да им текне на бивис и батхед кампања да праат за неа, и до негде ОК сум со законов пошто има морони што куцаат се на латиница и откако сто пати ќе им кажеш да не го прават тоа. Епа нека им биде скапа навиката.

  • -1 глас

    Дали законов важи на интернет? Пр. Flower Shop?

  • -1 глас

    Е да, и што е со

    Pharmacie
    Hotel
    Motel
    Restaurant

    се ќе преведеме? И странците што ќе прават во МК? Од кој туризам ќе живееме?

    Историјата ќе покаже дека е крајно неприменлив закон.

  • +5 гласови

    Грешиш Гемиџи,

    Мешаш превод и транслитерација. Ако е whisky ќе биде виски, ова е превод, и постои и може да се користи. А сметач е човек што смета ако ме прашате мене.

    Еве пример:
    http://www.amcb2b.com.mk/
    Овие треба да се затворат.

    Ние имаме проблем со латиницата, тоа мора да се признае, еве земете било кој тинејџер и отворете му ги логовите на MSN, дури више почињаат сите да прифаќаат користење на 4 наместо ч и слични бугарски шљакавични бедни замени за букви. Го неам прочитано законот али мислам дека идете у крајности и тие што се ептен ЗА и тие што се ептен ПРОТИВ.

    Во Русија на пример CocaCola е КокаКола, ако не им се свиѓало на CocaCola тогаш ќе било Пепси (ако и тоа не е на кирилица веќе) и CocaCola можеле да се ебат у гз.

    (коментарот продолжува поради рестрикциите за најмногу 900 знаци)

  • +5 гласови

    Неам проблем со латинични имиња на фирми, иам против слогани на друг јазик или не дај боже на латиница, веднаш под логото. Ако законов е толку рестриктивен ко што параноично се тврди во некои од коментариве, тогаш треба да се измени за да биде поприфатлив за реалната ситуација, но сепак во некои случаи многу фирми заслужуваат да пијат големи казни само ради тоа што не ги интересирало дека кириличното писмо е официјално во Македонија и ти дале гаранција за купениот производ на латиница.

  • +4 гласови

    Проблемот е секогаш ист кај нас. Има проблем, фала богу на некој му текнало да бара решение на проблемот, ама од што се прости и неискусни наместо да го решат постоечкиот проблем, они по пат создаваат уште проблеми. Ја не знам што друго очекувате од нашиве политичари? :)

  • +5 гласови

    вакви примери треба да се решаваат:
    - Frizersko studio Style
    - Kovac
    - Farbanje
    - Slatkarnica
    - i taka natamu...

  • -1 глас

    И мене ме нервираат тие реклами (македонски, па на латиница).

    Има нов коментар на А1 што држи вода, доколку си вложил еден куп пари и плус јас ќе додадам си плаќал регуларно фирмарина секоја година, а сега треба да менуваш бренд, визитки, реклами тогаш прашање е кој ќе плати за пропаднатите инвестиции во брендингот.

    Ќе повторам ова е крајно неприменлив закон кој ако им се удри на мало-стопанствениците ќе се врати како бумеранг. Чашата е прелиена со фискалните каси (п.с. јас сум 57% патриот :).

  • +2 гласови

    а шо праиме со King Burger, Taxi De Luxe, Custom Pub

    абе забранување писмо ееееј! место да се гордеат со тоа што у Македонија се збори англиски на прилично високо ниво во споредба со регионот (еден од позитивните аспекти на глобализмот), они ќе се затвараат

    ваков закон нема само у Казахстан. и у Северна Кореја има.

  • +1 глас

    Друже, отвори речник на македонски јазик, ќе видиш како се преведува computer. Сега ти излезе поголем аналитичар и од лингвистите. Или да си мрчнеш нешто. Мрч, мрч, мрчандајз.

  • +1 глас

    Не друже, јас, за разлика од тебе - прифаќам аргументи. И ако сум згрешил - признавам.
    А ова што ќе ти го кажам, го нема во речник (а можеби и го има):
    Тоа ти се нарекува „аргументирана дискусија“, во која паметни луѓе водат спор околу нешто и на крај го прифаќаат мислењето кое има исправни аргументи.
    Тие што не се во право не се автоматски „предавници“.

  • +1 глас

    Друже, сепак земи си речник.

  • -1 глас

    Ок... ај бе да праиме реално муабет. Го виде некој од вас законот ? Го прочита? Или сите тука дознавте за него преку медиумите и ги извадивте сите тие силни заклучоци за „укинување на правото на слободен говор“ и „кинеските букви ќе треба да бидат на кирилица“ само преку тоа што го слушнавте вчера на вести ?
    Мислам ... сериозно... не ви изгледа дека малце рипате премногу ? Јас се потпишувам на латиница (и на личната карта и на пасошот ми е латиничен потписот) и фирмата која ја имам основано е од странски збор, плус логото е на латиница и не рипам толку многу. Мање више, сигурен сум дека размислиле и за таквите случаи и дека постои решение и за тоа.

  • +2 гласови

    може и вака да се потпишуваш ЗЛО4КО. тогаш ќе бидеш нај ИН! :)

  • -1 глас

    тешко човек може да ги исчита сите закони деновиве, се штанцаат сериски по 35 сек. :)

  • -1 глас

    Вработи си sektretarka на pozicija толкување на закони :))

  • +1 глас

    Проблемот е со македонските зборови напишани на латиница, а не странските зборови напишани на странски јазик.
    Во иднина ќе донесеме закон со кој се забрануваат странски зборови :)
    Кому не му чини, еве ви ја братска Грција, тие се полиберални и имаат слобода на изразување.

  • -1 глас

    Мајка ми, кога ќе се споредев со некој од моите другарчиња како дете, постојано ми велеше: Мене, другите деца не ме интересираат - само ти и твоите постапки.
    Истото важи и за тебе. Без разлика што јас и одобрувам и не одобрувам таков закон (оти не му ја знам содржината, не ради друго), сепак мислам дека ако постојано се споредуваш со најлошиот ученик во класот (Грција), постојано ќе си тапкаш во место и нема никогаш да напредуваш.

  • -1 глас

    Злочко, јас тоа го знам, ама тука се ворданис и иоанис петрос :) (Минусирајте)

  • +6 гласови

    и во зградите на црвените лимени кутии да пишува Х :)

  • +1 глас

    Хехе, dasaf, стварно си во форма денес :))

  • +4 гласови

    40+ коментари, а само еден (до пред малку) под прагот.
    vordan донт хезитејт, ју кен кол ми дасаф
    :)

  • -2 гласови

    Од друга страна, економијата пропаѓа, донесен е „Чавезовски“ закон за експропријација и национализација, не знаеме дали ќе имаме струја зимава (всушност знаеме - нема), а како најголема инвестиција се покажа рушењето на една фабрика и правење на шопинг-центар (не дека и другите не го правеле ова, но за нив кога ќе бидат на власт).
    Од она „остваруваме“ се остваруваат само потезите кои се несуштински за државата, а некои се и сосема спротивни на интересите на Македонија.

  • +1 глас

    Знаете што е снобизам?

    „Вработените во ’Студио секрет’ велат дека нивното името многу поубаво звучи на англиски јазик, одошто на македонски.“

  • +9 гласови

    Лаве знаеш што е снобизам? Да се бориш за името па да отидеш во Њу Јорк на прием на награди и да закачиш ФИРОМ.

  • -1 глас

    Леле ама му го стегна в гради сега !! :)

  • -1 глас

    Wham-baam-thank-you-maam!!!

  • -1 глас

    Лавот тоа? Хаха, корисен детал. :)

  • +1 глас

    непотребен закон... ако има доволно патриоти нека гласаат со својот денар

    дури и да е најпаметена идејата дека мора/треба кирилица да се користи, не значи дека мора закон да постои за тоа.

    гад дем веќе од прекумерна регулација.

  • -1 глас

    шо ти е ма?

  • +1 глас

    Неписмено, се пишува надреден знак над „и“, а не апостроф. И зошто уште ја користиш кирилицата? Префрли се на латиница и не го отекувај!

  • -2 гласови

    Јован, ова со Ризаов ќе го разбереш како комплимент, или ...?
    :))

  • +2 гласови

    не влегувам во глупа дебата, ќе си ја расипам десетката. :)

  • +2 гласови

    Нов Јорк е на македонски.

  • -1 глас

    Тоа е преведено, инаку по правопис е Њујорк. Њујорк е исклучок - традиционално така почнал да се пишува и така е останато. За разлика од него, Њу Џерси се пишува одделно, а Нов Зеланд се пишува со Нов.

  • +6 гласови

    перо, абе никој не ти кажал дека ова не е ирц?

  • -2 гласови

    не, ти си првиот шо ми кажуваш :)

  • -2 гласови

    Дами и господа, ова беше заедницата на Кајмак.от.

    Клик >тука

    :)

  • +1 глас

    Заврши дебатата? Арангел линкот не ти работи :)))

  • +1 глас

    Да речеме имам фирма и треба да одам на саем во Германија. По тој повод правам визит-картички со логото на кое ми стои името на фирмата на латиница. Се враќам од саемот и ми доаѓа инспекција и ги гледа визит картичките што ми останале од саемот. И сега треба ли да ме казнат за тоа?

  • +1 глас

    Да.

  • +1 глас

    Перо ај барем објасни зошто "ДА"?

    Пример бр.2
    Да речеме дека имам веб страна (мрежна страна) со домеин (незнам македонски превод) turbomaximus.com.mk! Како и на многу други "мрежни" страници логото на фирмата ми е составено од мојот цел домеин (turbomaximus.com.mk)!
    Значи со новиот закон јас ќе морам да го променам логото во турбомаксимус.цом.мк!
    Ај внеси адреса на кирилица турбомаксимус.цом.мк ќе видиш дека нема да ти се отвори ништо поради тоа што домеинот се внесува на латиница. Значи државата ме заебала оти не ми дава да се рекламирам на начин што е поефикасен за мене.

  • +1 глас

    Пример бр.3
    Ваквата одлука нема да важи само за странските фирми, чиишто имиња се подеднакво исти насекаде во светот. Значи странска фирма може да се рекламира и на латиница и на кирилица, а јас можам да се рекламирам само на кирилица! Не знам кој член е и каде се наоѓа но ова е дефинитивно дискриминаторна политика што е забранета секаде во светот!

  • +1 глас

    А некој да го објави законот прво, или да посочи со поврзница, да може да го прочитаме?