Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Го признавме Косово. Фашистот Глујо затскриен зад Собранието на РМ, и згора на тоа ги отфрлија сосема на место амандманите на СеДеСе. Не дека сум нешто против признавањето, но, чисто од правен аспект, признавме држава, која сеуште нема дефинирано граници.
станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Честитки до косоварианс.
Е така се бори за добивање земја.
Ај сеа уште да се изборат за еден дел или само делче во западна мк и да ги биде .. лични тие, един народ - три д’ржави.
кој е тој един народ??
малку смешно
под сликата на милошовски на страната иде ова
Милошоски: “Наскоро воспоставување на дипломатски односи“
;))
Мислам дека ќе им се дадат некакви транзит комерц олеснувања.. треба да се регуљаризира состојбата и наместо да шлеперите со бело брашно и шеќер од далечниот афганистан не чмаат по темни некои места и заобиколуваат полиција и сл.туку фино така фатат и цепаат истанбул- косова
Петок сме. Таман.
08.10.2008 - Доаѓа секретарот за одбрана на САД, ни удира заушки.
09.10.2008 - Во рок од неколку часа Црна Гора го признава Косово, па Македонија го признава Косово.
Мора да ги сакаш американците.
Интересно е како Црна Гора во официјалната изјава за признавање, кажа и дека ова е координирано со владата на Македонија, во моментите кога резолуцијата се „разгледуваше“ во Собранието. Ете го јакиот парламент што Премиерот го посакуваше.
Таквата изјава, неприродна за меѓународните односи, упатува дека одлуката е донесена на трето место од трети луѓе. Не дека не го знаевме тоа, но вака работите се горе долу и формално јасни за тоа кој одлучува во името на граѓаните од Македонија - дури ни мк. политичарите не одлучуваат. Одлуката за Косово е само еден пример, можеби и најмалку проблематичен - тука се и Ирак, Ел Масри, Меѓународниот кривичен суд во Рим и низа други кршења на меѓународното право на кое се повикуваме во спорот со Грција.
Котле, историски гледано, на македонците секогаш некој друг им ја кроел судбината. Често, тоа се случувало со голема локална помош. Така и овој пат.
Никогаш не не` бивало многу... за жал.
„Да живи братство и јединство меѓу југословенским народима!“
За разлика од вас кои ќе тркнете до Солун, ја викендов идам на шопинг на потегот Скопје-Приштина. Сега ќе ме пречекаат со раширени раце, а и попуст ќе дадат!
плус без ддв акцизи царини и други глупоштарии :)
не знам за сега, ама пред годинаипол-две зад границата беше поефтино да купиш скопско пиво, отколку овде.
Интересно е што во Југославија (пошто ја спомна zlochko), Тито особено се залагаше за создавање единствена нација, Југословени со општо југословенско писмо, јазик и ти реков ми рече. Не се залагаа за делење на што помалце држави иако сите беа рамноправни.
typo: „за делење на што поВЕЌЕ држави“.
Море арно кажа првиот пат... на делење на што ПОМАЛЦЕ (големи) држави. ;)
ги читам коментарите на а1 и се чудам како луѓево мислат дека „косово е реалност“, дека „планот на марти треба да се почитува“, а истовремено мислат дека „грците, сад, нато и еу не можат да ни го сменат името“ и дека „предлогот на нимиц е скандалозен“.
по ѓаволите нака оди сѐ.
Good point.