Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Приведен струмичкиот градоначалник Заев

пријавена од jpetrov пред 1 месец, 1 седмица. (www.a1.com.mk)

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев изутрината е приведен од страна на полицијата.

станала популарна пред 1 месец, 1 седмица | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?...

    По се изгледа ќе се повтори 1997, кога во парламентот работеше само позицијата, по ДПА и СДСМ ги напушта институциите на системот.

  • +1 глас

    Не велам не... а за што го уапсија чоекот? Ти знаеш ли? Јас не знам... и не можам да вадам ваков заклучок и да предвидувам собрание без опозиција. Не е малце прерано за тоа?

  • -2 гласови

    Линкот е од веста во која СДСМ не најавува туку веќе го напушта парламентот. Така да прилично е навремен коментарот :)

  • -1 глас

    Го видов линкот и веста претходно. Мојот коментар повеќе се однесува повеќе на подолг период, а не на вообичаените 2-3 неделни парламентарни театри кои ги практицираат сите наши партии.

  • +5 гласови

    Да се преименуваме во Спектакуларна Македонија!

  • -2 гласови

    ако треба додавка, еве една... НиколаЕва

  • +5 гласови

    Цитат од А1: „Ова е флагрантно кршење на правниот поредок со цел да не постои опозиција, а ако постои таа да се плаши и да се крие“, истакна Шеќеринска и додаде нема демократија ниту во Собранието ниту во државата. (http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?...)

    Зошто се повлекуваат од парламент, ако знаат дека власта сака да нема опозиција? Нели го прават токму тоа што го сака власта? Зошто се плашат? Нели имаат (политичка) одговорност? Нели треба да истраат во одбраната на демократијата?

  • -1 глас

    СДСМ се педери и плачковци. Првиот пат кога им го опнаа, они нам ни опнаа војна. Сеа изглеа пак сакаат да ни го опнат со нешто.

  • +1 глас

    СДСМ од опозиција направи војна... Со „терористите“ кои сега се со НГ на власт? Не сум знаел :)

  • +1 глас

    прашања на место. претпоставувам дека ова ќе го искористат за мобилизација на своето членство. Се поклопува и со најавата на Црвенковски за враќање кон ста... ова јатото.

  • +3 гласови

    Јас велам, ако крадел тогаш можда заслужил.

  • +4 гласови

    Тоа е сосема ок, но кога ќе чуеш дека Претседател на Врховен Суд (ваљда тоа беше) е кум со Претседателот на Собрание, плус имал ЕДНА година работно искуство како судија, ПЛУС им бил адвокат на разно/разни криминални вемеровци, тогаш ШТО?

  • +2 гласови

    Ако крадел ќе каже судот. Иако немало потреба да краде оти имал но тоа е друг муабет. Но клучна работа е што судот не кажал ништо а него со камери го носат во Шутка.

    Струмица е најдобро изградениот град во МК, а споменатиот трговски центар е за неколку пати поголем и подобар од Рамстор. Многу е жално што наместо криминалци како Аларова во затвор се ставаат градители и работници, плус едни од највозможните кандидати за иден претседател на најголемата опозициона партија. А таму нели лежи зајакот.

    Доволно да се каже е дека соопштението на МВР за неговото денешно апсење се појави на нивниот сајт пред пола година по што беше тргнато како ненамерна грешка. Значи тие во својот ЦМС веќе една година имаат готов текст како го уапсиле.

  • +6 гласови

    > а него со камери го носат во Шутка

    Да не почнуваме пак за камерите. Какви лиглиња се тоа новинарите неверојатно нешто. Утре гарант ќе има наслови дека имало спектакуларно апсење, а токму тие го прават пола (и повеќе) од спектаклот. Зошто одат на снимање на такви настани, кога нели не треба да се оди?

  • -1 глас

    Е тоа е тоа шо не им чини на ВеМеРоТо.

  • +4 гласови

    а што знаете... може е ова договорено со бранко... овие го апсат единствениот можен кандидат за претседател на сдсм и бранко лагано се враќа назат, откако еден ден претходно објавил дека нема да се кандидира за претседател.

  • -2 гласови

    Муабетите на шугабејб ги слушнав една недела пред таа денеска ги изјави во Собранието... па.. ми мириса на местенка целата работа. Јас не знам дали крадел или не ЗЗ, и мислам дека во приоритетите на апсење треба прво да бидат Аларова, Трифче, Штерјо, и тн. (се разбира, ако полицијата има докази за нивно апсење). НО! Кога ги гледам ЦВЕТА?!?! игор шема, јано, мино, владо, кожаров (ќуркчиев по турски) и останатата арогантана, тогаш ми се повраќа.

  • -1 глас

    Веќе ништо не е неможно. Ова е луда луда држава. Зоки под итно да се тргне од политика.

  • +1 глас

    Ваквите потези се девалвирање на целиот правен процес. Ако крадел, нека го судат. Но, спектакуларни притворања!? La Famiglia во акција.
    Впрочем, ако така тргнале, нека го притворат и Љубчо Георгиевски, за него има и повеќе од доволно докази.

    Дали влегуваме во фаза на веќе виден филм? Милошевиќ и компанија така се пресметуваа со политичките противници.
    Национал-популизмот ќе ни се удри од глава на сите, а најмногу на неговите главни пропоненти.

  • -2 гласови

    Ајдеее, и ти се најде за сходен да коментираш!

  • +1 глас

    Тоа и јас си мислам... Дали си мислат дека вечно ќе владеат. Дали знаат што ги чека денот потоа? Нив не може да им се извади доказ?

    Фала богу што на време открив дека политиката е ****.

  • +3 гласови

    За референца за тоа што не` очекува, видете ја претходната статија за тоа што констатирал вчера Советот на Европа во врска со состојбата на демократијата, правото и човековите права во Македонија.
    Претходно, тоа беше Србија - enfant terrible на Европа. Таму одиме ние.

  • +1 глас
  • +2 гласови

    „Морам да кажам дека приведувањето на потпретседателот на главната опозициона партија и градоначалник е сериозен акт. Многу е важно да ги повториме основните принципи кои доаѓаат во секое функционирање на демократијата, дека владеењето на словото на законот во секое општество подразбира пресумпција на невиност“, рече Фуере.

  • +2 гласови

    Па може да биде едноставно. Пиши пријава, земи му пасош, или стави му кауција, сеедно, па нека се брани. Не мора притвор. А и зошто притвор?

  • +1 глас

    Притворот стана практика на целиот судски систем. Политичарите открија добар начин да ги стават опонентите на превоспитување.

    Инаку за ЗЗ, мислам дека непотребно се крева прашина. СИТЕ се еднакви пред законот, и во случајов ама ич не е важно на каква позиција е тој, или какви професионални успеси има постигнато, како што не е важно ни кој број патики носи. Ако е крив, ќе лежи затвор, ако е невин, нема што да се плаши - та тој, та неговите партиски пајташи.

  • +1 глас

    Во овој систем нема од што да се плаши? Сигурен си?

  • +3 гласови

    Не сум сигурен дали ќе има објективно судење. Илјадници македонски граѓани немаат објективно судење или не успеваат да ја истуркаат правдата, па никој за нив не се стресе, или барем не толку многу. Матичната комуњара ќе оди во илегала, ќе закочува Парламент, одат по странски амбасади и плачат, си ја девалвираат земјата...

    Прашањето е: зошто си кубеме коси за политизираноста на судскиот систем кога на обвинителна клупа ќе седне политичар? Што има па толку значење да му се става на неговата професија или позиција во општеството? Ајде СИСТЕМАТСКИ да работиме на тоа да имаме подобар судски систем, а не КАМПАЊСКИ. ТОА ми е поентата.

  • +1 глас

    се сложувам за систематско решавање... инаку тука сепак некој друг ја деваливера земјата (прочитај цитат од фуере)

  • +1 глас

    Протестот пред судот не излезе од контрола кога специјалците го попречија движењето на поддржувачите на Заев

    http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...

  • +2 гласови

    Судот го пушти да се брани од слобода. Очигледно оваа бламажа со камери, лисици, марици, специјалци беше добро испланирана. Денес парното поскапе 60%, кумот на претседателот на собранието по 1 месечен стаж стана претседател на врховен суд, а ние никогаш не сме биле подалеку од ЕУ.

  • -1 глас

    [...а ние никогаш не сме биле подалеку од ЕУ...]
    И тоа, драги пријатели, е суштината. Груевски и фамилија НЕ САКААТ да одат во ЕУ, се` повеќе сум убеден во тоа.
    Во ЕУ немаше да може да го стави кумот за врховен судија.
    А и за посебна анализа е што точно од економијата профункционира како треба. Дали сме сведоци на создавање на македонски меур од сапуница кој - каде и да е - ќе пукне?

  • -1 глас

    Добро де, и да пукне. Битно е дали летнал у ваздух, и дали луѓето се внатре, кога ќе пукне :)

  • +1 глас

    :)) ЛоЛ.

    Инаку сериозно човек во оваа ситуација треба да има излезна стратегија.

  • +3 гласови

    И сега, откако целета ука-бука малку се намали, да кажам кој е главниот кривец за се`: СДСМ!
    Толку се распаднати, раскарани и меѓусебно закрвени што ВМРО им прави што сака. Да беше СДСМ јака опозиција, со единствена партиска политика, со силно присуство во Парламентот, никој немаше да се осмели да им го апси потпретседателот.
    А вака, со Шеќеринска во оставка, со кланови раскарани меѓу себе, без заеднички план за настап, можат само да се дерат пред судот (а веројатно, во покрајните улички, и да се тепаат меѓу себе).

    Тоа ви е како кога ќе победи Вардар во фудбал: не е толку добар тим колку што е слаб противникот. ВМРО, во својата популистичка хистерија, не би издржала ни две минути во нормална демократска држава - но со ваква опозиција, постигнува победи...