Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Во мојот претходен пост, ги наведов тезите со кои требаше да настапиме на состанокот (поточно, деловниот ручек) со министрите за информатика и за образование, Иво Ивановски и Петар Стојановски. Како што беше и предвидено, ручекот бидна.
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
1. Што беше за ручек? Кој најдобро се најаде и напи? Колку чинеше ручекот? Кој го плати?
2. Другото е само мачкање очи.
:) Точно - мачкање очи! :)
Не бев на ручекот, морав да откажам, но можеби ќе сакаш да прочиташ што се случило таму, и мене ми раскажаа.
.
Според она што сум го јадел на слични ручеци, прилично стандардно мени, во Александар Палас е обично подобро зготвено и повкусно од другите места. Предјадење, салата и главно јадење (бифтек, шницла или слично, со прилог од зеленчук/ориз/компир). Некакво вино, не прескапо, не странско. Нема некое расфрлање.
.
А кој плаќа? Ти!
Јас, ние, даночните обврзници.
Кога повикува владата на ручек, како сега, целиот калабалак е на нејзина (всушност наша) сметка.
Од тоа и се плашев: мачкање очи со мои пари. Сива зона на политичка и бизнис-политичка елита.
„Танка је линија што спаја и раздваја“. :-)
Состанокот не беше во корист на „елитата“, туку на образованието. Всушност, се обидовме на политичката елита да им „туриме со инка“ како треба да се одвива образование во 21. век.
.
А - јас елита!? Тешко, брат. Повеќе се гледам како рудар - секој ден на копање.
Парите со кои е платено се и мои, 20 години мојата компанија уредно плаќа данок, фала на прашање.
Бизарно, Вордан беше минусиран оти кажа дека ручал со наши пари
А не ни отишол на ручекот
А го платив! :)