Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Од теренот

пријавена од jpetrov пред 1 година, 7 месеци. (www.utrinski.com.mk)

„Програмата според која работат компјутерите е ’линукс‘, но него не го познаваат ни наставниците, а ни учениците кои им дозволуваме да сурфаат на Интернет колку за да не стојат мртви машините.“

станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +4 гласови

    А што друго да се очекува од Утрински?!

    За цитатот горе: зарем наставниците на подлежат на принципот „континуирано образование“?; зарем учениците знаат граматика и математика пред да почнат да учат за тоа на училиште?

    За текстот општо, „анонимен директор“ вели немале каде да ги стават тетратките, па зарем никој не чул да google docs? А да никој не е обучен за тоа.

    Единствено држи вода краткиот коментар за недостатокот на образовни апликации (што било обврска на USAID). Всушност требале на тоа да посветат многу повеќе внимание. Другото е беден текст за вакво важно прашање.

  • +2 гласови

    „вели директорот на едно скопско училиште, кој инсистираше да остане анонимен“

    Која етичка фигура за восхит, „успешен“ и уплашен role model за децата. Не е чудо што ова црвче чека НЕКОЈ ДРУГ да му ги направи компјутерите употребливи. Од ваквите сме на ова дно.

    Ало бе друже? Анонимен? Ако ти НАВИСТИНА се секираше за доброто на децата, ќе одеше низ градот со мегафон ако треба и ќе си го бараше тоа што ти следува. Преку глава од вакви без'рбетници што ни го „водат“ образованието, од вакви ќерка ми 3 години со ред учеше по ИСТА програма (исти книги, исти наставни планови).

    Уште па како „сведоци“ ќе ги земаат тие плукачите од Утрински.

  • +1 глас

    Да појаснам за „3 години“: еднаш во градинка, еднаш во “нулто“ и еднаш во прво одделение. Ја фатија сите можни „реформи“.

  • -1 глас

    Гудбајтс и Новица, го пријавив текстот токму поради загрижениот анонимец. Инаку колку што знам до сега е направено многу малку за обука на професорите - е тоа е веќе објективна причина.

  • +2 гласови

    Ова е навистина интересна дебата (и тешко дека може да се прави во коментари на кајмакот). Но, тенденциозноста не текстот е сепак очигледна. Голем број на професори по информатика никогаш немале обука за Виндос по кој предаваат (од проста причина што студирале во дос времето). Од друга страна пред овој потфат имаше уште 1 или 2 обиди со дуал бут кога професорите може да почнат да учат, но наместо тоа ги форматираа компјутерите.

    Објективно. :)

  • -1 глас

    апсолутно точно

  • +1 глас

    Уште поголем проблем ќе има у основните, каде што поголемиот број на професори по информатика се сосем нешто трето по струка.

    Целава работа со „комјутер за секое дете“ е ништо друго сем повеќе тендери и профит.

    Сепак на крајот на денот многу деца ќе добијат пристап до интернет и компјутер, што само по себе е добро колку и да бил идиот професорот. Ќе има пристап до вики, ќе може да се проверат „вистините“ од веронауката...

  • -1 глас

    Те разбирам Јован, а се согласува и со Ивица...

    Проблемите во образованието се многу длабоки, сериозни и комплексни. Ако таму не се воспостават високи критериуми, заедно со одличен систем за контрола, нема изгледи дека тој јазол во скоро време ќе се отплетка. Не знам што да речам, нека ми дадат едно школо, како пилот проект, па да им наметнам режим на работа каков што мене ми е наметнат, па ќе видиме резултати.

    Ете идеа, менаџери и сениор програмери од ИТ секторот да се постават за директори во јавните училишта, со одврзани раце. Ќе крцкаат коски, ќе чадат уши, ќе има комични ситуации, ама барем шкартот ќе се растресе како талог, тоа можам да го гарантирам. :-)

  • -1 глас

    ќе останеш без наставен кадар :)

  • -1 глас

    Aha. :-)

  • +2 гласови

    Шо знам, се мислам дали една ваква дебата би требало да ја организираме во некоја од стопанските комори и да се стави крај на ваквите небулози.

    Ама во тиња општество, неможеш да не бидеш ТИЊА!

    Универзитетот во Ајндховен, Холандија секоја година или секогаш кога ќе се случи некоја поважна технолошка промена организира летен курс за наставниците по ИКТ од основните и средните школи таму, министерство плаќа, универзитетот добива пари, учителите и децата знаење!

    Само ниту еден наш универзитет не размислува пазарно да го покрие и тој дел од пазарот.

  • +1 глас

    TUe го имам видено од прва рака, споредбава ти беше крајно неумесна со нашиве скромни институции :))

  • +1 глас

    скромен претприемачки капацитет, скромни институции ;-)

  • +2 гласови

    А за „Утрински“ важи, штом Мајкрософт ќе ти даде пари, ти плукај по Линукс!

    Толку знаат, уште помалку можат, а за тоа и им платиле!

  • +3 гласови

    за жал мислам не е толку едноставно - ете го линкот на технологија форумот - таму самите средношколци одат со тезата „линукс оти е без пари“.

    мислам дека ќе мора да се „меинстримува“ линуксот за да не доживува како зло.

  • +1 глас

    Па средношколци неискусни па незанаат, ама мејнстрим весник да лупа такви глупости е недозволиво.

    Едно е коментари на форум, друго коментар и статија во весник што се смета себе си за врв на македонското новинарство и кој се обидува да допре до македонската академска елита.

    Кај да се „меинстримува“? И како гледаш ти на тоа „меинстримување“?

  • +2 гласови

    Ух... Тоа би било повеќе нешто како мисија на ОССМ, приближување на Линукс на обичните граѓани. Како онаа акцијата со ИНет / Федора.

    Една идеја - ССМ да гостува на Слободан Томиќ. (колку смешна толку и сериозна идеја)

  • +4 гласови

    море треба целосен апдејт :) наставниот кадар! мора да почнат надлежните да размислуваат за бенифициран работен стаж на просветните работници, посебно за тие во основните и средните училишта.
    Колку наставници по информатика во основните училишта се во тек со IT случувањата?
    На крај, која е филозофијата да се совлада еден linux? :) демек тие Windows-от и то како го барателе претходно а?

  • +8 гласови

    Ја прочитав статијата и морав да ви кажам една случка која се случи во ОУ „Даме Груев“ Битола.

    Сестра ми сега почна 7 одд. и на првиот час по „Техничко образование“ наставниот имал таква смелост да му рече на учениците:
    - Ако сакате воопшто да ги пуштиме компјутерите ќе мора сите да платите по 150 ден. зошто има инсталиран на нив Linux а тој е многу спака програма.

    - И сестра ми после подолг разговор во стилот: „Не е скап безпари е. - Не спак е.“ му побарала адреса на наставникот за да му порача неколку Ubuntu CD-a .

  • +4 гласови

    Шо ве боди бе сите!? Сите да ќутиме за проблемот како што ќути Сител, Вечер и сите други припадници на GrujoMediaGoup? Чистата вистина е дека компјутерите не се користат ама баш за ништо во повеќе училишта... Среќа имаат тие ученици на кои им дозволуваат да ги вклучат за барем да сурфнат на интернет. Натписот од Утрински не е напишан против слободниот софтвер туку против неспособните, министри, државни секретари, службеничиња, уплашени директорчиња и даскалчиња. И од кого бара акција GoodBytes? Од некој уплашен директор или даскал кој е на позизија/работни место ЧИСТО ЗАРАДИ ЧЛЕНУВАЊЕ во политичка партија (ДПМНЕ/СДС)!? Па било каква проактивност од нивна страна ќе биде казнета со СМЕНА/ОТКАЗ? Факт е декаво моментов имаме еден куп компјутери во средните училишта кои во моментов.. а за жал и во иднина ќе служат само на пропагандата на власта.

  • +1 глас

    Партиските вработувања воглавно го вработија талогот на општеството, што со дипломи, што без, сеедно.