Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

ОД КОЈА НАЦИОНАЛНОСТ БЕШЕ АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ ?

пријавена од Persey пред 1 година, 6 месеци. (www.sitel.com.mk)

Од која националност беше Александар Велики ? Ова прашање, на 19 август оваа година го постави англиската телевизија Челинџ во еден од најгледаните квизови во Англија, Земи или остави. Прашањето беше кобното за двајцата кандидати кои одговараа на предвизвикот.

станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    После глупоста на Вечер за "обединувањето" на Македонија од Мајкрософт (бтњ Мајкрософт уште го третира нашот јазик како FYRO Macedonian), ова е полн погодок! За инает! :D

  • -1 глас

    Пфффф.. хихи... оф мори мајко! Е готово сеа, не ни треба веќе ниту една колективна организација - квизот од УК ја заврши две децениската политичка дилема. Сега на соседиве останува уште да си ја стават опашката меѓу нозе и да ги викнат нашите да си се вратат дома. :)))
    Не велам дека не ми е драго. Драго ми е - ама чисто од сеирџиски аспект. За инеат на грците. Сега да сум на местото на овие двајцава фаќам грчки адвокат, ја контактирам и грчката влада и правам тужба на векот против организаторот на квизот! :)

  • +2 гласови

    Согласен сум со тебе и мислам дека ова нема да помине незапазено посебно во Грција, ама шо да прам нека пукнат, радосен сум ама ептен! :D
    Еве што британски Telegraph им порача пред некое време кога се бунеа за Лезбос:
    "In a spirit of real friendship, someone should tell the Greeks that their current taste for historical indignation generates not sympathy but ridicule." - priceless :D

  • -1 глас

    Легни си... ќе ти помине. :)

  • +1 глас

    Ааа немат шанси! :D

  • +1 глас

    „нека пукнат“ фино. Кај стои тоа во Библијата кажи ми?

  • +1 глас

    Гемо (како што те вика перо), ти да не плачиш во моментов? Мака да не ти е а? Јас се изразив сеирџиски ете пак препрочитај погоре, "харекришна џанаку". :D Ова пријателски онака... за да ми се откачиш од вратов, пошто си се запнал за мене ко пијан за бандера со Библијата. Него до кај си бе со грчкиот? Како ојт?

  • -2 гласови

    hare krishna.

  • +2 гласови

    Абе зш ме минусираш? :D Оди на жали се на http://www.challenge.co.uk/ Lol

  • +3 гласови

    Гемо е масон.

  • +3 гласови

    Перо без тебе кајмаков не е тоа тоа :D Риспект!

  • -1 глас

    Шо не се клецните вие бе? :)

  • +2 гласови

    Гемо, ја се чувам за тебе :)))

  • +2 гласови

    Ете гледаш до тебе било, башка ти имаш прогеј ставови а јас сум строг и "досаден" конзервативец по таа тема. И башка од шо те сакет појке љуѓево, сакет да те клецнат тебе, шо да ти прајме таква ти била среќата :) А, и ќе заборавев ти форницираше срби, грци пред некој ден :)

  • -1 глас

    шо има лошо во тоа шо сум gay :)

  • +3 гласови

    Gaylord, battyman, spunken :))

  • -4 гласови

    шизофреничарите ојачно бараат знак како доказ дека нивните халуцинации се реалност. Се изнагледавме бил гејтсови, квизови и чуда

  • +4 гласови

    Аман бе јпетров малку забава за широки народни маси. Денов почна со идиотлукот на Вечер и тамам пред да завршит дојде оваа уба сеирџиска вест да се разведриме. Или можеби е дело на некој инфилтриран вмро-нпк-еовец во Challenge TV, што би рекле некои од најредовните посетители на кајмаков. :D Сериозно не ти беа смешни скислените фаци на "енглезите", барем малце? :D

  • +4 гласови

    Лажат бе англиските нацифашисти. Масло е ова на Груевски, тој има платено на квизот дебели пари да го направат ова. Кажи ЈПетров дека така е?

  • -2 гласови

    не бе, поентата ми беше, се потепавме од барање на „идентитетот“ по квизови и сајтови за временска прогноза. тоа е доказ дека не знаеме каде да го побараме. Него не може ништо да го наруши и одземе бидејќи тој е во душата на секој македонец. Е тоа драги мои е вистинската глупост на Груевски и неговата медија-фабрика.

  • +1 глас

    да ги ебам грците, да ги ебам србите, македонско име нема да загине...!!

    :))

  • +1 глас

    Аман бе дете само пцуеш денојве, шо е работава, прво почна на усб МАС типот, сега овде :D

    И да македонско име нема да загине, ама без да "таквам" некого! :D

  • -2 гласови

    иронија :)

  • -2 гласови

    jpetrov , дур објасниш што си мислел влезе квизов во учебниците по историја за пето одделение..а мислам и во нашата идна “британикка“ енцкл. :)

  • +3 гласови

    A бе ЈПетров, токму тука се добива војната. Колку и твојот цинизам што те гризе да не ти дозволува да го видиш успехот, факт е дека на просечен жител на В.Британија со ваквите квизови многу полесно ќе им се долови целиот случај за Александар отколку илјадници напишани книги од македонски или промакедонски историчари.
    Токму поради популарната култура, денес голем дел од светот (вклучувајќи те и тебе) го цени грчкиот апартхејд и геноцидот што го спроведува грчката политика кон малцинствата. Токму поради квизовите просечните жители низ светот мислат дека Александар е Грк, што е катастрофална дебилна глупост како некој да тврди дека Џингис Кан бил Кинез.

    А, тоа дека медија фабриката на Грујо го има направено и ова масло и дека Британците станале нацисти откако Грујо ги поткупи, тоа знаеме, ти ни кажа ;)

  • +2 гласови

    Џингис бил Кинез?!

  • +3 гласови

    Лавот... На 15то прашање на македонскиот Милионер. Прашање - Некои мали острови во близина на аргентина се:

    а) Артгентински
    б) Бразилски
    в) Англиски
    г) Португалски

    точен одговор: Г

    Ја сваќаш што е поентата на дабл-ор-натинг прашањата? Да ги заштедат парите на газдата на квизот, бидејќи сите ќе одберат или Аргентинско или Англиско. Јбг, од ова може да се заклучи дека прашањето е всушност поразителен доказ дека иако Александар е македонец, просечниот жител на светот го доживува како елин. Исто како што иако просечниот бугарин можеби по генетско потекло не е чист словен, но цел свет го разбира како словен.

    Разбираш што е поентата? Те разбираат и гледаат според КУЛТУРНИТЕ ВРЕДНОСТИ кои ги имаш и ги носиш со тебе. А Александар, ученикот на Аристотел бил дете со две татковини - исконски македонец, но културно (сакале или не да признаеме) елин.

  • -1 глас

    Аристотел е Македонец.

  • -1 глас

    Еве шо велат нашите братија :)

    http://albhistory.netfirms.com/famousalb...

  • -1 глас

    http://en.wikipedia.org/wiki/Aristoteles...

    "was a Greek philosopher, a student of Plato and teacher of Alexander the Great"

  • +2 гласови

    http://en.wikipedia.org/wiki/Talk:Aristo... - прочитајте ја дебатата, па ако ете Персеј има нешто паметно да предложи како доказ - тоа е местото.

  • +1 глас

    Искрено ме заболи што бил Аристотел и сите негови современици.

    Ние неможеме да се договориме 2001 што беше за да стаиме во учебниците по историја, а комоли пред 2300 години.

  • -1 глас

    Лавот: „факт е дека на просечен жител на В.Британија со ваквите квизови многу полесно ќе им се долови целиот случај за Александар отколку илјадници напишани книги од македонски или промакедонски историчари.“

    За да биде факт треба да се измери и научно потврди. За жал, бројот на такви книги достапни на западниот пазар не се мери во илјадници, ги има помалку од прстите на една рака. Илјадници се оние поинаквите. А во тек на десетици и стотици години, таквите книги влијаат на популарната култура и широко прифатените уверувања.

  • +2 гласови

    Развигор, македонската историографија е премногу млада, а и над 45 години беше под притисок на ЦК, па не смееше многу да работи на античката историја заради некакви виши пројугословенски мотиви.
    Од 1990 па наваму се напишани еден куп книги за античката историја, кои рака на срце во поголем дел се шалабајзерски.
    Но, те уверувам дека меѓу светските историчари има добар дел кои го препознаваат грчкиот фалсификат и тврдат дека е небулозно да се тврди дека Александар бил Грк.

    Како и да е, еден ваков квиз, ќе натера илјадници Британчиња што го гледаат да се помислат што бил Александар. Тоа и тоа како ни оди во прилог нели?

  • -2 гласови

    Лавот, навистина од 1990 г. навака во Македонија се објавени куп книги, да речеме десетина, но тие се (претежно) за внатрешна употреба - како и поголем дел од пропагандата на темава. Таквите книги најчесто се аматерски, непреведени и не според стандардите потребни да ги земе предвид некој странски издавач.

    Знам само за еден сериозен обид во МК да се издаде дело на англиски кое потоа би станало достапно на глобалната јавност, со „Воената историја на Македонија“.
    http://www.militaryhistory.com.mk/

    Но и во овој случај мислам не беше воспоставен деловен однос со кој би се овозможила продажба преку странски книжарници или е-продавници.

  • -2 гласови

    Дека споменувањето во квиз ќе има влијание, сигурно ќе има, ама дека е тоа нешто епохално, не би се согласил. Најдобар пропаганден ефект се овозможува со свесно усвојување на пораките кои се добиваат континуирано во контекст, а не со спорадични споменувања. Да речеме, зошто нема емисии на Вајоком хистори или Дискавери чанел за минатото на Република Македонија. А има за с’е и сешто, и тоа не се сите нивна продукција, туку се преземени од ББЦ, Чанел 4, австралиската ЦБС и низа други продуцентски куќи. Сигурен сум дека ако во Македонија се направат документарци според модерните стандарди дека ќе може да се продадат на вакви странски ТВ куќи. Каде се?

  • -2 гласови

    Еден важен пример е и Васил Топурковски, кој издаде книги за Александар Македонски. Кој беше ефектот од таа книга во странство?

    Препорачувам да се прочита отвореното писмо од блогот Маседониан тенденси, ептен има врска со темава.
    http://david-edenden.blogspot.com/2006/1...

  • +3 гласови

    Развигорче, па немаат сите гласачка машинерија како твојата бе.. добро де, СеДеСето има :), ама тие се занимаваат со лапање пари, а не со патриотизам. Еве, кажи им ја на Циле, на Ванче и на другите шо пишале книги за историјата на Македонија, како треба да се набилда рејтинг, верувам ќе станат бест селери.
    + Ако даваат поклон цд со girl from Vinica, или Д' бест оф МК форникејшн.. ќе биде топ тема во светот :)

  • +2 гласови

    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D1%8...

    Аристотел (грчки: Ἀριστοτέλης) (384 п.н.е., Стагира, Македонија – 7 март 322 п.н.е., Халкида) бил македонски философ.

  • +2 гласови

    Аристотел се родил во 383 година пред нашата ера во Стагира, во југоисточна Македонија. Овој предел околу родното место на Аристотел бил на тромеѓието на кое се судрувале Хеленската, Тракиската и Македонската култура, па затоа сеуште се отворени дискусиите дали Аристотел е Хелен по потекло, како уверуваат грчките историографи аргументирајќи дека овие предели биле колонизирани од јонските племиња кои дошле пред многу години од месноста Андра, или пак по потекло е Македонец, како тврдат македонските историчари аргументирајќи дека неговиот татко Никомах бил дворски лекар во дворот на македонскиот крал Аминта II, Аристотел бил учител на Александар и бил осуден и протеран од Атина за македонофилија и асебеја

  • +2 гласови

    Според вас, драги мои македоно-негатори, Гоце Делчев е Грк, затоа што Килкис е грчки град, а лицето квази-прецедник Б.Ц. е Србин, Хрват или Бошнњак, затоа што е роден во Сараево.

  • +2 гласови

    А бидејќи неодамна открија cropcircle со неговиот лик, можеби е...

  • +3 гласови

    ...Марсовец. :)))))))

  • +3 гласови

    That's the right answer Mr. Pero, you've just won £23,505 on out quiz Take it or leave it! Congratulations!

  • +3 гласови

    on our quiz. Aaargghhh :D

  • +3 гласови

    pero, пред 7 часа, 8 минути
    +2

    „Џингис бил Кинез?!“

    Александар бил Грк?

  • +1 глас

    Па тие Енглезиве ништо не знаат. За некое време ќе викаат оти Хитлер бил Германец, а Черчил Шкот :)

  • +1 глас

    Прашањето е како измислено за на квиз... :)

  • -2 гласови

    Абе каков Грк, Македонец, па чак и Албанец... Александар бил Влав. :)))