Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
за сите news nerds, "нов" дизајн, нови категории, приказ на најнови вести, итн.
станала популарна пред 1 година, 4 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
RSS?
Ова не личи на news.google.com?
Па човекот што го прави работи во Гугл, шо очекуваш повеќе :)
Сервисот е страшно добар, не знам зошто и претходниот пат кога беше пријавен имаше негативни коментари: http://kajmakot.softver.org.mk/tehnologi...
Уште РСС забелешката на Глиша, и ќе биде ѕвер. А за личење на њуз.гугл личи, а тоа според мене е добро. Секогаш сенешто на нешто личи :)
1. Авторот е поранешен вработен во Гугл, можеби тоа ја објаснува сличноста со Google News.
2. За употребливоста: јас ги тргнав СИТЕ линкови и РСС извори од Google Reader за вести на македонски јазик и сега исклучиво се информирам со отворање на http://time.mk/ неколку пати на ден.
Честитки до Игор Трајковски.
Можеби сличноста е слабост, но начинот на кој работи е добро изведен. Честитки и од мене.
Главниот мој проблем е што немам доверба во нашите медиуми. Ниеден алгоритам (досега) не може тоа да ти го „класифицира“.
Фали секција за технологија + како што беше кажано РСС. :-)
Освен тоа, одлично изгледа.
Секција за технологија фали кај медиумите, не кај TIME.mk. :-)
on.net.mk и 365.com.mk ги превземаат вестите од TIME.mk
да?:)
Со тоа што се исто сортирани. :)
http://on.net.mk/includes/news_cat.asp?c...
http://www.time.mk/index.psp?slot=3&...
А на 365.com.mk си пишува дека се од time.mk.
http://www.365.com.mk/index.php?option=c...
А зошто точно ви треба РСС и што би добивале на РСС? Дајте да помогнеме малку конструктивно :)
Прво што ми паѓа на памет е дека едни исти вести (од различни извори) ќе доаѓаат во фид, искрено без потреба.
Од друга страна ако веќе има фид би сакал да ги има повеќе и да се поделени по теми, и да може да се избере што да доаѓа. Знам може претерувам, ама коментаров нема намера да биде критички туку да биде од помош за развој на сервисов
Ајде да сме конструктивни:
1. Фидот не би требало да ја пренесува цела вест и нејзините дупликати, туку како што е сега на сајтот: една вест е прикажана со наслов-линк и првите реченици, а сличните се со линкови. Истото ова би бил еден feed item, па ти кликаш на линкот кој го претпочиташ.
2. Втората идеја значи дека треба да има: сумарен фид со цела содржина како на насловна, потоа фид со најнови, фид со топ вести, и по еден фид за секоја од осумте категории кои во моментов ги има на агрегаторот.
Големата работа веќе е завршена, ова со фидовите е со релативно многу помал опсег.
Сепак, мене ми е сосем ОК и вака, да си читкам вести од сајтот (една страна е, се отвора за 3 секунди). :-)
браво, сајтот е супер.
каде е кодот?
View - Source code. Таму е. Кодот, та кодот...
тоа не е ни View-то :)
финтата е што според мене, би било фино да се објави материјата што ја генерира HTML страницата, би било едукативно и транспарентно. А и супер би било со оглед на искуството на авторот, многумина ќе може да учат од искусен Гугл програмер.
Поздрав
Уште поново руво за луѓе што сурфаат на поголеми резолуции (поконкретно, со минимум 1280 пиксели хоризонтала)
http://userstyles.org/styles/12888
нема едит а заборавив да кажам дека само за луѓе со „огнена лисица“ кои имаат инсталирано екстензија Stylish
Уште едно нешто што ми недостасува на Time.mk. ПРЕБАРУВАЊЕ.
Почнав да си го користам и како пристап до архива на вести. и ми зареба такво нешто. Покрај другото се разбира се соочив и со промента на пермалинковите на Дневник :(