Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Советот за радиодифузија најостро реагира поради крајно неетичкиот медиумски третман на грозоморниот настан во кочанското село Оризари, емитуван во ударните вести на сите национални медиуми.
станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Го прочитав текстот... и сеа што?!
Критика, објаснување што направиле, совет... и што со тоа?
Додека не ги лупнат по џеб - ама онака дебело со казна не помала од 50.000 Евра ништо нема да се смени.
Море да ги лупнат на улица до лешот шо го снимаат треба.
Што се нема да направат за проклет публицитет. Тоа ти е трипот на боки 13ка, абе гомно на сред плоштад ќе јаде само популарен да биде. Ахххх :-(
А за што станува збор? Не следам вести... па ова ми е онака... безначајно :-/
Лешинари е мал збор...
Одвратно. Прв пат кога слушнав, ми се згади и некако 5 минути бев како зашеметен, толку ми дојде бљак. Јас не сум нешто посебно емотивен човек, па само можам да пробам да замислам како веста ја доживеале некои поемотивни луѓе. Во секој случај, грозно...
Во Македонија има само неколку новинари.
Останатите не треба да се нарекуваат така. Не се ниту лешинари - тоа се збунети, лошо воспитани, неписмени, слабо образувани, неинформирани, неталентирани, корумпирани, бескарактерни луѓе кои ја промашиле професијата.
Требале да бидат нешто друго - некаде каде нема да прават толку штета на општеството.
Вордан: „Требале да бидат нешто друго - некаде каде нема да прават толку штета на општеството.“
Ааа, извини, местата во државна администрација се веќе преполнети. :-))
Хех, вистина збориш, Гудбајтс. :)