Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Помеѓу невладините организации кои ги поддржаа средношколците од Струга, се најде и таква од платниот список на Владата. За „Мак сонце“ од Струга од буџетот за граѓански здруженија и фондации се одвоени околу 310.000 денари.
станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Предлагам да си формирате една невладина, „Комитски слободен софтвер - Македонија“ и оп 5000 €.
Проекти: „Заштита на идентитетот преку слободниот софтвер“ и „Букефал 2.0 - образовен историски софтвер за деца - научете да бидете воин во фалангата и многу други поучни содржини“ :)
За ова барем 50000 € треба да се добијат. Па унутра тајно ќе се убацат пораки за толерантност и како Ацо бил познат по градење библиотеки и зближување на луѓето :)
Ми текна уште нешто - слободен софтвер за мали дечиња - Букефал пее песнички
а „слободни букефалови муда“ ?
Толку се неинвентивни, дури и името им звучи лепачко-плакатски.
Само да ми е да чујам кој спин Латас ќе им го залепи. Раскажете овде, ве молам, Сител не гледам, Вечер не читам.
Епа зошто те интересира ако ни го гледаш ни го читаш? :)
За забава, зошто инаку?
Сеирот е стара античко македонска традиција (со арапско име).
Важечка „суб-политика“ на владеачката партија е „NGOs are evil“. Не треба да се биде многу голем аналитичар па тоа да се укапира од хистеријата на про-владините електронски лепачи на плакати по он-лајн форумите и, впрочем, самиов Кајмак. Потсетете се само на погрдните „Соросоидни“ наслови на квази-блогерите.
Се прашувам како се вклопува ваква стратегија на нивните налогодавци со создавање на диригирани квази-НВО? (на крај ќе испаднат НЛО).