Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
„Само еден кандидат се пријавил на новиот државен Технолошко-технички факултет во Велес кој од оваа година го отвори битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“, додека ниту еден не поднел документи на новоотворените дисперзирани студии на овој факултет во Кичево.“
станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Тоа ти е. Кога на економски во Прилеп не учат анализа на пазарот...
Или е тоа или граѓаните се глупи :)
Технички во Радовиш, Електро во Пробиштип и Машински во Виница... Што е следно... Оперски пејачи во Долнодупени и невро-хирурзи во Богомила? :))))
Место да се ебаваат со отварање дисперзирани студии во секое градче требаше универзитетот Гоце Делчев да го направат како универзитетски комплекс со студентските домови и факултетите на исто место да биде интересен студентскиот живот.
Така може и ќе ги заинтересираа студентите да студираат во Виница или кај и да му најдеа место.
Нема правен, економски и медицина. Не ме ни чуди што малку се запишуваат...
Проблемот е што и да има во секој град во Македонија по неколку факултети, пак во Скопје секоја година ќе се шири квота =)
Зошто мислиш така? Не се потребни, или не си ја вршат работата како што треба? Ако е второто, треба да се реформираат, а не да се затворат.
mitko, сум пишувал порано за тоа дека конкретно компјутерските факултети не вадат работна сила која е употреблива во денешниот ИТ бизнис. Еве:
Објективно гледано, високото образование беше во криза и пред овие безвезни „факултет во секое село“ акции.
Не ги заборавајте сомнителните приватни факултети, од кои ама баш ниеден не можам да издвојам како чист и исправен. Потоа, тука е и Универзитетот во Тетово, кој е трагедија за себе. Единствено нешто што функционира како што треба е Штуловиот универзитет.
УКИМ е во перманентна криза веќе со години, благодарејќи, меѓу другото, и на катастрофалните ректорски (не)способности.
Јад и беда на сите страни. Тешко на младите, нема ни кој да ги учи, ни каде да учат.
Катастрофата со сеуште неродениот Универзитет за информатика е следното што ќе се случува.
Почетокот ненадејно го поместија за една година подоцна, а ги откачија и сите оние кои се пријавија да предаваат таму (и ги ставија во позиција да бидат понижувани на своите стари работни места).
Во посета дојдоа два-тројца странски професори (за кои никогаш не сум слушнал), кои наводно ќе предаваат таму, но тоа е далеку од потребниот и (прокламираниот) број.
Ај, ќе видиме...