Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Македонија назадува по прашањето на родовата еднаквост

пријавена од razvigor пред 1 година, 4 месеци. (feministik.blogspot.com)

Во последните три години Светскиот економски форум бележи константен пад на индексот на рамноправност меѓу жените и мажите во Македонија...

станала популарна пред 1 година, 4 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Не можат да постигнат госпоѓите. Зафатени се со ајварот...

    :)

    (ок, ок, се шегувам)

  • +1 глас

    Доста е загрижувачки тоа што ем има малку жени во владеачките структури, ем тие што се таму, молчат.

    http://razvigor.blog.com.mk/node/193574

  • +1 глас

    „ем тие што се таму, молчат“

    ... освен Роза, таа не премолчува никому и е секогаш пред панелот за коментари. :-)

    За темата, јас немам ништо против родова позитивна дискриминација при избор на пратеници, односно поделба од 60 места за жени, 60 за мажи. Не е идеално решение, но барем ќе гарантира промена на начинот на кој се гледа на родовата еднаквост во Македонија.

  • +1 глас

    Да ми простите, ама жени во Македонија има некаде околу 51% мислам. Тоа е и повеќе од доволно да се изборат за што и да им падне на умот. Тоа што се „дискриминирани“ во парламентот и во останатите институции се должи на една од четири можни причини:
    1. неспособни се
    2. пасивни се
    3. така им чини
    4. имаат друг приоритет (и тука ќе посочам кон коментарот на Вордан :))

    Сериозно... дебутантно е да се разговара на оваа тема.

  • +1 глас

    Во секој случај, современите општества се движат во правец на вистинска родова еднаквост, што во реалноста, што во менталниот склоп - кој треба да се промени и кај мажите и кај жените.

  • +1 глас

    не е „дебутантно“ ко прво.

    ко второ - не е така едноставно ако си мнозинство да се избориш за нешто. погледни ја историјата на работничкото движење - иако секогаш биле во мнозинство, дури откако се организирале во синдикати и партии работите почнале да се раздвижуваат и сеуште не се таму каде што би требало да бидат.