Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Македонија балканска силиконска долина?

пријавена од kzograf пред 1 година, 5 месеци. (novamakedonija.com.mk)

Доброобразован кадар и високо познавање во информатичката технологија, пониски цени на трудот во споредба со европските пазари и предност во давањето услуги на „пократки“ релации. Ова се адутите со кои ќе настапат македонските информатички компании пред американските гиганти во ИТ.

станала популарна пред 1 година, 5 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    имаше прилог на канал 5 кој се однесуваше на нешто слично, со изјава на германски експерт за „европските“ перспективи на telecommute работници од Македонија, али заради викендашкиот застој, видеото од саботните вести го нема уште објавено на нивната страница.

  • +1 глас

    ова е прилогот во интегрална форма - сепак го објавија денес - http://www.youtube.com/watch?v=Q7bMPQxVM....

  • +7 гласови

    мора да просерам:

    не, македонија е светската силиконска цицка.

  • +1 глас

    Само едно да ви е јасно: сите белосветски „експерти“ што не` фалат и не анализираат се всушност head-hunters. Во безбројните состаноци што сум ги имал, секогаш сум се расправал со нив, затоа што многу ретко се случува некој да дојде и да понуди наша ИТ компанија да работи како подизведувач. Сите бараат програмери, или овде, или да ги преселат кај нив.
    Тие „експерти“ ќе бидат и гробари на македонската ИТ индустрија, затоа што ќе ни го однесат и ова малку кадар што го имаме.

  • +1 глас

    А да си „прокењам“ и јас:
    Најголемиот број на компании во делегацијата се всушност ИТ трговци, „со добри деловни односи“ (купи-продај односи, јеби га).
    Немојте да си помислите дека Мајкрософт, освен сегашнава трговска испостава, ќе отвори и програмерска фирма во Македонија.

  • +3 гласови

    Ама и тоа има две страни - понекогаш полесно им е да се договорат со девелоперите, отколку со нивните газди, а и поефтино. Али некогаш, сакаат менаџментот да биде домашен, да имаат доверба дека некој одржува контрола, макар за повисока цена.

    А за тоа дали ќе бидат гробари - не ми се верува. Македонските компании избираат дали да бидат погребани - преку односот и бенефициите (не само парични) кон своите вработени.

  • -1 глас

    Па не е така едноставно: „Дај им поголеми плати на програмерите за да не избегаат во странство“.
    Цените на софтвер кои можат да се постигнат овде, во Македонија, се најмалку за една нула (на крајот) пониски од оние во развиениот свет. Според заработката мора да се планираат и трошоците, па и оние за работната сила.
    А зошто се цените толку ниски? Почнува од индолентниот однос на државата кон пиратеријата, преку севкупно слабата економија, до малиот пазар, проблемите со извоз (сеуште сме „дива територија“ за големите странски купувачи да ни дадат доверба...).
    И не заборавај една од главните причини поради која доаѓаат странците по вработени се токму ниските плати. Има уште... ама нема овде место.

  • +2 гласови

    Апсолутно не е едноставно, затоа и нагласив, не само парични бенефиции за вработените.„една од главните причини поради која доаѓаат странците по вработени се токму ниските плати“ - точно. Следствено, ако вработените се среќни кај нивниот работодавач, нема да си одат за малку пари повеќе.

  • -1 глас

    Не верувам дека е (ќе е) силиконска долина.

  • +1 глас

    Не знам само дали силиконска долина или робовладетелска долина ќе праиме со фирми како Сивус. И другите не се поарни. Еден интересен факт, ова го слушнав од вработен таму - Во одделот за компјутерски криминал во МВР вработените зимаат 250-300 еур плата. Мислам дека ова кажува доволно за тоа колку е сериозна државата во врска со ИТ општо.

  • +2 гласови

    А за текстот што да кажам, уште едно бесценето ремек дело на македонските новинари. Никогаш нема да известуваат за реалноста поради тоа што не умеат да истражат и да пробаат да ја разберат природата на проблемите туку куцаат на памет и продаваат муда за бубрези. Џонсон Електроникс отвориле фабрика, голем кур, им даваат 15к мкд плата на машински инжинери, кои што со нивните дипломи можат да си најдат работа било каде во ЕУ и да живеат 10 пати подобро него ли дома. Истото важни и за искусни луѓе од ИТ сферата, да седиш у Македонија за 300 еур плата е ненормално според мене.

  • +3 гласови

    1. Ме нервираат фирми обесени на државна цицка, за шеткање и промоција на својот бизнис.

    2. Ако денешната реалност е дека за програмерите во земјата Х има поголема побарувачка, тогаш логично е дека платите треба да им одат нагоре, независно дали тоа им одговара на сопствениците на ИТ фирми.

    3. Телекомјутинг носи пари, носи знаење, референца, искуство и слично. Како може тоа да биде лоша работа?

    4. Моето искуство е дека работа има, но програмери со знаење и искуство нема.

  • +4 гласови

    5. Ова го заборавив: никој не спречува ЛОКАЛНА фирма да работи за ГЛОБАЛЕН пазар. Од технологија ти требаат компјутери со интернет, од ресурси способни програмери и водач(и) и само една добра идеја. Милионите долари се на дофат.

  • +3 гласови

    образование ни фали

  • +1 глас

    И знаете каде е заебот?
    Прашање е дали на оние компании кои се во делегацијата Грујо и свитата ќе им помогнат или одмогнат? Мислам, со самото тоа што се присутни.

  • +1 глас

    Јас искрено не знам кои фирми отишле на промоција на државен рачун, не ме ни интересира - нека си мислат тие самите колку им е ок бизнисот ако им е потребна држава да ги одржува профитабилни.

    Затоа стојам на ставот дека ниедна фирма не треба да користи такви поволности. „Држава“ не е шетач на фирми по светов, барем не во мојот речник.

  • +1 глас

    На еден од рекламните спотови на владата се појави некое типче од Сивус - претпоставувам они и ја водат целата делегација.