Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

„Македонија - Вечна“ на Манчевски доби награда

пријавена од DImce пред 11 месеци. (kirilica.com.mk)

Колку само се зборуваше за овој рекламен спот во негативна, уметничка и финансиска смисла.

станала популарна пред 11 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    ма што знаат тие таму на Меѓународниот фестивал за туристички филмови, си имаме ние домашни експерти кои знаат повеќе што е добро а што не :)

  • -1 глас

    се разбира, да не добиеше награда, тогаш ќе беше заговор и грчко лобирање на манифестацијата.

  • -3 гласови

    Кога нешто ќе излезе добро, важно е никогаш да не признаеш дека е така. Па мрчиш, мрчиш бидејќи не важно дека е од Македонија важно е дека е создадено од другата страна. А колку другата страна повеќе изгради повеќе ќе треба да се руши. Напорно нели?

  • +1 глас

    ...а да немаше спот!?

  • +3 гласови

    Каква сака награда нека добие, мене спотот не ми се допаѓа.
    А успешноста на истиот не се мери преку некои си таму награди за уметнички достигнувања, туку преку разликата во бројот на туристи од минатата година до оваа и количината на искешираните девизи од странските туристи од подрачјата каде што истиот беше прикажуван.

    Нека помине сезонава, па ќе правиме муабет колку бил добар спотот.

  • -1 глас

    Успешноста ја мерат соодветни луѓе со познавање на ваква уметност. А доколку не сте на иста бранова должина со соодветните жирија за вакви работи, или не сте многу во тек со уметноста или си земате за право да коментирате нешто за што појма немате.
    Милчо Манчевски барем си е докажан во својата работа.
    Ако сте туристички работник барем едно е сигурно имате изговор зошто само вашите аранжмани останале непродадени.

  • +4 гласови

    DImce, спотот беше нарачан... платен... и се сними со одредена цел - промоција и привлекување на странски туристи. Точка.
    Неговата успешност може и кај сите прагматични луѓе ќе се мери според тоа колку истиот ја исполнил целта. Се останато е споредно.

  • +1 глас

    Мислам дека многу малку го критикуваа спотот од технички аспект. Критиката беше насочена кон пораката,сликите, недостатоците во спотот и тоа што самите македонци не се баш нешто препознаа во спотот.
    Нешто слично како и со Пред Дождот филмот, голем број не можеа да го сварат и да го прифатат таквото “претставување“ на земјата во светот. (рурална албанска средина,бурки,ѕидови, суви камења). Арно ама, филмот имаше голем успех. Значи тоа што нам не ни се допаѓа не значи дека и на нив нема да им се допадне.

  • +1 глас

    Интересно е и тоа што никаде нема некој линк податок во врска со оваа вест. Наводно, доделување на вистинските награди за туристички спот филм се накај октомври и обавезно во виена. А да влезеш во таа тесна конкуренција треба вака да стигнеш прв на помалите организирани фестивалчиња.
    Е сега можеби се работи за нешто сосема друго штета што е така тешко да се дојде до инфо за ова.

  • +1 глас

    На иста бранова сум со Злочко. Ако наменат на споот беше да се направи уметничко дело ОК, наградава е постигнување на резултат. во спротивно....

    ова е исто со наградата (листата) од пред некој ден кога македонсакта кампања (или агенција, не се сеќавам) за привлекување инвестиции беше меѓу првите 5.

    Дали и тоа е успех? и покрај тоа што од инвестиции нема ни ......

  • +1 глас

    Од уметнички аспект може спотот да биде добар. Има и хорори одлични од уметнички аспект.

    За привлекување туристи, јас мислам дека беше страшна утка. Одговорете искрено, да го видите истиот, ама баш истиот спот за некоја земја за која не знаете скоро ништо, дали би потрчале да ја посетита заради тоа колку добро е претставена во спотот? Јас ви гарантирам дека не.

    А веќе пишуваше мислам во Financial Times дека спотот единствено што правел е плашел мали деца. Страшен е, дефинитивно, и ни на крај памет не би ми паднало да фрлам пари за да ја посетам "таа земја".

  • +1 глас

    Седнав да пишам коментар и гледам zlochko i roxy више кажале тоа што наумив :) Да не се лажеме, и на интернационално ниво си ја имаат они на ти го - дај ми го со награди, не значи дека тоа е така овде, но поважно е како нацијата на која се однесува (и ја претставува спотот) се чувствува како е прикажана и сума сумарум, дали ќе донесе туристи. Тоа е, другото е сѐ опционална расправа.