Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
- Пред се, Македонците се Македонци, а не Славомакедонци како што вие ги нарекувате поради политички причини. Најголем дел од Македонците се директни потомци на античките, а многу помал дел имаат словенско потекло, е одговорот на институтот на прашањето на една Гркинка за нашето потекло
станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
ете конечно се дозна вистината ... Македонците не мора да се плашат за својот *идентитет* ... сега може да продолжиме?
што е следно, ќе ја правиме републиката да личи?
Следно... некој да се најде и да испрати од хунзите малце крв па да видиме дали навистина ни се далечни роднини.
Не ради друго туку да се разреши тоа дискусија оти како народ се поделивме и по ова прашање... впрочем како и за се друго. :))
Некој на крај ќе се смее, а баш би сакал да видам кој ќе биде.
И како второ. Време е да се затвори глупавата расправија за тоа кој е поголем македонец и дали македонците се грци. Дека се грци, очигледно не се пошто имаат различни генетски маркери. Интересната статистика од IGENEA гласи некако вака:
Во Македонија населението е процентуално со следниве потекла:
30% македонско
10% илирско
15% хеленско
5% феникијско
20% германско
5% хун(ско) wtf?
15% словенско
Во Грција населението го има следното потекло процентуално:
10% германско
10% илирско
20% словенско
20% феникијско
5% македонско (на север е 18%)
35% хеленско
Значи гледајќи ги резултативе, заклучокот е - џабе кавгите. Мање-више исти тртушки сме. Ве повикувам да побараме „ладни глави“ и во грција кои би ги прифатиле резулативе како егзактни и да почнеме полека со помош на истите секој во својата земја да шириме малце поразлично разбирање за работите, пред од овие последни 20 години нетрпение да се изроди некоја поголема глупост.
Но да се разбереме.. името не го давам и не дозволувам да се измени! Имам право да се нарекувам македонец. Тоа е работата што би требало да се објасни во грција на грчкиот народ.
среќа гркинката прашала за нашето потекло :))
Смеам да прашам зошто не гласаш за статијава. Веројатно сметаш дека не е вредна за да се гласа, ама мене ме интересира зошто е тоа така?
Оти не гледам како ДНК ќе ми помогне во мојата иднина? Знаеш дека за времето на Туѓман сите хрвати беа уверени дека биле вавилонци, плати дури и некои научници да го лажат народот? Па кај е сега туѓман, а кај хрватска? Дали сега некој хрват се чувствува за вавилонец?
БТВ, мое демократско право е негласањето, особено кога се работи за Вечер
Јебем ли га. Утрински сигурно нема да ја објави оваа статија, сем кога веќе стане толку очигледен факт, да нема каде да бега. :)) Мада, реално за Вечер - ти ја разбирам резервата комплетно. Гласањето ти е апсолутно загарантирано право. Мене само ме интересираше причината.
ДНК истражувања не знам дали ќе ти помогнат да имаш подобра иднина, ама не гледам ни игнорантскиот однос дека нешто особено ќе ти заврши работа.
ок еве гласав - не е тоа проблем. јас го поздравувам фактот - дека сме мешавина на се. како и сите други. контекстот од друга страна е злоупотребен.
Околу гените, се сеќавате на извештајот направен од неколку научници во Department of Immunology and Molecular Biology, H. 12 de Octubre, Universidad Complutense, Madrid, Spain?
Они тврдат дека Македонските гени се блиски со гените на медитеранските народи додека Грчките со суб-сахарските (на пример Етиопија).
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/11260...
http://my.opera.com/ancientmacedonia/blo...
Пих!
„Вечер“ не може да се употреби ниту за бришење на задникот, а вие развивате некаква дискусија според негов напис.
Пих... Вечер не е тука на дискусија, одредени резултати од одредено истражување се дискутираат.
http://www.igenea.com/
И?
Им го виде сајтот? Комерцијални услуги за одредување на ДНК. Не се баш некоја научна институција.
Мислам, ме заболе таквиот кој е генетскиот материјал на Македонците, Грците, Хунзите или Шпанците, само велам дека се` што ќе објави Вечер треба да се земе со гоолема доза на скепса. Главен уредник му е Латас, па сега види...
Впрочем, кој воопшто чита Вечер?
Agreed. :)
Не користите тоалетна вода?!?!
btw, грешка имаш - не се хунски туку хунзашки ;)
Инаку те разбирам злочко и во право си со поентата за грците ама знаеш никој не сака да разговара. Инаку факт е дека културно сме под најмногу словенско влијание (како и бугарите и др.)
Некои луѓе едноставно обожаваат да бидат копуци.....
за нив, „тројки“
може и со положување со двочекор ;)
1. Македонците, како и сите други народи (можеби само без некои кои живееле во тотална изолација?) се со мешано потекло. Ние конкретно „влечеме“ потекло од сите народи, групи, племиња и војски кои живееле или престојувале на овие простори. И како што вели Јован, КУЛТУРНО сме најблиски со Словените (логично штом тие доминирале во регионов), и не е проблем ако (и) како такви се сметаме себеси - Македонци со словенска жичка. Но:
2. Генетското потекло не е предуслов за постоење на една етничка група, туку нејзиното самоизјаснување. Со други зборови, дали сум јас Македонец можам да кажам само јас и никој друг. Тоа е елементарно човеково право кое Грција ни го порекнува и нам и на своите малцинства.
Ако се фаќаме (или тие ако се фаќаат) за гени и според нив изведуваме политички заклучоци, значи се доближуваме кон фашизам и расизам. Тоа нам не ни треба.
да си ми жив и здрав со последнава реченица
'nuff said
Точно во средина на работите!
Долу расизмот! Долу фашизмот!
Ние сме Македонци!
Јас не сум Македонец
Ти си Преспанец :)
А, од Битолски виљает :)