Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

МИРЕН ПРОТЕСТ ВО САБОТА

пријавена од ribaro пред 1 година. (vankovska.blog.com.mk)

Целта на протестот е да се крене гласот и искаже незадоволството против изградбата на верски објект-црква на плоштадот Македонија во Скопје. сабота 28 март 2009г. во 12 ч.

станала популарна пред 1 година | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +2 гласови

    Само да се разбереме... против што ќе биде протестот:
    - против градење-на-црква-на-плоштад со што ќе се искажува отворено несогласување со верските догми? или
    - против градење-на-црква-со-буџетски-средства со што ќе се изразува отворено несогласување со нееднаквиот пристап на власта кон граѓаните и отвореното игнорирање на не-православните заедници?

  • +2 гласови

    Со една мала забелешка од некој што набљудува од страна. Тајмингов е многу „среќно“ избран. Во предвечерјето на изборите за градоначалници на Скопје и Центар, Ванковска на некоја опозициона партија (ај да нагаѓаме сите која е!) и отвара нов фронт.

    Можам да се кладам дека во протество ќе има поголем број учесници, ама сигурно нема да биде граѓански. 99% ќе бидат партиски послушници, а тој 1% веројатно ќе биде кандидат за градоначалник од опозицијата или негов портпарол. :)

    И за да не бидам погрешно сватен, а ако не го ставам ова објаснување, сигурно ќе бидам така сватен:
    Не сакам ниту јас црква на плоштад! Без разлика што таму веќе имало една во минатото.

  • +1 глас

    Со динамиката на фрлање лопати во централного градско подрачје, нели е ептен веројатно дека, и на црквата ќе и дојде ред? А после, кога таа дупка на плоштад “ќе воспостави врска со Господ“, преку осветувањето...
    Старата црква била на локацијата на денешен ГТЦ.

  • +2 гласови

    ти злочко као деклариран атеист кој се залага за секуларна држава нема да го подржиш протестот против црквата која делумно ја плаќаш од твој џеб? ја ќе подржам лично, а за тие што ќе сакаат да поенираат пред избори имам пуни џебови со јаца

  • +2 гласови

    Убаво да си поминеш. :) Фрли некое јајце и од мене!
    Пошто на секаде по интернетов читам дека денешниот настан се декларира како „граѓанска архитектонска револуција“, тогаш можеме нели да бидеме сигурни дека нема да се заврши на само еден ивент. ;)

    Јас на овој не доаѓам оти сметам дека моето (или било чие) присуство ќе биде политички злоупотребено.
    Но, затоа се гледаме на следниот граѓански собир, оној што ќе го организира Ванковска по вториот изборен круг. :)

  • +6 гласови

    се сложувам со злочко дека може да дојде до политичка злоупотреба...

    од друга страна не знам дали е можно поинаку во ова наше денешно окружување?

    како што вели некој цитат:
    you may not be interested in politics, but politics is interested in you

  • -1 глас

    како по обичај Злочко све сфатил..од прва.

    И види молим те , немал да биде граѓански протестот? ајде бе.
    Толку си ги познаваш граѓаните. Ако е веќе така и СЕ МОЖНО е сведено на едните против другите тогаш чему подвлекување на истото? Така да, секој слободен ум што има свој став и разум испадна партиски милитант, без разлика што грото се вака како мене, нит го виделе сдс во живот, нит имаат близок кој е таму или околина, нит кпм ниту ништо.

    Арно ама, тоа е цената која треба да се плати зошто разулавените џукели секој еден што не е со нив тогаш е против нив (инаку како нели?не би било можно да имаш став па и да се поклопува со број други а да не сте партиски обоени)

  • +2 гласови

    Да не помисли некој дека ВМРОвциве се наивни "еј ама не заебаа овие, у сред избори ни протестираа". Еве колку што читам, им се собрале "поддржувачите на врквата" (читај Груевисти), им рипнале со клоци и шамари, а сеа и полицијава ќе поднесе кривични пријави против организаторите на протестот пошто не организирале заштита од ВМРОвски ќотек за своите протестанти.

  • +2 гласови

    православен ќотек

  • +1 глас

    Аха! Онаков канонски. :(
    Сепак, не е тоа битното. Битното е дека протестот си послужи на политичката намена за која што беше и организиран - фронтот е успешно отворен.
    СДСМ има сега цела недела да го трие ова од носот на противничките кандидати за градоначалник на Скопје и Центар... а бога ми и од носот на ВМРО-вската влада! :)

    И секако... ве има вас да ви се заблагодари за тоа. :)))

  • -1 глас

    JetLiChan, зарем навистина можеш толку навино да заклучуваш дека во било која партија (па дури и во ВМРО) има толку тешки кретени, без 2 грама политички сенс, кои до толку се неспособни да ја предвидат очигледната последица од праќање на верски лоботомирани фанатици (читај руља) на контра протест? :))
    Зарем навистина мислиш дека се до толку малоумни да неможат да предвидат колку гласачки поени би изгубиле со таквата постапка?

    Јас на твое место би го барал организаторот на про-верскиот протест во ликот и делото на организаторот на оној другион протест. ;)
    Велам, оној другион, оти сеуште не ми е јасно за што протестираа во 12?

    Е да... а ако сум во право за конструкцијава, тогаш нема да ти биде тешко да дојдеш до одговор зошто ќе добијат кривична „артитектите“. :)

  • +2 гласови

    Одговор на првите две прашања: ДА.

    Out of mind е да се мисли дека СДСМ решиле: aj ќе пуштиме неколку наши активисти да протестираат против црквата, ќе пуштиме поголем број наши активисти да ги истепаат, и ќе го кривиме Груевски. Мислам дај, не се ова цртани филмови. Да беше стварно така, полицијата ќе им рипнеше на овие тепачите, ќе ги згазеше од ќотек, и ќе им покажеше како се брани демократија (протестот на тепачиве не бил најавен). Ама кај може да го тепа милицијата обезбедувањето на Груевски, не зезај.

  • +1 глас

    Очигледно *се* толку глупи, типот од Агенција за Млади и Спорт седел у кафич и се на телефон се фалел за успешната акција .. но се жалел за утката со зелената боја на транспарентите.

  • -2 гласови

    Хехе, не го знаеш ти Шема, очигледно... :)

    BTW... за СДСМ ова беше win-win ситуација како и да гледаш:
    - полицијата не реагира кога руљата тепа... значи фашизам и тоталитаризам; или
    - полицијата ги тепа граѓаните (без разлика што меѓу нив имало ВМРОвци)... значи фашизам и тоталитаризам.

    Денес, СДСМ-ВМРО, 2:0 - и тоа на противнички терен! :)))