Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Берлин на референдум го отфрли барањето за еднаков третман на веронауката и наставниот предмет етика во училиштата во германската престолнина. Насловот на веста гласи: Референдум во Берлин – Етика може, веронаука не
станала популарна пред 11 месеци, 2 седмици | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
roar лаве :)
„...а веронауката е изборен предмет.“
Во ’несекуларната’ Германија. Во Македонија падна можноста веронауката да биде изборен предмет, бидејќи според комуњарските кадри тоа значело џамахирија.
сигурен си дека само комуњарите се против веропоука во државното/основно образование?
Не е изборен предмет.
Што и каде „Не е изборен предмет.“?
Во пракса не е изборен. Прочитај го целосно законот за основно, наставните програми, и начинот на кој се избира предметот (законот не дозволува држење часови на одделенија под 15 деца). И најповеќе не е изборен во однос на религијата. Што ќе се деси ако има 15 деца кои сакаат да учат веронаука по сциентологија? Знаеш дека во тој случај ќе мора да се пише наставна програма и вработи теолог/сциентолог? И зошто министерот не го потпишал учебникот за запознавање на религија?
Toa дека има еден куп пропусти јасно ми е. И тие пропусти во секој почеток се случуваат, а со тек на време се надминуваат. Но, со комуњарската одлука на судот, на целиот проект му е турено пепел, бидејќи атеистичките судии од ЦК добиле инструкции за такво нешто. Наместо тоа, во Германија секое дете што сака ДРЖАВНО си учи веронаука. Во Македонија не може!
Ма какви пропусти. Проектот лошо беше изведен. И законски, и во пракса. И не е точно дека секое дете учи веронаука во Њемачка. Споредија ја наставна програма нивната со нашата и тогаш ќе прајме муабет.
Кај реков дека секое дете учи веронаука во Германија.
Јас реков дека секое дете МОЖЕ ДА УЧИ веронаука во ДРЖАВНО училиште во Германија, ако сака.
Во комуњарска Македонија, тоа не може, бидејќи следбениците на Енвер Хоџа одлучиле дека со тоа се загрозува секуларноста...
Не, ама сигурен сум дека ниеден нормален уставен суд не би пресудил таква одлука, со ваков член во Уставот.
Инаку може има многу и што се противат на учењето на Физика, Историја или Биологија, ама тоа не значи да не се изучуваат тие предмети.
Лавот, кога одиш на доктор му викаш ја не верувам во биологија и хемија па да ми забаеш малку?
Кој рече дека јас не верувам во биологија и хемија?
И што има врска тоа со муабетов?
Познавам најмалку десетина доктори кои веруваат во Бог. И многу славни доктори, физичари и хемичари биле прилично религиозни.
Ќе падне штом видат каква е наставната програма во веронаука по *одбери религија*. Оди прочитај ја програмата и ќе ти стане јасно. Достапна е на интернет.
де де палење на германија... и таму да не викале пред судот дека луѓето настанале од адам и ева?
ајде јас гласам прв за веронаука ако истовремено се легализира марихуана и проституција. исто како во германија.