Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

И додека сите се фатиле за ЕУ ко слеп за стап...

пријавена од zlochko пред 1 година, 4 месеци. (alsat-m.tv)

...од нивното административно седиште доаѓаат последните вести, кои гласат некако вака: „Македонците наречени ФИРОМакедонци во извештај на Брисел“. Као беше онаа теоријата од локалниве ни експерти на кајмакот? Името нема врска со националноста, така? :)))

станала популарна пред 1 година, 4 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +4 гласови

    EU е унија со многу контроверзи, проблеми, лоби, интереси, бирократија и неправди. Нивното колнење пред олтарот на човековите права е исто смешно како Американците, кои ја пропагираат (исто само на збор) слободата, додека истовремено прекршуваат 90% од законите на војување и еден куп други меѓународни закони малтретирајќи затвореници во Гвантанамо.

    За ЕУ, човековите права „важат“ само ако се употребливи во политички цели. А негирањето на Македонците Е политичка цел.

  • +1 глас

    Сакам само ЈАВНО да му заблагодарам на Goodbytes што ми спасува тони и тони пишани страници :)
    Не, не ми пречи ГБ, напроти, сублимираш и кажуваш она што и јас го мислам, секако многу посредено и пократк. И секогаш кога те читам сваќам дека ми е голема мана тоа што се распламнувам непотребно, еве како и во случајов :)
    Гемиџи, ти си ЦАР ! ! !

  • +1 глас

    а кои се тие што се фатиле за ЕU ко слеп за стап?

    него... ме интересира, освен серење по форуми .. што друго направиле сите идентитето-душе-брижниците за Македонија?

  • +3 гласови

    Од друга страна алсат многу добар сајт имале.