Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Фрчкоски собра над 13.000 потписи...

пријавена од zlochko пред 1 година, 2 месеци. (www.forum.com.mk)

...но поради големата заинтересираност на граѓаните да го дадат својот глас, списоците се отворени и денеска! Ааааааааа WTF ?!?! :)))))))))))))))))

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Зошто се смешките?
    Мислам, ниту јас не би гласал за него, но тоа покажува дека има луѓе кои не ја сакаат политиката на вмро.
    Тоа што си имаш „приватен“ пик на Фрчко (хехе), не значи дека сдсм нема (барем) 13.000 активисти.

  • +1 глас

    :) Приватен Вордан и тоа без наводниците. Еве признавам... не можам да ја сварам таа сподба. А смешките се едноставни...

    Секоја партија во предизборие кога се збираат постписи си го мери со останатите преку тоа со која брзина колку потписи собрала. И тоа е секаде така во плурализмот.

    Е само нашиве од алтруистичи побуди народецот напатен да се почуствува подобро така што ќе стави потпис, решиле да пролонгираат збирање за уште еден ден.
    Смешното е што мислат дека некој ќе им поверува.
    Тажното е што некој навистина им поверува.
    Ти.

    Инаку несомнено е дека имаат 13.000 симпатизери. И да даде горнион барем за 3 пати да им се зголемат. Сетики од тие новите ќе излезе некој поасолен политичар.

  • +1 глас

    Ако веќе дава Горниот, нека даде СДСМ да ја снема. Имаше таа багра и премногу можности да се докаже - резултатите од нивното владеење ги живееме од Втората Светска наваму, особено од Последните Балкански до денес.

  • +2 гласови

    Бајтс?
    Ау... ја сам изненаѓен... не увреѓен, само изненаѓен. :)

  • -1 глас

    Бајтс, тешко се вклопува овој personal bias со профилот кој упорно го градиш. Мислам и во двете корпи има доста трули јаболка.

  • +2 гласови

    Мојот биас го има и низ постари постови на Panta Rei - на НИЕДНА партија не и' верувам, од сите бегам ко од црн ѓавол, ама комуњарите не можам да ги смислам. Предолго беа на власт, а јас не сакам „касти“ во општеството кои моќта ја добиваат со кревање два прста (на времето) или полнење гласачки кутии (денес).

  • +1 глас

    ... или со заплашувања, апсења, гебелсовски популистички методи и странски „афилијации“ (исто така денес, море сега) ...
    Не сакаш партии, или партија?
    .
    И, прости што ќе прашам, но колку години си имал кога беа на власт комуњарите? 5, 10? Што точно лошо си видел од „нив“?
    Малку, малку, па некој кој сеуште (да простите) мочал во гаќи за време на социјализмот (така се викаше тогаш) изјавува дека ги „мрази“. Папагалски ископирано од модерниве „комуњари“.
    И да знаете, сум ги видел и двата уриети, овие се многу полоши комуњари.

  • -3 гласови

    Извини Злочко, ама што знаеш ти за Фрчкоски??
    дај објасни вака во неколку точки, да те чуеме
    пукај

  • +3 гласови

    а шо па ти го браниш??

  • +3 гласови

    p.s. објасни вака во неколку точки.

  • +1 глас

    Кој знае, можеби на другар ми му ја онадел девојката во замена за оценка на факс, а можеби е нешто друго... ама стварно не гледам зошто тебе би ти кажал приватна работа. ...или не-приватна... само затоа што ти тоа си го побарала од мене. :)

  • +1 глас

    ...а можеби само правам ниски провокации онака од ќеф.
    ...можеби ми е само антипатичен чоекот... ете така без причина.
    ...а можеби сум партиски лепач на плакати со испран мозок.
    (ете.. имаш две пораки, бирај што ти одговара повеќе)

  • -1 глас

    го чекам Злочко да се искаже:)

  • +1 глас

    И ја го чеакам.

  • +1 глас

    А чиво алтер-его си ти?

  • +1 глас

    Еве само една точка од мене:

    1. Фрчко е хакер. Во вистинската смисла на зборот.

  • +1 глас

    Оти? Јас кога ми беше професор не го доживеав како хакер. Напротив... he goes with the flow.

  • +1 глас

    Незнам кој е за жалење повеќе...Оној другиот собра потписи со „сила“. Некои биле уценувани да дадат потпис.

  • +1 глас

    Атмосферава полека станува отровна (очигледно е дека се ближат изборите). Би сакал да ве известам дека барем до крајот на истите нема да пишувам толку често на Кајмакот, барем не на политички, а особено не на теми непосредно врзани со изборите, со еден или друг кандидат.

    Ова ви го пишувам не дека ми значите нешто особено ;) туку повеќе како ветување со кое јас ќе се потсеќам себеси дека јавно сум го дал во оние моменти кога ќе паднам на искушение нешто да напишам. :)))

    Отидов да лепам плакати! :)))))))))))))))))))))))