Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Фрчко пак ќе го јаде

пријавена од woona пред 1 година, 2 месеци. (www.vecer.com.mk)

овој пат сосем оправдано, бар според мене. плус со шкара нема лабаво. "Од Судот ќе се побара да му изрече во стек и казна затвор од три години, бидејќи колумнистот покажува знаци на рецедивист во кривичната област." да се смееме или да плачеме.

станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Оф оф оф... ќе го дочекам ли денот! Не знам за тебе, ама јас слатко се смеам. :)))))))))))

  • +1 глас

    Ти, злочко, некако си ми split-personality (да не употребам медицински термин). Ем си (самопрогласен) левичар, ем одвреме-навреме искажуваш цврсто десничарски (пак, да не кажам „ултра-десничарски“) ставови.
    Прогонот на слободата на изразување (бил тоа и Фрчко, па макар и некој од постандардните морони - министри, порт-пароли...) е едно од основните права во демократските општества. Затоа и добиваме оценки како „недоволно развиена демократија“.
    Културата на прогонот на слободата на мислењето редовно се промовира од нашиве кретенски политичари, квази-неостварени-политичари (или едноставно, психијатриски случаи, како Шкариќ), а особено во последно време, каде што, додатно - едноставно те апсат.
    .
    Јас би размислил, да сум на твое место.
    .
    (БТЊ, го молам Вуна да не пренесува текстови од Вечер и слични мочварни пустелии, не ги чита пола од публикава на Кајмакот)

  • +3 гласови

    :)) прво ти се буниш за прогон на слобода на мислење а после викаш да не пренесувам текстови од вечер

  • +1 глас

    Ха, ме фати!
    Само што јас зборувам за уредувачка политика, не му забранувам на Вечер да си ги пишува своите глупости. И не го тужам заради тоа.

  • +1 глас

    :) Вордан... дали сум лев или десен или у центар... е мое да знам, а ти да си нагаѓаш! :)

    А што се однесува до Фрчковски - и Алфонсе Габриел бил шверцер, уценувач, гангстер и убица... па сепак у затвор го бутнале поради неплатен данок.

    И дај одмори со она демократија и демократски општества... доволно искуство имаш зад себе (па и политичко) за да не веруваш во такви бајки за деца.

  • +1 глас

    ко да гледам симпсонс!

    “Колумнистот ќе треба да плати парична казна во износ доволен за купување концертен клавир "Стенвеј" за потребите на културата во Република Македонија.
    Од Судот ќе се побара да му изрече во стек и казна затвор од три години, бидејќи колумнистот покажува знаци на рецедивист во кривичната област.“

    аахахахаха

  • +1 глас

    и тоа со клавирот потпишано од др Шкарич !!;))))))
    абе на што дрога е 95% популацијава , кажувајте

  • +1 глас

    нешто јако психотропско, што предизвикува шизофренично-параноични епизоди. групно ја даваат, можеби во водата. :)

  • +1 глас

    ,àà:))))))))))