Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Француски искуства...

пријавена од jpetrov пред 1 година, 1 месец. (www.utrinski.com.mk)

...од кампањата Инвестирај во Македонија. Со објавувањето немам намера да критикувам, едноставно прочитајте го текстот бидејќи е многу интересен и искрен поглед за тоа како французите гледаат на македонците.

станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +3 гласови

    Како што пишува во текстот - профитот и капитализмот не знаат за милосрдие. Дотолку повеќе французите и не ни се покажаа баш како некои особено големи пријатели во изминативе 20тина години. А и капитализмот ние го воведовме пред исто толку години, сега само се трудиме да ги искористиме придобивките од она што тие го нарекуваат слободна економија и што го воведоа далеку пред нас.

    Да не споменам само Саркози чива страна завзеде пред и по Букурешт 2008 и тоа го кажа недипломатски отворено преку изјави дадени пред новинари. Што да правиме сега ние што тој е од Солун ;), а не од Скопје и што ние не можеме да ја платиме услугата со купување на авиони и хелихоптери.

    http://www.vest.com.mk/default.asp?id=15...

  • +1 глас

    Мило ми е што нашите реклами толку многу одекнувале низ француското општество. Иако револтот на француските работници е разбирлив, секој се бори за парче леб, на начин кој му е возможен. За механизмите на капиталот, да не се повторувам со Злочко од погоре.

    И една мала исправка на цитатот од крајот на текстот: „Во актуелната криза тие најнапред гледаат да ги зачуваат работните места во Франција и да го спасат самото претпријатие“ - фирмите НЕ гледаат да ги зачуваат работните места во Франција, не знам од каде му е тоа мислење (освен ако не е дадено со друга, неповрзана со случајов намера - политичка или бизнис, сеедно).

  • +1 глас

    фирмите не, но политичарите да. но пак да напоменам, не критикувам.

  • +1 глас

    Бајтс... а што знам, силен синдикат можеби?

  • +3 гласови

    „Трката кон дното“ е опишан ефект. Тоа што македонската плата е пониска од француската, ја симнува и француската плата (аутсорсинг), како што нашата плата е симнувана од кинеската итн итн. Затоа, коа текстилците во Македонија ќе „наебат“ а на коментаторите ќе им бидат криви Кинезите, тогаш е моментот кога треба да се потсетиме дека и ние се рекламираме како земја со компаративно ниски плати.

    Со ова не сакам да ја коментирам ниту сторијава ниту пак директно кампањата на Владата. Само сакам да влејам малку перспектива.