Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Паску и компанија наоѓаат камен на кој пишува „Ολxxμxxία“ што по едно-неделно декодирање откриле дека значи „Олимпија“. „Аха, значи овде е родена Олимпија“ рекле. „Епа ќе му крениме споменик на Филип“ нелогично заклучиле.
станала популарна пред 1 година, 6 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Филип и компанија не биле Грци.
да, елини биле
Не биле ни Елини, Македонци се.
умирање од смееаа:)))
а да се испита кога на каменот нашкртале олимпија? оти миртале нели го добила тој прекар дури подоцна кога оделе на тркање :)
... а всушност, тоа бил еден од раните примери на „герила маркетинг“ - реклама за „Опел Олимпија“ од педесеттите на минатиот век.
:)
Пригодно видео на коментаров:
http://uk.youtube.com/watch?v=Wd2axaHE6D...
„да, елини биле“
Да, така вели и славниот Демостен во неговите најпроучени говори - Филипиките.
ДИМОСТЕН
ПРОТИВ ФИЛИППА №3
...А и ова знајте го: Што и да трпеле Елините од Лакедемоните или од нас, трпеле од такви што биле род роден од Еллада, а тоа му доаѓа некако, исто, како ако некој син, прав, а роден во богат дом, нешто не го води домот како што треба, па затоа заслужува укор и приговор, но не може да се рече дека тоа го правел како некој што не е близок и наследник на сето тоа.
Но, ако слуга или подметнат син го уништи тоа што не му припаѓа и го растури, о Ираклиј, колку пострашно и заслужно за гнев, би рекле сите дека е. Но спрема Филиппа и спрема она што го прави тој, не се такви, макар што тој не само што не е Еллин, ниту нешто близок на Еллините, туку ниту варварин од земја, за која нешто убаво би можел да кажеш, туку е чума Македонска, од каде порано човек ни роб не би купил.
Или на грчки:
ΔΗΜΟΣΘΕΝΟΥΣ
ΚΑΤΑ ΦΙΛΙΠΠΟΥ Γ’
…καὶ μὴν κἀκεῖνό γ' ἴστε, ὅτι ὅσα μὲν ὑπὸ Λακεδαιμονίων ἢ ὑφ' ἡμῶν ἔπασχον οἱ Ἕλληνες, ἀλλ' οὖν ὑπὸ γνησίων γ' ὄντων τῆς Ἑλλάδος ἠδικοῦντο, καὶ τὸν αὐτὸν τρόπον ἄν τις ὑπέλαβεν τοῦτο, ὥσπερ ἂν εἰ υἱὸς ἐν οὐσίᾳ πολλῇ γεγονὼς γνήσιος διῴκει τι μὴ καλῶς μηδ' ὀρθῶς, κατ' αὐτὸ μὲν τοῦτ' ἄξιον μέμψεως εἶναι καὶ κατηγορίας, ὡς δ' οὐ προσήκων ἢ ὡς οὐ κληρονόμος τούτων ὢν ταῦτ' ἐποίει, οὐκ ἐνεῖναι λέγειν.
εἰ δέ γε δοῦλος ἢ ὑποβολιμαῖος τὰ μὴ προσήκοντ' ἀπώλλυε καὶ ἐλυμαίνετο, Ἡράκλεις ὅσῳ μᾶλλον δεινὸν καὶ ὀργῆς ἄξιον πάντες ἂν ἔφησαν εἶναι. ἀλλ' οὐχ ὑπὲρ Φιλίππου καὶ ὧν ἐκεῖνος πράττει νῦν, οὐχ οὕτως ἔχουσιν, οὐ μόνον οὐχ Ἕλληνος ὄντος οὐδὲ προσήκοντος οὐδὲν τοῖς Ἕλλησιν, ἀλλ' οὐδὲ βαρβάρου ἐντεῦθεν ὅθεν καλὸν εἰπεῖν, ἀλλ' ὀλέθρου Μακεδόνος, ὅθεν οὐδ' ἀνδράποδον σπουδαῖον οὐδὲν ἦν πρότερον πρίασθαι.
Персеј, многу насабајлечки си пишал, сега ќе видиш како ќе се разбудат сите NGO-а, добробити, кои и мислат добро на земјата.
Persey, аман, сме ја изнаслушале званичната политика на вмро-нпк милион пати.
И знаеме колку сте невоспитани, не мора баш во секој пост да се докажувате.
Вордан, на аргумент одговори со аргумент. Темата на дискусија е етничката припадност на Филип.
@vordan
Незнам според тебе испаѓа дека Цепенков, Мажовски, Шахов, Пулески, Прличев, Чакаларов и другите а посебно странците биле дел или се членови на вмро-нпк а?
Да - невоспитани сте.
откако грујо го донесе законот „алкохол преку ден“, луѓево уште од сабајле се „начукани“, па тропаат секакви глупости...
хахаха :)
Како и да е, сеуште не слушнав аргументи кои контрираат на Персеј. Така што, забављањето на публика, како шо праеле Римљаните у колосеумите, за народот да не мисли на вистинските проблеми, не се важат. Вордан, Гемо, Јпетров и остаљи чесни патриоти, аргументи!!!
Не се тоа „аргументи“ - туку прибрани, собрани делови од писанија извадени од контекст.
Дури и да бил Филип словен, не бил Македонец во денешна смисла на зборот, колку и да се напрегате да докажувате. Затоа и немате докази од современите историчари, туку од луѓе и од време кога ниту тие самите не знаеле што е што. Ако некој тврди нешто во некој свој напис, тоа не е доказ - доказите треба научно (независно и со научни методи) да бидат докажани. Сето останато е тавтологија (ова е точно затоа што тој рече дека е точно).
Дефинирањето на македонската нација започнува многу подоцна, а првата македонска држава во современа смисла на зборот (организирана, со раководство, државни органи, итн.) е создадена на заседанието на АСНОМ во Прохор Пчински.
[...продолжува подолу...]
...
Желбата на вмро-сродните партии е да докажат некаква античка македонска нација, нејзиното сродство со бугарите и - ултимативно - дека сите сме всушност, б`лгари.
Како директна инсталација на бугарските агентури, вмро-нпк се наоѓа на врвот на оваа - во суштина антимакедонска - операција.
Не е така вордан. Нации во денешна смисла на зборот започнува по Француската мангупска револуција. Претходно луѓето се препознавале по народната припадност, по верата, или на запад, по господарот на кој припаѓале.
Како може современиците на Филип да биле грешка, а денешниве наши современици да се во право?! Демостен не е ваден од контекст. Тој цели статии има пишувано против Филип.
Македонската национална свест се раѓа на крајот од 19ти век, а официјално е создадена на АСНОМ, ако не си знаел од ВМРО-нпките, а потоа комунистите прават упад и ги ликвидираат создавачите на македонската нација.
На комуњарството му е својствено да тврди дека сите прогресивни Македонци биле Бугарољупци, затоа што книгите кои ги читале (и читаат) се печатени непосеверно од Шабац.
И факт е дека, Македонците и Бугарите имаат заедничка историја во текот на 19тиот век, се до Балканските војни. Читајте странски автори, па видете и сами дека Македонците најмногу се надевале на Бугарите (а никако на Србите!!!). Поради таа фобија кај комуњарите, поголемиот број македонски дејци од 19ти век ги прогласуваат за Бугари, а Бугарите тоа вешто го искористуваат и ете ти денеска пропаганда. Дури и некои дејци кои комуњарите ги декларираат Македонци, во одреден дел од животот, ако не и целиот се пишувале дека се Бугари, или македонски Бугари.
Е, тоа е вадење вон контекст. Во тоа време во Македонија немало школи, сите биле неписмени. Луѓето се декларирале како Православни, Рисјани, а поретко и како Славјани, Бугари, Срби, Грци (велам за Македонците).
Декларацијата по нација доаѓала поради припадноста од некоја од помесните цркви, кои во тоа време имале и национален карактер (и денеска е така, за жал).
Оние кои се школувале, најчесто биле праќани во бугарски гимназии, а поретко и во грчки. Е сега, замисли, некој што до вчера копал по нива, не знае што е нација, во школото му каже: Ти си Бугарин. Многу јасно е дека тоа дете (средношколец) ќе му се развие свест за бугарска припадност.
Па Григор Прличев во еден период се пишал Србин!!!!
И Гоце Делчев во некои писма се потпишува како Блгарин од Македонија.
Тоа воопшто не ме соблазнува, ни пак ми е срам да го кажам.
Јас знам дека прабаба ми од Кукуш ми велеше: Дојдоа Грците и не избркаа од дома, а дедо ми велеше: Дојдоа Бугарите и ни ја испозаклаа стоката.
И во двата случаи не рекоа нашите.
А и прабаба ми и дедо ми беа прости, немаа школо, и цел живот го поминаа на нивите.
... ама бугарите не сакаат да имаат ништо заедничко со антиката барем не со македонската, шо прајме тука? И дај те молам извади некој современ историчар, можеби Борза тоа не е а? Научни методи? Што бе пријателе? http://en.wikipedia.org/wiki/Carbon-14
:D ме изнасмеа да знајш, имаш совршена подлога за теоретичар на заговор LoL
Друже, читај бугарски учебници по историја!!! Филип II е Б'лгарин. Народите од Бесарабија (Романци, Руси и Украинци) и Молдавија се Б'лгари, и најитересното за на крај: Шекспир бил Б'лгарин, што секако, Енглезиве, монтипајтоновски им одговорија со писмо на б'лгарските историци :)
Кај е сега vordan? :D Незнам зошти бугарите во недостиг на аргументи пцујат по нас "антични педери и пингвини". А види мајката Филип да ти бил Б'лгарин, ок барем решивме што е а? :D
what have I done?
:)
Ма не тоа ти само ваѓаш работи од контекст. Мислам дека vordan и останати сега ќе имаат доволно време да читаат, размислуваат на темава итн... Доволно им кажа другарче а пиши им и приватно па дај им литература да читаат, ова нема поента бидејќи коментарите се ограничени а и сајтов е за вмрежување. Ја свативме поентата, keep going up with the good work.
ух паднав во депресија, спемпејстмајстери = лепачи
бтв, ајде еве јас ќе те прашам персеј, дај ми еден референтен (под референтен - научно референциран, признат од цел свет) труд кој тврди дека Александар и Филип биле словени. Дајте ве молам еден професор од светски ранг кој го тврди тоа, а не некои мрачни типови кои и МАНУ не ги признава. Ајде да не се лажеме, се ова е пропаганда за менување на ДНК на македонецот.
значи, уствари сакаш да кажеш дека Словените потекнуваат од Античките Македонци?
Сум ја чул таа хипотеза, ама некако слабо има аргументирани докази за тоа освен рекла-казала.
Еј, жити мајка, симни се од к..ајмаков. Ме отече со „протогени ... глоси“.
Нацисти се нацисти, без оглед што можат или не можат да докажат. А не можат. И што би докажувале, впрочем? Некаква опскурна расправа за тоа од која вукојебина настанале античките македонци.
Башка, слабо стоиш со граматика ... (освен тоа што си го копирал од друго место).
Вордан човекот ти даде линк кон неговиот блог, дискутирај понатака со него. А што претеруваш, претеруваш баеги на моменти. Ајде доста беше со навреди, разговарајте приватно, ок?
а персеј не претера???
Па на време ги предупредив и двајцата приватно да продолжат со муабетот нивен. А вордан упатува невкусни коментари од типот: еј абе тоа биле простаци шо појма немале шо се тогаш, башка ги поврзува со наводната идеологија на "вмро-нпк" (демек мора да си член на вмро-дпмне па за да мислиш дека имаме врска со Македонците од антиката), кажува дека ако зборуваме за антика тогаш сме сакале наводна бугаризација итн... итн... Тоа ме навредува како човек а и како македонец. Персеј го засипа со докази на кои овај само плукаше, ете затоа ја претера. А секаде каде што Персеј пцуел и тој ја претера секако. Ќе му простиме помлад е и поимпулсивен.
Да така е, ако се правиме наивни. Позади таа идеологија стои партиска стратегија.
не не, отприлика овака оди - ние сме си живееле среќно и мирно - кој колку му пружил животот, и дошле националистите и не раскарале.
Другарче батали нема клима за дискусија. Некои работи едноставно не се менуваат така лесно после цирка 50 години комунизам, атеизам, затупување, диктати од друго место... Остави ги луѓето кои на аргументи гледаат како на спам.
Αλέξανδρος μεγάλη είναι ομοφυλόφιλος
jpetrov, позади изнесените пишани документи, како може да стои партија?!
Груевски да не ги изгласал тие документи?!?!
Ако имате контра - аргументи, лупајте ги овде, како Персеј што ги лупна. Ако немате - подобро молчете. Навистина личите на дебили и комуњари: Комуњарите кога немаат аргументи, пцујат или се исмеваат.
Абе ок е да дебатираме. Овде пречи спемот од 60+ коментари. Факт е дека сите ние потекнуваме и од словените и од домицилното население. Како и илирите, грците и било кои други. Оти воопшто се замараме со тоа - ќе бидеме посреќни или понесреќни? На крајот сепак сите потекнуваме од Кенија нели? Има побитни работи, невработеност, бизнис, иднина. Аман веќе најсериозно.
Е гледаш, и тука не се сложуваме :) Потекнуваме од Сирија, од Адам и Ева.
Знам за побитните работи, тоа ме нервира и мене шо никој од државава не се замара со тоа. Меѓутоа, ти текнува ли од Црно Семе, кога му велат: Ти бе што си? И тој им одговара: Не можам да ви кажам дека сум магаре, кога не сум :)
Значи, според мене, а веројатно и други, постојат некои работи кои можеби се и позначајни од економската состојба. За кои вреди дури и да се умре. Жално е што владата тоа го користи за свои ситни цели (и вмро и сдсм се исти, ама вмро се по хардкор). За овој проблем би требало да се занимаваат тие (политичарите), со академиците (академици?!), „експертите“, а народот малце да се остави понастрана.
Исто така, не ми е пријатно кога одам во Солун да се плашам да се кажам дека сум од Македонија. И не! Не сум налетал на екстремен случај - сите се попалуваат ако кажам дека сум од Македонија. Не ми е пријатно ни заради мене, ни заради моите прародители, кои останале „невработени“, патем со испозаколени браќа и сестри, кога ги избркале од Кукуш. Можеби ќе кажеш тоа е минато, треба да гледаме во иднината. Ама кога ќе видиш возрасни луѓе како плачат... некако не ти се заборава. ОК?
Макар што е многу интересен написот на Гемиџи, има човекот забегано малку. Само ова да ви кажам, име, идентитет, и други слични вакви тракатанци не се бранат со ставање споменици, бисти, именување на аеродроми и игралишта...туку со искрени реформи и вистинска борба против корупција, криминал...кога ќе ги ојачаш институциите тогаш барај се себе си или докажувај им на другите кој си (како што видов погоре имало потреба). Како може да ме убеди некој дека Грција ми е проблем што правниот систем е црна дупка (сега се популарни), што полицијата е корумпирана, здравствениот систем е пред колапс...Еј луѓе САМО Косово било посиромашно од нас во регионов!!!
Па спореди БДП, невработеност, просечна плата, вкупни странски инвестиции и ќе видиш дека не е далеку од вистината. Но за тоа се криви сите последниве 18 години транзиција (или статистички скоро фифти-фифти врмо:сдсм)
Само немој пак на наредните избори да редиш "Endorsement" рекламица на блогот, така ќе знам дека разгоравам со политички неинструиран човек :D Поздрав
ахам, сега ќе ставам една за обама :)
Слободно :) лично мислам ги заболе на двајцата за Македонија или Грција, а иначе мислев на "Endorsement - от" за "Сонцето", смешно ми беше и тоа а и "Endorsement - тите" на другите за "Преродбата". :D
Тоа не е предмет на дебатава. Всушност не е тешко да се открие во МК било што - мала земја сме не ти треба нечиј блог да откриеш кој што „ендорсира“ :). Она што е битно е дали дозволуваме партиите да ни ги уништат животите?
Момци, нема да целиме на стотка?
А и кога би ги постигнале, некои од овде ќе протестираат поради наводниот "спам" од изјави вадени од контекст :D