Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Фантомска организација шири грчка пропаганда

пријавена од Lavot пред 1 година, 3 месеци. (novamakedonija.com.mk)

Фантом шири грчко-српска пропаганда низ Скопје. Пропагандни летоци и плакати во кои се обвинува државниот врв за кражба на грчката историја и братимење со „полумилениумскиот отомански крвник Турција“ осамнаа деновиве на семафори, бандери и на ѕидови низ главниот град.

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    јбг, не може сите летоци и етикети на „независни кампањи“ низ град да бидат печатени од буџетски средства.

  • +2 гласови

    Па и овие се буџетски... од буџетот на нашиот јужен сосед.

  • +1 глас

    настрана дневнава политика, како тоа последниве 20 години, со историски реинженеринг, најголемите окупатори и внатрешни шпионски структури станаа најголеми пријатели, небаре комитите ни ги испотепале грци и комунисти. Тоа е валидно прашање.

  • +1 глас

    Ова е само продолжение на статијата од пред некој ден кога сите се изнакоментираа, но не сакаа да ја изгласаат и таа отиде во "бајати". Сега пак одново, нели, без два чекора назад, нема три напред.

    http://kajmakot.softver.org.mk/vesti/Bez...

  • +1 глас

    jpetrov зошто не гласаш? Се согласуваш со текстот на плакатот или што е работава?

  • -1 глас

    лол не гласам оти сакам да не гласам. или и гласањето не е загарантирано право? :)

    нема поента со странични спинови да се задскриваат вистинските проблеми на денешницата - криза, невработеност, оддалеченост од инвестиции и ЕУ/НАТО. Се друго е политиканство и млатење празна слама.

  • +1 глас

    Е е... секако дека е... многу работи се загарантирано право во државава.

  • +1 глас

    ја немам видено „кампањата“, но и да ја видам нема да ми влијае. како што не ми влијаат 85% од кампањите, било комерцијални, било едукативни, било политички. и сега што? треба ли да ги убедувам на тие што им влијае - да не им влијае?

  • +2 гласови

    овие да не се некои другари на оние абортус фантомите?

  • -1 глас

    Има и пострашно од тоа што некои морони прават пропаганда на неколку бандери:
    Пропагандата на државниот врв во сите медиуми за тоа колку добро ни оди и колку другите се виновни за се`.

  • +2 гласови

    абе вордане,овде се муабети за за тие мороните шо викаш а за државната пропаганда ако имаш нешо дај пласирајго тука(или негде таму-ваму)па ќе муабетиме за тоа
    -ваквите(вордан)коментарчиња добиваат поддршка(+)а онај при врвот на лаво(-)веројотно има ``лепачи`` и тука.абе сигурно уште со драхми ги плаќат.

  • +1 глас

    @flebur> Тоа што го правам јас се нарекува: „Поширока перспектива на работите“ и има максимална врска со летоците, кои најверојатно се продуцирани од нашите тајни служби. Насоката на Груевски и неговите морони е да не се договориме со никој, најмалку со ЕУ и НАТО. Колку повеќе граѓаните мислат дека имаме „надворешни непријатели“, толку подобро. Сосема исти методи применуваше и комунистичката власт во бившата држава: „Да се подготвуваме како утре да ќе биде војна ...“.

  • +1 глас

    Оттука, најверојатно и произлегува „анонимноста“ на огласувачите, локализацијата (само во Скопје, колку што знам), итн.
    Тешко може да се замисли дека некои грчки ултранационалисти би дошле овде и би ширеле пропаганда на тој начин.

    Што не значи дека можеби нема да има некоја спектакуларна полициска акција на нашите дични специјалци во која ќе ја „разбијат“ бандата која лепела (всушност, притоа фаќајќи неколку несреќни шверцери со маслинки). Ваква пракса не им е непозната на нашите УДБИ. Прашајте го само Брат Љубе кога ги фати и ги егзекутираше јадните пакистански (или индиски?) имигранти во едно скопско лозје.

  • +2 гласови

    вордан,ок.летоците се продуцирани од сегашнава власт,што е секако за поголема осуда отколку да се грчка пропаганда.но овај ист муабет по втор пат за кратко време е пласиран тука(кајмакиран) и никако да се актуелизира,а коментари против грујо&компани-колку сакаш.не станува збор само за летоциве.гледам и по бавчи,лозја си заминал.испаѓа:ако моите не се на власт секое субверзивно деание добро ми дојде.и како ќе го ставиме грујо&цом.на столбот од срамот ако вакви и сл.работи врват незабележани?
    секако дека има по клучни работи за дискусија,но и со овие `ситните` се манипулира за `големи` цели.повторно ќе повторам-без разлика кој е изворот,овие или оние.

  • +1 глас

    +1
    Убавината на политиката. Од двете различни гледишта секој може нешто да каже - ама пред неутралниот поглед, апсолутно ништо да не докаже.
    Така е со тебе и Вордан. Едната страна тврди објаснување кое е едноставно и наочит очигледно, другата страна пронаоѓа скриени сценарија.

    А кога само ќе ми текне дека Вордан е првиот против ширење на конспирациски договори и заговори. Ама тоа само ако се работи за коспирација „од страна“. Е ако тој заговор е од власта, тогаш сигурно постои и на Вордан не само што не му смета, туку е првиот што ќе го промовира. :)

    Како што кажав, „убавината“ на политиката...

  • +1 глас

    Но да се разбереме. Ако за нешто е во право - тогаш во право е за делот дека на секоја власт и е потребен надворешен непријател за да има конзистентност внатре во државата.

    Колку повеќе надворешни непријатели има, толку повеќе самата држава имала проблеми од внатре кои сака да турне по тепих. И тука се во ист кош и Грција и Македонија, а и неколку други балкански држави... ако нешто меѓесбно не врзува, тоа е бројот на „надворешните непријатели“.

  • -2 гласови

    А графитите, муралите или што и да се со сонце на вергина и „голема“ македонија? На потегот соборна карпош3? Тоа каква кампања е?
    Кое е нашето знаме, знаеме ли? Која е нашата територија? Исти сме и ние...

  • +2 гласови

    „Солун е наш, а за Атина ќе се караме...
    ...ама со Турците!“
    :)))
    Инаку, сонцето е од Кутлеш. :)

  • +5 гласови

    Како смее Македонија да го става на графит своето државно знаме кое го носеше од 1992-1995 година?

    Навистина голем грев!

    Или пак картата која пред обичната поделба на Македонија ја нацрта некојси Димитрија Чуповски со цел брат да не војува против брат.

    Глупости... некои сега таму измислуваат дека биле прогонувани, дека семејствата им биле масакрирани и сл. Наместо да извадат графити Европа Сад или никад.. тие уште со Македонија се расправаат. Буљаши!

  • +4 гласови

    И друго многу битно, што добивме екстра информации.
    Наводно, премиерот ги потплаќал грчките државјани кои фрлаа камења по архимандритот Царкњас, ги тераа македонските камионџии на најдолни работи, и тој ги потплати грчките власти да го стават вето во Букурешт, бидејќи со сите сили не сака да влеземе во ЕУ.

    Логиката е таа што вели дека ако влеземе во ЕУ, ќе се намали поддршката за премиерот бидејќи граѓаните на Македонија не сакаат да влеземе во ЕУ.

    Од тие причини констатираме дека Караманлис и Бакојани се платеници на Груевски.

    :))))) ЦЦЦЦ.... глупоста е неуништлива!

  • +2 гласови

    Потполно погрешно!!!

    Груевски работи во интерес на регионалните криминални групи (истите кои прават демонстрации против Еулекс во Приштина), во чиј интерес е Западен Балкан да остане Wild West - дивина низ која слободно ќе се шверцува се`: дрога, цигари, you name it...
    Водството на вмро-нпк (ова „нпк“ е значајно) е контролирано од бугарското ООЗТ на криминалните организации. Зошто? Затоа што го финансираа и за (пред)претходните избори, а ќе го финансираат и логистички ќе го поддржуваат и на овие. Само прашајте се од каде е „рекламната агенција“ која го подготвува, и што работеле нејзините сегашни директори...

  • +2 гласови

    Еве, да си довршам: рекламната агенција е од Софија - уште се сеќаваме на комбињата со бугарски написи кои шетаа по Скопје за време на првобитната „победа“ на Груевски, а за нив тогаш јавуваа и нашите медиуми. Нејзините раководители се бивши (а можеби и сегашни) високи офицери на руските и бугарските разузнавачки служби. Ги знам имињата, дури и чиновите...
    Нивната исплата требаше да биде ТЕЦ Неготино, а кога тоа пропадна, Ставревски брзо-брзо отиде во Софија да им ги врати парите, од каде што го исшутираа и му рекоа дека 6 мил. евра се малку... И за оваа „државничка посета“ пишуваше во нашите медиуми, на кои, нормално, им беше сервирана друга причина.

    А *пред* сето ова, се случуваше Балканска банка, НПК ... и други. Нивни сопственик (јавен) беше Мулти-груп, а вработени? 2/3 од сегашната влада.

    Доста ви е? Има уште... ама мене ми е доста, ми се згади.

  • +3 гласови

    Едно прашање, до создавачите на ваквите теории на заговор: Не мислите дека малку народот одолева на објаснувањата за „клетите Бугари“ секогаш кога треба да се нападне ВМРО?

    Чисто онака, не мора мене да ми биде одговорено, бидејќи јас теории на заговор прекинав да читам откако престана да се издава М Експрес.

  • +1 глас

    Воопшто не се во прашање, барем во овој случај, Бугарите како нација.
    Криминалот на Балканот е наднационален и постои братство-единство какво што ни Тито не можел да претпостави. Србин сака Албанци, Македонците Бугари, а сите заедно ги обожуваат Русите.

    А, успат, интересен е knee-jerk рефлексот на вмро-овците кога ќе им ги споменеш Бугарите: веднаш преоѓаат во дефанзива. Фројдовски моменти.
    Нели, секако дека нема врска, само по малку Зокиевци (Тодоровски), ту и таму по некој Тодор Атанасов, а и Протуѓеров не е заборавен.

  • +2 гласови

    A бе такви се вмровците, се` бугарофили тешки. И поврзани со мафијата бугарска, која ги контролира и грчките радикални сили, како и српските. Заебани се бугарските мафијаши нема што...

    Мислам дека тие стојат и зад последните протести во Грција. Сигурно бугарската мафија сака да ја исфрли грчката држава од ЕУ за да има поголема почва за делување. Грција сигурно е интересна држава за мафијашите.

    Според инсајдерските информации Италија е следна од земјите која ќе се најде на удар на бугарската мафија поткрепена од Груевски. Откако Грција ќе биде исфрлена од ЕУ, се очекува оската на злото (буг. мафија+Груевски) да ја вовлечат и Италија, за да може мафијата да ги прошири своите хоризонти...

  • +2 гласови

    Е па сега...

    - Не го наградив јас Зоки Тодоровски. Не го поставив ни за директор.
    - Не молчев јас пред неколку дена кога бугарскиот премиер негираше дека постојат Македонци во Бугарија.
    - Не го поставив јас Протуѓер за генсек на вмро.

    Во владава се големи патриоти само кога се караат со Грците, изгледа...

  • +1 глас

    Е па сега...

    - Не го наградив јас Зоки Тодоровски. Не го поставив ни за директор.
    - Не молчев јас пред неколку дена кога бугарскиот премиер негираше дека постојат Македонци во Бугарија.
    - Не го поставив јас Протуѓер за генсек на вмро.

    Во владава се големи патриоти само кога се караат со Грците, изгледа...

  • +2 гласови

    ...ова дуплово е грешка на Глиша. :)

  • +1 глас

    1. Ни јас.
    2. Ни јас.
    3. Ни јас.

    Само тоа нема врска ни со твоите квази теории на заговор, ни со пропагандата која во Македонија се врши веќе 150 години.

  • +1 глас

    која пропаганда, дека Ванчо михајлов не бил пробугарски, и дека Протуѓеров не бил бугарски царски генерал?

  • +2 гласови

    Фала на провокација - ќе одговорам.
    Ванчо Михајов е осведочен великобугарин, кој работи 100% за буг. кауза.
    Протогеров (така се пишува правилно) е буг. генерал во истата армија каде делувал и Гоце Делчев и ред други македонски дејци... ама пак ќе кажам вашиот црно-бел испран мозок ова нема да го разбере... исто како што некои бугарофили не сфаќаат дека македонското учество во НОВ во Втората светска војна е македонска, а не комунистичка творба...