Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Видеото на кое Павлос Воскопулос на 10.03.2009 на грчка телевизија прозборе на македонски.
станала популарна пред 1 година | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Секоја чест на човеков.
ех 21ви век
секоја чест. прозборе на тв.
Зошто го нема повеќе видеото?
Грешка, со Chrome го отворав :)
ја не признавам ништо додека не прозбори на chrome :)
за сите што ме минусирале патриотски, да дообјаснам - етимологија на Chrome:
The name is derived from the Greek word "chrōma" (χρωμα) meaning color.
Плус Сергеј Брин е родум од Русија. Сите коцки се склопија, имајќи го во предвид традиционалното руско-грчко пријателство.
И ете, со индуктивно резонирање пристигнавме до доказот дека Гугл Хром _свесно_ го цензурира македонското и македонството на интернет. :)
Ова се луѓе кои од мали се учени да шепотат кога зборуваат на мајчин јазик и кои се потиснувани не само од сограѓаните, туку и од системот контролиран од мнозинската заедница.
Голем дел од решението на проблемот со името е конечното еманципирање на Македонците од Егејска Македонија, како и репатријацијата на избеглиците, односно враќање на нивните имоти. Секое нивно излегување во јавност е демонстрирање голема смелост: пред некој ден, на пример, еден поп Македонец, Царкњас, беше осуден на затвор затоа што спречувал група малолетни хулигани Грци, додека му ја каменувале куќата - чин кој му се повторува по неколку пати секоја година. Погодувате, тој е еден од тие кои јавно се декларираат за Македонци, што е основно човеково право.
Се гледа дека со голем напор прозборе на Македонски. Голема е репресијата во Грција.
Па тоа сакам да кажам. Нас тоа ние тешко да го сфатиме како не можеш да прозбориш на мајчин јазик и малкку по малку се потиснува и многу млади Македонци веќе не го знаат својот јазик и не се трудат да го научат, затоа што сегде им носи проблеми. Ова ви го кажувам од искуство.
Тука лежи суштината на проблемот со името, негирајќи ни го правото на името Македонци, Грција всушност сака да го избрише сеќавањето на етничкото чистење извршено во егејска Македонија.
Каков контраст!
Овој таму не може да прозбори два реда на Македонски а кај нас вчера на ден избори во штабот на ДУИ во позадина сите можни знамиња на разноразни држави и организации, само Македонското го немаше. А човекот се кандидира за претседател на Македонија!
Се изнервирав...
Добрeдојде во реалноста на Чаир ! :-)))