Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
МЦМС ја започна својата нова кампања наречена „Донирај од својот персонален данок на доход“. Со кампањата се актуелизираат даночните олеснувања и ослободувања за донирањето и спонзорирањето на проектите од јавен интерес што ги предвиде Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.
станала популарна пред 1 година, 2 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Да, одлична информација. Уште минатата недела го задолжив моето сметководство да види колку максимум можеме да донираме.
Намалувањето на данокот не може да биде поголемо од:
1. 20% од персоналниот данок кој треба да се плати;
2. не повеќе од 24.000 ден.
Сметководството ти одговори досега? ;-)
Во понеделник, ќе ве известам, секако.
Ма не, се зезав, сакав да кажам, службата за сметководство ти пребарува (со денови?) нешто што го најдов за нецела минута од сајтот на МЦМС. Нема везе. :-)
И натаму, да се придружиме сите во донирањето на дел од нашите даноци на оние кои имаат потреба, наместо нашите да бидат трошени на безумни и бескрајни државни реклами.
.
Има една квака, да предупредам. Во законот е многу нејасно наведено дека може да се донира во „разни проекти“. Внимавајте на кого донирате, за да не се случи после УЈП да ви тумачи што е „проект“, а што не е. Најпаметно е, барем додека да се расчистат овие двоумења, да се донира во етаблирани добротворни организации: Црвен крст, Дом за деца без родители или нешто слично...
Ако МЦМС може да ги средува овие работи, треба да видиме дали може нешто околу слободен софтвер да се регистрира како ваков проект.
МЦМС издаде една книшка - водич, која ја имам, и во која се наоѓаат извдаоци од законот и упатства како да се врши донирањето.
Не верувам дека МЦМС на било кој начин „посредува“, дури и не верувам дека воопшто постои некаков званичен список на валидни проекти.
Иако, лично мене, с2мк ми личи на сосема валиден „проект“. :)
Консултирајте се со вашиот книговодител, или со некој експерт за даночна политика.
Да, слободен софтвер би требало да направат проект со кој би аплицирале по фирми за делумно покривање (бидејќи не верувам дека 24.000 би завршиле работа). Потоа да направат писмо - барање за донација, во прилог проектот, ЦВ-а и профил на НВО.
Така отприлика би требало да работи.
Постапка:
1. Склучуваш договор за донација со примателот.
2. Даваш донација.
3. Тој ти дава потврда.
4. Правиш барање за потврда и со тоа одиш во Мин. за правда.
5. Мин. ти дава решение.
6. Во даночната пријава го наведуваш донираниот износ, заедно со решението, договорот, потврдата и документ за трансакцијата.
7. Има и некаков извештај кој излегува по 30 дена, не е јасно.
Да, тоа е постапката, но, како што реков, проблемот може да искрсне потоа, кога УЈП може да го спори валидитетот на „примателот“. Така барем ме предупредија пријателите од МЦМС.
.
Не дека нема да се појават преваранти кои ќе „донираат“ на фантомски приматели и здруженија кои се регистрирани само за таа потреба. Нашиот народ е инвентивен, збор нема.