Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
Тарчуловски 12 години,СРАМОТА.....
станала популарна пред 1 година, 9 месеци | проблем? | кој гласал? | категорија: Вести
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Вистинското прашање е дали Љубе ќе биде следниот претседател на Македонија (ако не заглави во Хрватска)?
Па со оглед на тоа дека ниеден модерен македонски политичар не лежел во затвор за независна Република Македонија, изгледа дека брат Љубе го има тој капитал.
Дали ќе го искористи, ќе видиме следната година.
игор вика дека никој *не* лежел за Македонија.... а изгледите дека Бошковски го има тој капитал се со оглед на пресудата. така тешко дека „воеинте злосторства“ ќе може да се продадат било каде. многу полесно ќе се продаде „жртвата за државата“.
@novica: нема шанси,неопходна е мултиетничка кохезија а тој е последниот човек кој ќе го постигне тоа.
@jpetrov: :) Мултиетничката кохезија е последното нешто што им е потребно на политичките партии за да владеат. Напротив ним раздорот им е императив за да останат на власт, освојуваќи апсолутно мнозинство гласови секој во својот етнички табор.
Според ова брат Љубе е фигурата која им е потребна, колку повеќе омраза толку повеќе секој во својот табор, македонскиот маченик од шевенинген, херојот на загубената војна, ехехее, чекај ќе видиш какви песни, стихозбирки и филмови (упс ова веќе го има) ќе почнат да излегуваат.
Ова се работите како што се, а не како што јас или ти сакаме да бидат.
да да, те разбирам. така е. Српски концепт на глорифицирање на губитништвото.
@igor: А од кај знаеш дека за која било историска личност не е така?
Како ти личи ова за кохезија:
Мора да ги почитуваме жртвите, без разлика на која етничка група или народ му припаѓаат, зошто еден изгубен живот е како да убиеш цел народ, рече Бошкоски. http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vest...
За вас двајца ќе треба да праам карма за коментирање а?
Tell me you didn't see this coming
Хашкиот трибунал се покажува она што бил и отсекогаш - политички суд, суд во кој правдата не е избалансирана и суд во кој им се суди само на одредени „неподобни“ личности. Сосема во духот на курварлукот на Европската Унија.
Жал ми е што беа судени и Македонци - тоа остава дамка на нашата држава.
Но, исто така, сметам дека Бошковски и Тарчуловски се убијци и криминалци, како што се убијци и криминалци „бранителите“ кои ги егзекутираа недолжните имигранти кај Раштански лозја. Историјата ќе потврди дека сум во право.
Петре, македонофоб е некој што се *плаши* од македоните (а?), треба „македономрзец“.
Сам си се прогласуваш со муабетите... никој не те прогласува.
Јас предлагам да формираме иницијативен одбор за формирање Министерство за мрчатори. Доживотен министер ќе биде уан ен' онли Воки. Заменик министер - јпетров, а директор на Дирекцијата за нови кадри - Гемо.
Што па јас реков сега на темава???
jpetrov, ти си супер, уживај. Вака, поуватрено, е боље, јелда воки?
Е, и уште нешто. Предлагам у Шевенинген, да му инсталираме на брат Јохан, Убунту. Барем така да им пркосиме на непријателите, м?
Јас предлагам нешто. Да престаниш да одиш на спремање. Веќе го достигна максимумот и сега си начисто глуп.
Не знаеш ли дека глупоста нема граници, а оттука ни максимус, ни минимус?
ха? стварно? значи сите сме глупи.
некој помалку, некој повеќе?
Брат Љубе е ослободен.
Брат Јохан не е.
Епилог: преку к*ров!!