Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Битката за името се води и на Интернет

пријавена од Troskot пред 1 година, 1 месец. (kubura.com.mk)

На сајтот www.topix.com има форум кој Грците го пуштиле со цел да докажат дека поголемиот дел од светот мисли дека Македонија е дел од Грција. Но, не испадна баш така, почнаа и нашите да гласаат, па сега ситуацијата е изменета.

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • -1 глас

    абе ако треба и 5 пати ќе кликнам за македонија бе :)

  • +1 глас

    Јован, јас кликнав неколку пати овие денови, ама не се чувствувам како нешто да сум постигнал. Завчера „не“ беше со 18%, вчера триес и кусур, денес околу 50 и варира... Особено откако се прошири линкот по фејсбук (и главната форца МК-фејсбукаши седнаа на своите работни места по викендот без интернет)

  • -1 глас

    Многу е важно да се прави нешто. Не престанувајте да кликате.
    Од хакерите - патриоти очекувам да направат упатство за како да се гласа бесконечно многу пати. А од вистинските патриоти очекувам да гласаат дур не заврши битката. И да не забушаваат со читање текстови и коментирање на страна. Секое менување на табот од topix.com е врвно предавство за каузата во овие тешки мигови...
    Само напред!!!

  • +6 гласови

    И што ќе докаже вакво гласање? Кој има подобри хакери - Грците или ние.
    Не гледам цел во ваквите „кликачки“ сајтови.
    Навистина мислите дека остатокот од светот без здив следи кој колку пати кликнал на некаква безвезна анкета која ја поставил некој 15-годишен запален, хормонално дебалансиран пубертетлија? Баш ги заболе.
    Со ова само се срамиме, и ние и Грците (нормалниот дел од нив, барем).

  • +2 гласови

    Вордан, особен впечаток ми остави повикот на Кингпин „многу е важно да се прави нешто“.

    Спореди со точка 3 од есејот на Умберто Еко за „...култот на акција поради акција. Бидејќи акцијата се смета за убава сама по себе, таа мора да се презема пред, или без, да се размисли за неа. Размислувањето се смета за нешто што ја одзема машкоста.“
    http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=...

  • +1 глас

    Ах, недовербата кон интелектуалците ...
    Ова често го препрочитувам деновиве. Како Еко да се телепортирал во денешно време во Македонија за да го напише „Ур-фашизмот“.

  • +1 глас

    афаик кингпин го беше заборавил /сарказам тагот .. или барем едно навестувачко смајли.

  • +1 глас

    :-)

  • -1 глас

    Точно е. Може стварно ништо нема да докажеме со анкетава. Ни со оваа ни со следната. Можеме дури и само да си седиме и да гледаме како грците си играаат со нашиот идентитет оти ни е под ниво да се расправаме со секој на интернет. Ама после некоја година и стотици анкети кога ќе се свестиме дека сите размислуваат како грците тогаш да не биде малце доцна да се превземе нешто а?

  • +1 глас

    ако светот функционира според интернет анкети тогаш било како лошо ни се пишува .. на светот генерално

  • +2 гласови

    Битки за името на интернет се водат од 1995, а веројатно и порано од Македонците од дијаспората. Дека некој нов портал открил топла вода ич воопшто не е интересна вест.

    Троскот, Кингпин и Нела: животот ни е краток и конечен. Дали ако веќе сакате да посветите дел од своето ограничено време на овој свет за борба за Македонија, имате предлог што би имал реален ефект?

  • +1 глас

    Баш заради тоа што се водат битки за името на интернет, војната на тоа поле уште не е загубена. И додека не ми текне „предлог што би имал реален ефект“ ќе војувам на овој начин.

  • -1 глас

    Можеш, на пример, да гласаш за оние кои би го решиле проблемот.
    Или, не дај боже, да се активираш во некоја НВО која промовира граѓански и интелектуални вредности.

  • +4 гласови

    За да ставам капаче, уште нешто:
    За каква „битка“ зборуваме овде? Која е целта на оваа битка? Дали победникот зема сѐ (сосе златото од кралската ризница)?
    Проблемот кој го имаме со Грција може единствено да се заврши со решителна акција на преговарачите - во случајов актуелната Влада. Нема друг излез, и нема да го има. Освен ако во Грција не фати епидемија на птичји грип или беснило, па испоумрат сите тамошни будали.

    Со мавање во гради се добиваат само модрици.
    Тоа го практикува и сегашнава власт затоа што има луѓе кои се палат на тоа.
    Полека, но сигурно ги изгубивме сите пријатели од надвор, кои, како што порано им се смееја на блесавите Грци, сега ни се смеат нам.
    Заклучно со коњот на плоштад кој ќе ги пее песните на Свети Тоше.
    Алооо! Освестете се!

  • +2 гласови

    Ова „ѐ“ го вадиш преку кратенка некоја, имаш таква тастатура или еденоставно правиш copy-paste од character map?

  • +1 глас

    Стискаш „`“ па „кирилично е“. Во линукс.

  • +1 глас

    1. Прв начин: преку мојот HTML Keyboard (http://agora.org.mk/goodbytes/char/).

    2. Втор начин: со внесување код за : egrave;. Се надевам дека -то ќе испадне ОК. :-)

  • +1 глас

    Не оди, очигледно амперсандите автоматски се конвертираат од Кајмакот. Треба знакот „енд“ (шифт + 7), по него „egrave“ на латиница, и на крај точка-запирка.

  • +1 глас

    Goodbytes, egrave е погрешното решение... иако таа буква можеби личи исто со кириличното ѐ ... тоа *не е* истата буква, ниту го има истото значење.

    http://www.unicode.org/
    http://www.unicode.org/charts/PDF/U0400....

  • +1 глас

    Може и со стискање на alt+0232 кога сте на латинична тастатура.

  • +4 гласови

    Цел македонски интернет простор е запален по анкетава...
    Исти машки полов орган ко она шо беше најјака држава, кликај за својата држава...
    Ништо не си постигнал освен што те заболел прстот од кликање...
    Ако се бранеше вака држава и ако се докажуваше вака нешто...

  • +3 гласови

    Од ова може да се направи продолжение на филмот 300. „Борбата до последниот клик...“

  • -1 глас

    главен пресврт е кога го откриваат гелот против RSI/CTS

  • -1 глас

    грешка, битки за името не се водат од 95та, туку од 295та пне. Уште нашите големи учители сѐмакедонски од редот на Аристотел и Конфучие расправале со клетите грци и притоа користеле анкети и организирале трибини и правеле споменици што пеат. Ништо ново...

  • +4 гласови

    И министерот Иво Ивановски повикува на клик патриотизам http://twitpic.com/1i4pz

  • +1 глас

    „покушава“ ?!?!