Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Безобзирна грчка пропаганда во Скопје!

пријавена од Lavot пред 1 година, 3 месеци. (www.taratur.com)

Скопје деновиве е преплавено со таканаречен Проглас на Словенската филхеленска мрежа, пропаганден леток кој се обидува да ја оправда нацистичката политика на Грција врз Македонците, и притоа да не прикаже нас како виновници.

проблем? |  кој гласал? |  категорија: Вести

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    никаквеци! Во ова свето време за нас Македонците кога просто пливаме во реформа и прогрес. срамота!

  • -1 глас

    Што има врска реформата со странските пропаганди, дај просветли ме. Во Македонија платени пропаганди функционираат најмалку 150 години. И, можеби борците против странските пропаганди во 1896г. се прашувале за економските реформи на султанот Хамид Втори.

  • -1 глас

    тогаш турците ни ја бркале таа работа.

  • +1 глас

    Не бркале Турците ништо, ама тоа е друг муабет. Мене не ми е јасна апатијата која владее овде кај неколкумина членови, кога е во прашање македонскиот национален интерес. И со кој ум се става во иста реченица: економските реформи на власта со проблемите што ги трпи македонското општество од странските пропаганди кои траат без разлика на тоа кој е на власт во Македонија.

    Македонските интереси треба да бидат интерес на секој граѓанин... ама за да се сфати тоа треба да се има минимум мозочни вијуги.

  • -1 глас

    и обратно, интересите на секој граѓанин треба да бидат интереси на државата. а за тоа да се сфати треба наместо членска карта да се читаат книги.

  • +1 глас

    Дај предложи ми неколку наслови ќе те молам.

  • -2 гласови

    http://en.wikipedia.org/wiki/Karl_Marx ;) Малку за деконтаминација.

  • +2 гласови

    Чинам дека (во голема мера) зад овој проект стои извесен Васко Глигоријевиќ, кој на блогот ми остави прилично провокативен коментар во постот за Предавањето: Славни ликови од античката историја на Македонија. Истата персона на фејсбук ми остави линк до следново видео.

    http://www.youtube.com/watch?v=xuCDwfUlr...

    Само не знам кај ме најде баш мене, кога јас сум покажала многу пати досега дека сум имуна на турбо-фолк идентитетот. Не дека не треба да се зборува или пишува за него, но стварно ова со "идентитетот" од лајтмотив, со текот не времето премина во лејммотив благодарение на секакви квази-појави.

  • +1 глас

    1. Не би рекол дека Скопје е баш „преплавено“ оти јас немам видено ниеден ваков леток, ниту пак некој од луѓето со кои редовно комуницирам на политички теми ми ги има споменато.

    2. Лавот, мислам дека не прави разлика ако некој пропагира нешто за пари или од други мотиви. Важен е ефектот.

    3. На летокот се наведени два сајта, од кои едниот не работи, а на другиот во импресумот стои само тоа име кое може и да е лажно. Во секој случај не ми остава впечаток дека постои таква организација, кредибилитет нула.

    4. Во последно време имаше неколку кампањи со исто така „непотпишани“ плакати и летоци со цел предизвикување чувства на разни осетливи теми, од контра абортус до кај да не се летува. Кому ли му користи ако кај населението во Македонија се зголемува омразата кон соседите?

  • -1 глас

    3. Упс да се исправам, работат и двете адреси од летокот, а на првата е ставена и адреса на организацијата.

  • -1 глас

    Развигор - ние сме во студена и психолошка војна со нашиот јужен сосед. Но, несакајќи да го увидиме тој факт губиме на разни фронтови. Околу тоа, какви негативни последици може да донесе на психолошки план, пораз во оваа војна, можам да се потрудам да објаснам во некоја прилика, само не верувам дека луѓе кои како линк ми го даваат Карл Маркс, ќе ме сфатат. Впрочем, безобзирните комунисти газеле и ќе газат и на телата и на душите на луѓето само за да владејат.

  • -2 гласови

    За конкретнава проблематика:
    Грците се силни затоа што не се двоумат да реагираат. Тие за тоа што беше запрен еден нивни автобус на граница расправаа во Парламент и ги пратија Фуеревци и Реновци да не испеглаат. Од друга страна, тие граѓаните ни ги направија од лајно подолу, а ние се уште им одиме на одмор... Кај нас нема полемика, покрај другото и од уплашените зајаци кои овде прилично ги има во голем број.

    Тие не пеглаат на секој чекор, и во меѓувреме плаќаат фаци овде да шират дефетизам, да пропагираат дека не сме смееле ние да се буниме, или не дај боже да ги тужиме, оти тие се догма - светата столица атинска....

  • -2 гласови

    АМИН!

  • -2 гласови

    поише знаеш за грците него за македоците а?

  • +1 глас

    А, ти повеќе знаеш да поставуваш глупи прашања отколку да си го ставиш прстот на тимбата?

  • +3 гласови

    еј па го прочитав прогласот.. не е ништо посебно но има некои интересни тези, кои за жал на сајтот таратур не се воопшто аргументирано презентирани, туку само се плукало по авторот на прогласот.

  • +3 гласови

    А да не треба да им честитаме на оние кои газат по македонското национално достоинство и кои ја извртуваат македонската национална историја, манипулираат и се дел од пропагандата за која борејќи се, пред сто и кусур години загинале илјадници Македонци?

    Сигурно си видел на Си-Ен-Ен, Би-Би-Си или Фокс, кај што „аргументирано презентирани“ се ставовите на ирачките бунтовници, Ал Каеда или либанските екстремисти можеби...

    И гледаш на Си-Ен-Ен, експерти како образложуваат: Па добро, можеби кога ќе се земе предвид дрн-дрн, дрн-дрн, можеби овие муџахединиве и се борат за подобро утре на американските граѓани...

    На Таратур има еден екстремно успешен фото серијал со наслов: А, бе ај не заебавај!

  • -4 гласови

    друже got a grip, за 10г. нема да има Македонија.

  • -1 глас

    И сега ние само треба да го чекаме тоа, така?

  • +2 гласови

    Кој ти рече? Едвард Џозеф?

    Тоа би било исто како да ти речам - за една година ќе бидеш мртов. И што ќе направиш?

  • +1 глас

    Мислам дека треба да се гласа за страницава на кајмакот. Во спротивно сите помалку или повеќе познати појави во општествово ќе поминат незабележано. Што вреди вашата дискусија ако за 2 дена отиде текстов во ,,бајат" и како што нема пребарувач на кајмакот, веднаш ќе се заборави како и да не постоел. Или тоа е целта, да се стави реалноста на ignore?

  • -1 глас

    е па арвена,замина текстов како ``бајат``(не компатибилен-интересен за корисниците на кајмакоф).
    а пак на развигор не му било сеедно дали некој намерно или не, му упадне на неговиот посед и сака да го
    узурпира,значи ако случајно развигор биде опљачкан-но проблем,ама ако не е случајно мамата мамина че му ја расплаче....
    абе вакви проблеми не ве тангираат,да излезете на улица да протестирате и да им дадете поддршка на револтот што што се манифестира низ цела европа а почна од грција -ИЧ
    абе УПМ,ШТО САКАТЕ???