Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

е-Општество.мк: Едукацијата е важна за сите

пријавена од Damjaan пред 1 година, 4 месеци. (it.com.mk)

Целта е да се научат методите, а не фактите да се учат на памет, вака Марјан Гушев од Фондацијата Метаморфозис ја објасни темата „ИКТ во образованието“ на овогодинешната конференција е-Општество.мк (e-Society.mk) која се одржа на 10 Декември во хотелот Холидеј ин во Скопје.

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +4 гласови

    Интересно е како ниту од министерството за образование, ниту од министерството за информатичка технологија не знаеа дека постои синтетизер на звук за Еdubuntu-то кое е инсталирано по компјутерите во средните училишта.

  • +1 глас

    тоа ќе го пишував во извештајот за на сајт.

  • +3 гласови

    Исто така, интересно е што не беше поканет никој од оние кои треба да го направат она што ќе биде заклучено дека е потребно.
    Погодивте - мислам на претставници на ИКТ компаниите, и на телата кои ги застапуваат. За ИКТ комората можам да потврдам дека не беше поканета, а мислам дека е слично и за Масит.

    Тие што не знаат што и како треба да се направи (државните службеници) си се убедувале со оние кои не можат тоа да го направат (корисниците). Оние кои знаат како да го направат тоа што треба никаде ги немало.
    Така, муабетот си бил филозофски, онака - чамче ...

    Понекогаш се прашувам дали ваквите средби се прават само за да се добие „чекиран ајтем“ кај донаторите...

  • +2 гласови

    Знаеш што е најинтересно? Немаше донатори. Којзнае кај ја „чекирале“ штиклата :)

  • +2 гласови

    Кај себе ја чекирале...
    Забелешката останува - со или без донатори.

    БТЊ, можеби за овој конкретен настан немало донатори, но Метаморфозис е непрофитна организација, а претпоставувам дека не се финансира од некакво големо „производство“, туку воглавно од проекти и донатори.

    БТЊ2: ја следам нивната работа од нивното воспоставување и сметам дека даваат вреден придонес со нивните активности. Освен понекогаш, нели.

  • -1 глас

    "Целта е да се научат методите, а не фактите да се учат на памет, вака Марјан Гушев"

    Ако некој присуствувал на предавањата на Марјан Гушев, или правел семинарска или дипломска кај него, многу добро ќе знае што значат тие зборови од негова уста. Само за да го минимизира времето посветено на студентите, на ИИ/ПМФ има multichoice системи за полагање испити. Па ако така се учеле методите ... не ќе бевме таму кај што сме.