Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

За мали лаптопи, големи 10 млн. евра

пријавена од глиша пред 1 година, 3 месеци. (utrinski.com.mk)

Владата набавува 75 илјади мали лаптопи во вредност од над 10 милиони евра, кои се очекува учениците да ги добијат најдоцна до крајот на учебната година.

станала популарна пред 1 година, 3 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +6 гласови

    ... откако успешно ги испорачаа 100-те илјади компјутери, без сомневање ќе успее и ова.
    Се прашувам само која превара ќе ја измислат сега.

  • +2 гласови

    Немам информации, а ти ми делуваш повеќе од доволно добро информиран. Па ете, во име на вистината: колку вкупно компјутери од ветените 100.000 се поставени во школите?

  • +1 глас

    Проектот „Компјутер за секое дете“ е само уште еден показател на колку ниски гранки ни е паднато целото образование... прочитајте во текстот: се краде опремата, не се користи, наставниот кадар е во поодминати години и има одбојност кон компјутерите, сеуште не постои образовна програма и софтвер за нејзино спроведување и слично.

    Тука уште не се ни спомнати сериозните инфраструктурни проблеми кои некои училишта ги имаат, кои секако треба(ло) да добијат приоритет пред компјутеризацијата. Побогу, во училиштето каде учи ќерка ми тоалетите смрдат на 100 метра, а учителката само крева раменици кога ќе реагира некој родител! Битно платите ќе им се покачат, за 3 часа на ден и третина година на распуст.

  • +4 гласови

    Мојата претпосавка е дека не се поставени повеќе од 20.000 компјутери.
    Велам „поставени“, а колку се употребуваат? Веројатно само околу 20%.

    „Фонко“ (добитникот на тендерот) и „Акцент“ (фирмата за инсталирање, позната и како фирма на министерот за образование Перо Стојановски) се само дел од синџирот на организиран криминал кој им попречи на нашите деца да работат со компјутер на училиште.

  • +1 глас

    Прашањето е колку ќе останат?

  • +3 гласови

    Да не знае некој финта за вадење „второ одделенски легитимации“ па да џапнеме и ние по некој лаптоп? :)

  • +1 глас

    Каква глупост(или паметен криминал), компјутер за секое дете не го завршија ко што треба сега и уште еден проект ќе почнуваат нов проект.

  • +1 глас

    24ч. влада, Маки !! кај си!! :)

  • +2 гласови

    И дали после легендарната прва земја со безжичен интернет ќе се здобиеме и со епитетот прва земја со повеќе од еден компјутер по жител.

  • +1 глас

    Штета, да беше барем по една лопата или книга по жител.

  • +1 глас

    Врска немаш. Ќерка ми на 3 растур прави на тачпад, сурфа на youtube, сама пушта nickjr.com и ги игра сите игрици, знае кај и се сите цртани у media center, збори англиски и учи букви на латиница. На 4 години ќе го има својот прв компјутер. Повеќето другарчиња истото го прават.

    На 5 ќе знае да користи google и wiki. Лаптопчето супер ќе и дојде за у школо.

  • +1 глас

    Дали момциве знаат дека деца од прво (па и второ) одделение не ги знаат буквите, не знаат да пишуваат и читаат. И овие им бутнаа лаптопи. Е не се нормални стварно!

  • +1 глас

    неможам да смислам ни пример за што би биле корисни тие лаптопите... :)

  • +1 глас

    не сакам да сугерирам дека тоа што се планира е добро или лошо, но бидејќи има коментари дека децата не ги знаат буквите и сл.ви предлагам да го ѕирнете Негропонте на ТЕД во 1984 г. http://www.ted.com/index.php/talks/nicho...

    Најдете го делот кај што објаснува како тој отркил едно детенце кое според учителите било проблематично и не знаело да чита/пишува, но сосема добро се снаоѓало на компјутер.