Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Wifi мрежи во Скопје (дел од Скопје)

пријавена од глиша пред 1 година, 1 месец. (glisha.googlepages.com)

Мапирање на wifi мрежи со слободни алатки (kismet, gpsd, python) и Google maps.

станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    јас ги имам 5000 до сеа. од кои 50% се wpa, 20% wep, 30% отворени.

    користиш некаква триангулација да ги ставиш на мапа? кава антена имаш?

  • +2 гласови

    Антена, триангулација? :)

    Bluetooth GPS во кола на шофершајбна и kismet кај што му било max_lon/lat е центар, min_lon/lat е радиусот. Прецизноста не е баш јака страна туку можност и достапните слободни алатки да се измапира. Ако се оди пешки ќе биде прецизно мислам.

    Инаку ти ме заинтересира на времето т.е. Гиле и Дамјан што 2006 на Installfest ти инсталираа на лаптоп некој гармин гпс. Би било интересно некогаш на СподелиЗнаење да дојдеш да споделиш . :)

  • +1 глас

    Сакаш да имаш добра антена да ги фатиш повеќе. За триангулација нјдобро ми се виде http://www.mytty.org/kisgearth/ - перл скрипта која демек со доволно податоци (warwalking) ќе ги стави AP-ата у радиус од 5 m. Не сум пробал, а и некако невероватно ми е дека ќе се снајде толку добро со multipath. За под windows добри полигони прави http://www.rjpi.com/knsgem.htm со тоа што го позиционира АП-то на местото каде што го регистрирал со нај јак сигнал.

  • +1 глас

    За сподели знаење може да договориме нешто. Ќе биде интересно да се види google earth како алатка за менаџирање со безжични мрежи. Само уште спектрум аналајзерот да го пропеам со kismet некако :)

  • +1 глас

    глиша полн си прекрасни изненадувања, следно би било фино да врвиме кај сите WEP и да ги кракираме :))

  • +1 глас

    да го прави ова секој во свое маало, супер ќе биде на иста мапа да ги има сите.

  • -1 глас

    Што е толку супер ако ги имаш на мапа?

  • +1 глас

    Што фајде да ги имаш кога се затворени. Може оние што се отворени или оние со WEP за да им ги кракне некој.

  • +2 гласови

    Да ги има сите заедно сосе (веќе кракнатите) wep клучеви.. па кој не е информиран нека споделува интернет со тие што се информирани. :)

  • +1 глас

    А да се помачиме сите задно, па да направиме корисна мапа на која ќе ги има обечежано оние мрежи ко иде факто може да се користат.

    Има доста кафиќи и ресторани кои имаат лозинки, ама ги даваат ако побараш.

    Значи да ги ставиме сите отворени и сите вака достапни мрежи со нивните лозинки?

    Сепак за ова не е потребна толку технологија колку една фина платформа за колаборација :)