Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Веб сајтот на BBC...Нова Македонија де!

пријавена од Damjaan пред 1 година, 8 месеци. (it.com.mk)

Неодамна обновениот дневен весник Нова Македонија конечно, како што му доликува на еден таков медиум си доби и нов веб сајт. Се супер... освен што сајтов не е воопшто оригинален и иновативен и е само бледа копија на сајтот на BBC, секако занемарувајќи ја интерактивноста, опциите за прикажување...

станала популарна пред 1 година, 8 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Не ја гледам баш сличноста. Полошо е тоа што нема РСС (или јас уште не го најдов :)

  • +1 глас

    Одговорот е во креаторите на порталот (види долу десно). Не сум видел асолен сајт од нив, а некако чудно ги имаат сработено сајтовите за 3 дневни весници.

  • +1 глас

    Па добро, мајку му...
    Ако веќе ги мрзи сами да дизајнираат, зарем е толку тешко од Template Monster или од некој од стотиците други продавачи на дизајни да се најде некаков сајт?
    Катастрофа!

  • -1 глас

    Груевски е крив!

  • +1 глас

    Никаде нема ни информација за редакцијата, кои им се уредници и слично.

  • +1 глас

    Слеп сум има. :)

  • -2 гласови

    На страна што целиот весник е полициски инспириран.
    Кругот се затвора - иако приватна, НМ е повторно во канџите на „службите“.

  • -2 гласови

    a бе одма се јавивте вие од Утрински!
    Муабетов е за сајтот, а не за содржините во весникот.
    А Логин системи инаку биле архитектите :)

  • +1 глас

    тоа што НМ не знаат што да нарачаат е едно, а тоа што логин не можат подобро е друго.
    и двете доведуваат до вакво решение..

  • +1 глас

    Знам уште неколку промашени проекти на логин.

  • +1 глас

    Не ја бранам НМ, ни ми треба, ни ја сакам, ни ја читам, само ептен сте провидни со „утринските“ коментари во секоја прилика, имам чувство дека со Емилијан Станковиќ комуницирам овде на Кајмаков.

    Инаку за Веб-Архитект, во право си, корисниците требало да ги исшутираат од старт затоа што врска немаат од животот!

    Впрочем сериозно ова - знае некој асолен сајт излезен оттаму?

  • -1 глас

    Уште да има некој кој ќе умее да нарача сајт во редакциите.

    Сум комуницирал со добар дел од нив, и ептен е тажно колку неписмено, малку и несериозно му се посветува внимание на онлајн изданието.

    Пишав и во краткиот пост кај мене, дека редно време е да се потруди некој да им продаде вистински CMS, ама за тоа ќе треба да се појави некој кој ќе биде спремен и да плати :)