Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.
Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.
Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.
Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.
"Во кратки црти, според мене најдобрите анимирани филмови што сум ги гледал, но и неколку што допрвин треба да излезат а имам добро претчуство за нив... филмовите ќе ги подредувам по година на производство, со дадена слика и трејлер."
станала популарна пред 1 година, 1 месец | проблем? | кој гласал? | категорија: Технологија
За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.
Млад автор на текстот, очигледно - сите се од последнава декада. Иако, листата е одлична, се согласувам дека се добри сите посочени (освен еден-два, кои не сум ги гледал).
.
Но, ќе ви кажам за друго, поскудно време, кога светот беше помал, и кога гледањето на фул-колор анимиран филм беше нешто што се чека цела година (и тоа не секоја година), а се помни цел живот.
Пинокио, Бамби, Снежана и седумте џуџиња, Том и Џери ... беа вистинска експлозија на бои, музика, полн звук и одлична забава во времето кога имавме црно-бел ЕИ Ниш телевизор со еден канал (вториот дојде кога бев поголем).
Денес, секоја година излегуваат по седум-осум нови анимирани филмови, гледачите се презаситуваат и брзо забораваат.
.
Ух, јебига, се чувствувам старо...
добрите цртани остануваат засекогаш. разликата е сеа што децава имаат хард диск од 0,5 тера, тастатура и можност да упалат телевизор кога ќе станат од спиење.
на ќерка ми омилени и се: снежана, малата сирена, убавицата и ѕверот, заспаната убавица, кралот лав, шрек, немо. од кратките dora the explorer (од овој цртан научи англиски на 3 години боље од груевски на денешен ден) и спанџбоб.
книга за џунглата е расистички, не е добар за деца.
Том и Џери не можам да ги поднесам.. ваљда премногу сум ги гледал ко мал..
Incredibles
Кај мене дома најмногу се гледа Bee Movie, Cinderella, Shrek 123, Toy Story 12, Monsters Inc, Wall-E. Прекрасни филмчиња.
Точно е дека недостасуваат некои постари работи на листава, а од краткометражните би ги спомнал и старите добри ствари од Хана Барбера, загрепската школа па и полските и руските цртани филмови.
Штрумфовите!!!
овде има излистано и филмови кои допрва треба да излезат. чудно.
90% од оваа листа од Disney филмови се феноменални, другите се OK за гледање.
Го нема Hayao Miyazaki?
Нема аниме :(