Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Телекомот е во деталите

пријавена од sead93 пред 1 година, 7 месеци. (www.t-home.mk)

Нова понуда од ТК за кои неограничено и 10 саати се исто: Неограничени разговори кон 10 држави > За неограничените меѓународни разговори важи политика на фер користење која подразбира телефонски разговори од 10ч. месечно, по надминувањето на овој праг, разговоритe се наплатуваат по редовни цени.

станала популарна пред 1 година, 7 месеци | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    100 часа месечно, а не 10. А тоа за „неограничен“ интернет сообраќај им е навистина глупаво.

  • +2 гласови

    Моја грешка... сум гледал за Call & Surf Comfort+.

  • -1 глас

    Call & Surf & Pay Discomfort- TurboMax :)

    Се гледа работи маркетинг машинеријата. Добро, и онака немаат сериозен конкурент а ете 2009 ќе биде уште некој месец.

  • -2 гласови

    Фала за линкот. Тукушто ми завршува договорот со Он.нет и секако мислев да земам АДСЛ. Вака ќе ми дојде АДСЛ + телефон за (flat) 2.500 ден месечно, што е помалку од тоа што би го платил за двата сервиса посебно, како што и планирав.

    Одам утре сабајле и се префрлам. Оп, рекламица за Т. Сега и попуст ќе им побарам. ;-)

  • +1 глас

    И јас го продолжив договорот. Да направам сметка деновиве можеби ми се исплати и пакетов. ОнНет *** да јадат.

  • +1 глас

    Јас имам моментално 4Mbit линк и 30Gb на Он.нет.
    Сеа ќе си го земам телефонскиот број од Т-Фак и ќе си одам за секогаш од кај нив, а тие 826 ден. нека им бидат последни од мене и аир да не видат од нив.

    А во Онтел ме чека 10 Mbit ADSL 2 линк, флет пакет за интернет (и онака не трошев повеќе од 15GB) и 300 мин кон другите оператори за само 1500 ден месечно.

    Изглеа некој друг го изел ***-от.

  • +1 глас

    Е личен избор де! Не мора со к**ови да се раните...

  • +1 глас

    @gocem: Па глеаш дека телекомите со ***-ови ги раниме. ;-)

  • +1 глас

    За она што мене ми треба, немам избор - Телеком :(
    Он.нет се сеуште суб-стандардни со нивото на поддршка, а кабелските оператори не можат ниту телевизиските канали да ги оправат, а камоли интернет врските...
    Меѓутоа, она што не ми е јасно е дали ако се претплатам на некој од новиве „комбинирани“ пакети ми следуваат истите права како и со АДСЛ2+ (или како веќе се вика мојов сегашен пакет). Мислам, дали добивам автоматски надградби (како последнава од 1. септември).
    Ќе морам да прашам и да видам...

  • +1 глас

    На лигушите од „Т“ повеќе не им верувам. Побрзо со гулаби ќе комуницирам отколку со нив.

  • +2 гласови

    Update: прв ден од оваа промоција, одам во продажен салон во Охрид, тетката појма нема. Пет пати ми понуди да ми даде флаер (наводно и' стоеле во пакети, дошле сабајлето), и јас пет пати и кажував дека НЕ сакам флаер, дека сум информиран од сајтот и дека дојдов да го ЗЕМАМ „Call & Surf Comfort +“. На крај не завршив работа. Чекаме Телеком да си ги обучи вработените. :-)

  • +2 гласови

    Јави се на 171 и ќе завршиш работа телефонски. Јас веќе чекам да ми јават за инсталација на опрема. :)

  • -1 глас

    Успеав да потпишам договор денес. Пак со малку дриблање, ама не е толку важно. :-)