Што е Кајмакот?

Кајмакот е интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни интернет статии од македонски страници или македонски автори. Интересните статии испливуваат на површина со гласање на уредниците - урeдници сте вие посетителите.
Повеќе.

Свежи страници

Гласајте за штотуку објавените страници и направете ги популарни.

 

Пријави страница

Пријавете интересна страница за да ја споделите со останатите.

Кајмакот се пензионира на 10.04.2010. Ова што го гледаш е статичка верзија преземена на 10.04.2010. Од април 2007 до април 2010 на Кајмак.от се регистрираа 1.449 корисници и пријавија 5938 страници. Гласаа 58.519 пати и 2.517 страници станаа популарни. Од април 2007 корисниците коментариаа 14.889 пати и 11.641 пати гласаа за туѓите коментари на страниците.

Според мене најкорисниот Firefox додаток [MK & EN]

пријавена од zlochko пред 1 година. (www.dogon.biz)

Zotero [zoh-TAIR-oh] е бесплатна, лесна-за-користење Firefox надоградба која ќе ви помогне да собирате, управувате и да ги цитирате вашите истражувачки извори. Таа живее таму каде што и ја вршите вашата работа - во самиот веб прелистувач.

станала популарна пред 1 година | проблем? |  кој гласал? |  категорија: Технологија

За да коментирате треба да се најавите или регистрирате.


  • +1 глас

    Го користам веќе една година. Новата верзија поддржува синхронизација и складирање нa документи на WebDAV сервер што ми се виде ептен корисно.

  • +1 глас

    Дали може да се најде бесплатен WebDAV сервер? На кој начин Zotero ја врши синхронизацијата? Дали ја префрла целата библиотека или само измените, те. новите цитати и референци кои ги има локално, а не и на серверот?

  • +1 глас

    Ej... абе box.net можел како WebDAV да се користи! Јуху! :)

  • +1 глас

    И јас го користам box.net. Синхронизацијата ја прави само на промените колку што можев да приметам. Не ја префрла целата библиотека секогаш ако мислиш на тоа.

  • +1 глас

    WebDAV како протокол подржува delta v, т.е. баш тоа, праќање само на измените.

    е сега прашањето е дали е тоа имплементирано во екстензијата и box.net

  • +1 глас

    многу бе 1.8 мега за една екстензија?!?

    со scrapbook не ли се добива слична алатка?

  • +1 глас

    Zotero може да експортира референци во BibТeX формат. Башка автоматски ги препознавна мета-податоците од Google Scholar, Amazon итн.